Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
Не знам дали е мајтап али ми кажуваа дека ваучерите за мобилни на кои пиши 100 денари - ги продаваат за 150, а едно од децата пред година две на екскурзија во Охрид зеде лименка кока кола од продавница. Оригинално испечатената цена 25 денари со маркер пречкртана и напишано 30 денари
Не знам за ваучерите не коментирам пошто не знам, а за кока кола не ме чуди и кај нас сум сретнал исто :D Сами си праат "Се ќе сторет Охрид да не дојдет"
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ама Охрид ништо не доби од тие гужви. Реално да си правиме муабет, тоа беа туристи кои ќе се распостелеа на плажа со скара и со патлиџаните пиперките, половината беа сместени кај роднини пријатели....
Тогаш имајте месеципол туризам со 25 евра вечера.
Знаеш зошто Охрид е сиротињско место за одмор? (зборам за западни туристи)
Зато што еден пристоен ручек (тие у ствари јадат кон 6-7 то е таа вечера) во Холандија ќе го фати 60-120 евра. 25 евра овде со “најелитно“ вино е како на времето кога одевме Бугарија со работничка плата и се прскавме со шампањ на плажа или закупувавме цал ресторан само за нас.
Туризам е кога тој што ќе дојде, ќе плаќа поскапо од она што го троши дома, туризам е кога туристот ќе штеди за да оди на некоја туристичка дестинација. Холанѓанецот со идењето во охрид ЗАШТЕДУВА. му се исплаќа, ќе заштеди по 50 евра дневно само за јадење - 10 дена - 500 евра.
Нискобуџетен туризам за ниска средна класа
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.689
Баш се погодив да бидам 4-5 дена у Охрид и вчера се вратив па ај да дискутираме за цени. У кадмо 250 денари ред бул, чисто информативно пакет од 4 лименки е 300 и нешто. На базен идам и седнуваме да јадеме у ресторанчето до базенот. На менито стои: Помфрит 60 денари, Помфрит со кечап и мајонез 80 денари.
У маркет нескафе лименка 120 денари истото у секоја можна бензиска и у Скопје е 90 денари. Возење со брод 600 денари и нагоре, тоа беше пред 10 години. Никој веќе не наплаќа туку профит вадат од пијачките на шанк.
Цигари шо у скопје се 110 у Охрид 135. Немој да ме јебеш жити све.
Каде тоа, во кој маркет, во Тинекс, Рамстор, или во некое локално, нашки речено до газот што ти е? И пред Кузман продавницата една милка е 65 а 50 метри подолу имаш Веро каде што можеш да ја купиш за 50. Возење 600че до Св.Наум и Поградец, повратна карта. Со автобус ти е до Св.Наум 90 денари во еден правец. Правиме муабет за релација од 30 км.
Лет и мене ми се десило во Гостивар да ми наплатат лименка 40 денари, со означена цена 25. И?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Бравос @Let 3 Ама треба да се има свест, ако ти е скапо менито, бујрум, на други места. Мене би ми било срам да седнам во ресторан и да држам маса за 200 денари. Тоа е тоа што го зборам цело време, дека чаламот кај нас е голем, ќе седнам кај што немам пари ама ќе се чекирам на фб за да ме видат. Јас немам пари Скопје да седам во стан и седам во студентски. Значи испружи си ја чергата колку што ти се долги нозете.
.

Јас пробав да бидам охридско - туристички апологет, меѓутоа оваа директна констатација ги менува работите.
Не знам од кога Охридските кафичи можат да се споредат со елитните на Шанселизе, каде што не личи да не напрајш “мала“ сметка (чак и дрес код строг имаат). Чим е таква работата, пред влезот во кафичот напишете „ак не напрајте сметка појќе од 500 не идајте“. Барем да се знае.

И затоа што луѓето почнаа да ја испружуваат чергата колку што им се долги нозете, затоа Охрид го заменија со... било кое друго место во Македонија и регионот.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.689
Тогаш имајте месеципол туризам со 25 евра вечера.
Знаеш зошто Охрид е сиротињско место за одмор? (зборам за западни туристи)
Зато што еден пристоен ручек (тие у ствари јадат кон 6-7 то е таа вечера) во Холандија ќе го фати 60-120 евра. 25 евра овде со “најелитно“ вино е како на времето кога одевме Бугарија со работничка плата и се прскавме со шампањ на плажа или закупувавме цал ресторан само за нас.
Туризам е кога тој што ќе дојде, ќе плаќа поскапо од она што го троши дома, туризам е кога туристот ќе штеди за да оди на некоја туристичка дестинација. Холанѓанецот со идењето во охрид ЗАШТЕДУВА. му се исплаќа, ќе заштеди по 50 евра дневно само за јадење - 10 дена - 500 евра.
Нискобуџетен туризам за ниска средна класа
Зошто тогаш пола Македонија се буни дека цените биле високи? Знаеш зошо, затоа што се тргнува во Охрид кога се нема пари за друго место. Колку да се истера еден одмор. И пак тој Холанѓанец кој наводно заштедува ( зошо во Холандија секој оброк му е во ресторан, нели ) троши повеќе од Македонецот.
 
Член од
2 март 2014
Мислења
44
Поени од реакции
19
Охрид пропаѓа туристички ама затоа Струга расте туристички полно е од Германци, Холаѓани, Срби, Бугари а гледам и многу од нашава Македонија идет Струга на одмор и се баш задоволни со оглед на тоа што колку и да сите го оспоруваат сепак Струга си го враќа изгледот што и доликува на еден ваков град
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Проблемот со Охрид не е до цените колку што е до народот. Има Тинекс, Дон, Тамаро, КАМ итн маркети каде што цените се нормални, исто како што во Грција има Лидл. Кога охридските угостители ќе научат во цената да вклучат и добро понашање може малце ќе им тргне сезоната.

Доволно е да се огледаат малце на стружани да фатат некоја забелешка за тоа како се тера туризам во услови на тоталнa медиумска изолација
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Зошто тогаш пола Македонија се буни дека цените биле високи? Знаеш зошо, затоа што се тргнува во Охрид кога се нема пари за друго место. Колку да се истера еде одмор. И пак тој Холанѓанец кој наводно заштедува ( зошо во Холандија секој оброк му е во ресторан, нели ) троши повеќе од Македонецот.
Во холандија имаат обичај да ручаат по ресторани, приателот мој (на времето) излегуваа 3-4 пати неделно на вечера во ресторан, но од како стеггна кризата, и тој вели намалиле, али секако дека одењето до Охрид нема ни да го сетат па дури и ќе изпаднат ќар, рачунај дека во просек годишно (барем приателот мој со жена и едно дете) одат најмалце 2 пати неделно на вечера или годишно 100 вечери ете по 60 евра по особа. Што е за нив 7 дена по 25 евра вечера?? багатела.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.020
Поени од реакции
12.689
Во холандија имаат обичај да ручаат по ресторани, приателот мој (на времето) излегуваа 3-4 пати неделно на вечера во ресторан, но од како стеггна кризата, и тој вели намалиле, али секако дека одењето до Охрид нема ни да го сетат па дури и ќе изпаднат ќар, рачунај дека во просек годишно (барем приателот мој со жена и едно дете) одат најмалце 2 пати неделно на вечера или годишно 100 вечери ете по 60 евра по особа. Што е за нив 7 дена по 25 евра вечера?? багатела.
Може пријателот твој, ама еве јас имам многу блиски роднини во Холандија, добро ситуирани и за нивни услови можам да речам, па пак не вечераат два пати неделно во ресторан. Да, еднаш или два пати неделно се зема takeout, ама тоа не е рамно со вечера во ресторан. И од тоа што го видов кога бев таму, е дека се штедлив народ.
Муабетов може да го тераме ехе, ама поентата е таа....нискобуџетни или не, трошат многу повеќе од нашите туристи. И пак ќе речете дека се гледаме низ призмата на пари, ама луѓе, мора да се вратат пари за да напредува градот. И што е најбитно се враќаат, штеделе, не штеделе, се враќаат. Доаѓаат од април до октомври, а не само месец и пол.
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Зошто тогаш пола Македонија се буни дека цените биле високи? Знаеш зошо, затоа што се тргнува во Охрид кога се нема пари за друго место. Колку да се истера еден одмор. И пак тој Холанѓанец кој наводно заштедува ( зошо во Холандија секој оброк му е во ресторан, нели ) троши повеќе од Македонецот.
Те читам последните 5 страни ама на ова последното мора да ти пишам, мое мислење.

Велиш ако се немало пари се оди во Охрид за да се истера еден одмор. Јас лично никогаш повеќе нема да одам за Охрид, а и последниот е екскурзија од основно.
Чисто поентата на ова е дека за истите пари може да се отиде на МОРЕ, да се видат многу подоври места плажи, и многу повеќе услужливи луѓе.

Еден одмор во Албанија чисто за споредба, на Јонско море, во хотел со доручок за 10дена е 210евра со пат смештај и пари за таму.

No hard feelings.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Муабетов може да го тераме ехе, ама поентата е таа....нискобуџетни или не, трошат многу повеќе од нашите туристи. И пак ќе речете дека се гледаме низ призмата на пари, ама луѓе, мора да се вратат пари за да напредува градот. И што е најбитно се враќаат, штеделе, не штеделе, се враќаат. Доаѓаат од април до октомври, а не само месец и пол.
Исто и незадоволните македонци ќе речат “Поарно ќе одам грција (бугарија) на одмор за исти пари барем море ќе видам јас и децата.
И одат масовно и оставаат масоввно пари. То за празници за одмоори за викенди.
Што е тоа што на лето и за празник се заглавуваат граничните премини кон грција а не патиштата кон Охрид? Што ги тера да ги оставаат парите таму а не тука? Ако веќе мора градот да напредува и да се вртат пари, што направивте за тие пари да се слеат во Охрид? И зошто е прогласена неуспешна туристичка сезона (како и со години уназат)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

И точно тоа се случува.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=61C3CF03CFFDCF4E9A7E20999FCE4702

НАД 100.000 ВО ГРЦИЈА ВО ЈУЛИ, 600 ВО ОХРИД ВО МОМЕНТОВ

Во 2013 година вкупно 1.572.371 Македонци се упатиле кон трите гранични премини што водат кон Грција. Во првото полугодие од годинава, Богородица, Стар Дојран и Меџитлија ги преминале 708.089 домашни посетители. Иако според туристичките работници, е тешко да се направи процена колку наши туристи летуваат кај јужниот сосед, според статистиката колку семејства ја поминале границата и ако таму потрошиле по 500 евра од семејство (бидејќи во најголем дел се упатуваат на летување), може да се заклучи дека лани и во првата половина од годинава по потрошени пари и по бројот на минувањата на границата кај Македонците нема голема разлика. Многу мал пад на летувања во Грција е забележан во минатата година, ако се земат предвид податоците на Стопанската комора за туризам, а за споредба, ова лето во Охрид може да се оцени како едно од најлошите, според бројот на домашните посетители.

Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија - ХОТАМ изнесоа податок дека нема повеќе од 600 Македонци на летување во најразвиениот туристички град во земјава, ако се исклучат тие што имаат станови во Охрид. Но, и тие во последно време се воздржуваат од одење таму, најчесто поради лошите временски услови.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Може пријателот твој, ама еве јас имам многу блиски роднини во Холандија, добро ситуирани и за нивни услови можам да речам, па пак не вечераат два пати неделно во ресторан.
Другар ми не е печалбар, замина да живее таму, една година летува шпанија или италија или франција, следната иди тука, ако има добар бенд во германија - ќе појде да ги види, ако му се бендиса нешто - ќе си купи... живее како холанѓанец не како македонец во холандија[DOUBLEPOST=1406554995][/DOUBLEPOST]
Лет и мене ми се десило во Гостивар да ми наплатат лименка 40 денари, со означена цена 25. И?
Не е исто да пропадни туризам во Гостивар и туризам во Охрид. И во Кочани можи да ти продадат кока кола 100 денари но тешко нив ако му излезе нешто со оризот.

