Официјални трансфери/позајмици

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.739
Поени од реакции
9.729
Ромедал во Ајакс, Симао во Атлетико Мадрид, Пиенар во Евертон (позајмен). Толку за сега.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
РОМАНИСТИ, побрзо погледнете нагоре!!! Киву ви мафка од авионот(Рим-Милано).:pos::pos::pos:


Конечно 13 милиони евра + половина од договорот на Андреоли. Договорот потпишан е на 5 сезони, плата 4.5 милиони евра по сезона





Еве ти Киву...and welcome to INTER!!!



 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
ЕВЕ И ОД ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ИНТЕР!!!


Eве ви и слики:


Со дресот од Црвен Крст

Taјната вечера:nesvest::pos::pos:



WELCOME Il campione romeno !!!!


Tutti i tifosi nerazzurri danno il benvenuto a Cristian Chivu.:pos::pos::pos:(простете на филмањето, премногу радосен сум:))
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
Уште пет сезони на Стемфорд Бриџ - Џон ТериТери потпиша нов договор

Џон Тери, конечно, стави крај на сите шпекулации за својата иднина потпишувајќи нов петгодишен договор со екипата на Челзи.

Цели шест месеци траеја преговорите меѓу агентот на Тери и клупските директори на “сините”, за на крајот да биде договорено капитенот на Челзи во следните пет сезони да има неделна плата од 135.000 фунти. Со ова Тери стана најплатениот фудбалер во Англија надминувајќи ги на оваа ранг-листа своите соиграчи Михаел Балак и Андриј Шевченко, кои од Роман Абрамович неделно добиваат по 130.000 фунти.

“Се надевам дека навивачите гледаат дека се обидуваме да создадеме нешто сосема специјално тука. Јас сум член на Челзи во текот на целата своја кариера, дури ја добив и привилегијата да станам капитен на овој фантастичен тим, и токму затоа во ниту еден момент не размислував за заминување од Стемфорд Бриџ. Пресреќен сум што успеавме да најдеме заеднички јазик, и што уште долго ќе бидам предводник на Челзи”, изјави 26-годишниот Тери.

Задоволни од постигнатиот договор беа и челниците на “сините”.

“Ова е многу важен ден за нашиот клуб. Како капитен Џон е не само голем фудбалер туку и симбол на Челзи, и презадоволни сме што успеавме да најдеме заеднички јазик во преговорите со него. Со игрите што ги прикажува тој апсолутно заслужува да биде најплатен фудбалер во Англија”, истакна извршниот директор Питер Кенјон.

Според неофицијалните информации од Островот, челниците на Челзи во следните неколку дена ќе ги интензивираат и преговорите со Френк Лампард за потпишување долгогодишен договор со овој фудбалер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom