Бравос
@Let 3 што одвои време да ни се пофалиш со твоето знаење околу вината, начинот на нивно послужување. Кул.
За разлика од тебе јас работам во 2014 година и ако твојата последна посета на Охрид била во 95та година работите се променале и врска си немаат со напишаното. Ете баш заради приказни како твоите се ваѓа муабет дека Холанѓаните во Охрид не чинат, дека биле најниска класа и студенти. Како бе не чинат, какви глупости се тоа дека едно вино го пиеле цел одмор? Еве дојди пред било кој ресторан во 19 часот кога почнува вечерата ќе видиш. Нарачуваат салати, главно јадење и десерт. 50% нарачуваат вино. Ретко кога цехот им е под 1500 денари, тоа се 25 евра минимум од маса. И еве 7 дена да се на одмор 7*25 тоа се минимум 175 евра потрошени само за вечера. Може Бовинот за тебе не е елитно вино ама за 99% посто од Македонците е. И Бовин се троши исклучиво на странци, а не на наши. Пошо ретко кој од нашите порачува вино, било какво. Немој да ме сфатите погрешно, јас случајот со двете фамилии не го напишав како навреда, и ниту сме избркале некој заради мала сметка ниту сме му пререкле нешо. Ама треба да се има свест, ако ти е скапо менито, бујрум, на други места. Мене би ми било срам да седнам во ресторан и да држам маса за 200 денари. Тоа е тоа што го зборам цело време, дека чаламот кај нас е голем, ќе седнам кај што немам пари ама ќе се чекирам на фб за да ме видат. Јас немам пари Скопје да седам во стан и седам во студентски. Значи испружи си ја чергата колку што ти се долги нозете.
И пак почнувате со стариот муабет.
@Kallista кој го организира настапот на Цеца бе, Охриѓани? Е ај да не ти се крева притисокот од ова.