Еве некои рандом наслови и интересни изјави

http://www.makdenes.org/content/article/25470768.html

“Томе Тримче, угостител од Охрид, вели дека во градот има странски туристи и тоа е добро, но фалат главните потрошувачи - Србите и домашните гости.“

http://www.plusinfo.mk/vest/145103/Vo-Ohrid-se-aktivira-alarm-poradi-slabata-turistichka-sezona

http://www.bezpardon.mk/promashena-turistichka-sezona-ohrid-zjae-prazen/

Како еден од главните проблеми, туристичките работници ги посочуваат и високите цени на услугите во Охрид. Издавачите на апартмани во приватно сместување се жалат дека нивните традиционални гости од Македонија го заобиколуваат нашиот туристички центар поради превисоки цени во дел од рестораните и на некои плажи. Апелираат до кафеанџиите и сопствениците на плажите да ги намалат цените и да придонесат за привлекување на поголем број туристи..

http://www.sitel.com.mk/panika-vo-ohrid-propagja-turistichkata-sezona
 
Последно уредено:
A

Avenger99

Гостин
Каква сорта на туристи се овие ?

:pos::pos:
Патлиџан туристи= македонски туристи[DOUBLEPOST=1406557070][/DOUBLEPOST]
Бравос @Let 3 што одвои време да ни се пофалиш со твоето знаење околу вината, начинот на нивно послужување. Кул.
За разлика од тебе јас работам во 2014 година и ако твојата последна посета на Охрид била во 95та година работите се променале и врска си немаат со напишаното. Ете баш заради приказни како твоите се ваѓа муабет дека Холанѓаните во Охрид не чинат, дека биле најниска класа и студенти. Како бе не чинат, какви глупости се тоа дека едно вино го пиеле цел одмор? Еве дојди пред било кој ресторан во 19 часот кога почнува вечерата ќе видиш. Нарачуваат салати, главно јадење и десерт. 50% нарачуваат вино. Ретко кога цехот им е под 1500 денари, тоа се 25 евра минимум од маса. И еве 7 дена да се на одмор 7*25 тоа се минимум 175 евра потрошени само за вечера. Може Бовинот за тебе не е елитно вино ама за 99% посто од Македонците е. И Бовин се троши исклучиво на странци, а не на наши. Пошо ретко кој од нашите порачува вино, било какво. Немој да ме сфатите погрешно, јас случајот со двете фамилии не го напишав како навреда, и ниту сме избркале некој заради мала сметка ниту сме му пререкле нешо. Ама треба да се има свест, ако ти е скапо менито, бујрум, на други места. Мене би ми било срам да седнам во ресторан и да држам маса за 200 денари. Тоа е тоа што го зборам цело време, дека чаламот кај нас е голем, ќе седнам кај што немам пари ама ќе се чекирам на фб за да ме видат. Јас немам пари Скопје да седам во стан и седам во студентски. Значи испружи си ја чергата колку што ти се долги нозете.
И пак почнувате со стариот муабет. @Kallista кој го организира настапот на Цеца бе, Охриѓани? Е ај да не ти се крева притисокот од ова.
Точно. Другарка ми работи како туристички водич со туристи од Полска, Чешка и тн.. Баш се погодив во Македонска куќа при нивната тура, вино обавезно нарачуваат, салата исто, др не видов пошто си ојдов порано. А овие шо биле 2 пати во Охрид и виделе нешто ама не довиделе најмногу галамат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom