Откупувачите на старо железо (Ево купујем народе што откупујем старо железо, стари акумулатори...

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Навистина овие луѓе ги претераа сите граници!!!

Секој ден уште од 08.00 часот сабајлето со радиото.

Па некој човек спие/одмара тоа време, некој човек не може да поднесе толкава бучност, поготово стари лица, лица со мозочен удар и лица со срцеви болести... Особено ако куќата е насочена одма до патот...

Па што е должен човек да ги слуша секој ден...

Башка и тоа што со бавното возење го кочат сообраќајот. Дали зад нив поминува возило на Брза помош, Пожарна ама ич тоа не ги интересира.

Ама и луѓево што им го продаваат старото железо ја бадијалска цена па и тие се глупи. Па што има нив да им го продаваат? Оди земи однеси го во отпад таму до грам ќе ти го вагаат земи си со себе лична карта и број на трансакцисна сметка и готово.

Само Битолчани за нив се лекот. Затоа се помалку и помалку секоја година ги има од таквите во Битола. Абе им го кршат радиото, четирите гуми ги легнуваат на бандажи и им даваат квалитетен ќотек. Алал да им е.

Што не одат во држава Вевчани? Тоа ќе им биде прво и последно влегување...

Немам јас ништо против откупувачите на старо железо, нека си ја вршат својата работа ете нека си објават оглас на reklama5 и на слични такви сајтови па белќим ќе им се јави некој...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.831

... секојдневното поминување е само едно „вршат очен надзор“ на просторот, дали има некој стар сам дома, некоја пензионерка изнемоштена, што се има во дворот, велосипед, мотор, па потоа по неколку дена ќе го снема,не велам дека нема исклучоци чесни работници кои се мачат, но претежно се со таква цел „види - однеси“ што знае дете што е сто кила, ќе го види ќе го земе“, еднашка се расправав со еден таков што го проверуваше влезот и подрумските скалила, „шо правиш тука ааааа“, ајде надвор!
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
За жалење се, реално. Најчесто луѓе со ниска интелигенција, без средно (некои без основно) образование. Системот ни е таков, да за нив освен таква работа, чистење шофершајбни или цепење дрва, нема друга поштена работа за парче леб.

Од друга страна, како што рековте..
- нарушуваат јавен ред и мир секојдневно, полицијата прогледува низ прсти;
- претежно се лица без лична карта, со поголемо досие на кражби, тепачки;
- негативно психолошко влијание врз децата па и возрасните, секојдневно трауматизирање;
- енормно технички неисправни возила, полицијата прогледува низ прсти на "таквите", додека кај "нас" кои исто толку заработуваме, се бараат и најситни детали за казна;
- непочитување на сообраќајна култура;
многу други работи..

Проблемот не е во тие луѓе, проблемот е во Државата и потребно е системско решение, а ништо подолу не се и овие што питачат за пари,.. но ако поставуваме граници, што е полошо од лошото и што е подобро од полошото.. што е зло, а што не е? Инаку до сега знам три дешавки на мои пријатели кои што си имаат проблем со овие.. украдено куче, па најдено врзено со кабел во нивно маало, украден велосипед, огребана кола..
 
Да бе за жалење се...

Како можи да се за жалење кога најчести коли што ги имаат се токму овие:

1. Опел Астра Караван
2. Опел Вектра
3. Голф тројка Караван
4. Форд Мондео
5. Пасат Караван
6. Рено Лагуна

Башка што имаат и приколки со две метри должина и багажник со петнаесет шипки за на кровот.

Освен со коли некои од откупувачите на старо железо идаат и со комбиња Фиат Дукато и Форд Транзит...

Следно што ќе биде, потакај ќе почнат да идаат и со камиончиња тамчиња од зелените и со ФАП и ДАЈЦ камиони...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Јас ги викам кога имам нешто за продавање за нив: од врата ги земаат предметите. Спуштаат цена, да, ама додека барам комбе за превоз, на пример, па до отпад да возам, (не ни знам каде се откупните центри), па чекање на парите... на крај ќе излезе поедноставно и побрзо ми е на „Старо купуем“ да ги дадам работите. :D
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Јас ги викам кога имам нешто за продавање за нив: од врата ги земаат предметите. Спуштаат цена, да, ама додека барам комбе за превоз, на пример, па до отпад да возам, (не ни знам каде се откупните центри), па чекање на парите... на крај ќе излезе поедноставно и побрзо ми е на „Старо купуем“ да ги дадам работите. :D
Парите ќе ги имаш за 3 дена на трансакциона сметка. Јас не сум имал потреба од комбе за да отидам до отпад. Колку пати на точак ги имам носено стварите. И во предната корпа и на багажот и во ранецот и во уште две торби...

Само да знаеш ако имаш некоја рата од неисплатен кредит кон банката, веднаш сиот приход од продадените работи во отпад ќе го повлече назад...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.831
...ехехе хее најако било 2007 год во Охрид кога се украле за еден 43 шахти, тие нели го продале за т.е како ,,старо железо,, ?
...ами кој го купвит то украдено железо повторно, ами пак државата,

images - 2023-07-14T102642.211.jpeg
images - 2023-07-14T102658.726.jpeg

... жртвите се само граѓаните кои ќе паднат во тие дупки отворени.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Да мислеше некој на нив, немаше да досаѓаат на улици.
Да се залагаше некој за нив, немаше да крадат.
Тие не се криви колку што е државата.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
За жалење се, реално. Најчесто луѓе со ниска интелигенција, без средно (некои без основно) образование. Системот ни е таков, да за нив освен таква работа, чистење шофершајбни или цепење дрва, нема друга поштена работа за парче леб.

Од друга страна, како што рековте..
- нарушуваат јавен ред и мир секојдневно, полицијата прогледува низ прсти;
- претежно се лица без лична карта, со поголемо досие на кражби, тепачки;
- негативно психолошко влијание врз децата па и возрасните, секојдневно трауматизирање;
- енормно технички неисправни возила, полицијата прогледува низ прсти на "таквите", додека кај "нас" кои исто толку заработуваме, се бараат и најситни детали за казна;
- непочитување на сообраќајна култура;
многу други работи..

Проблемот не е во тие луѓе, проблемот е во Државата и потребно е системско решение, а ништо подолу не се и овие што питачат за пари,.. но ако поставуваме граници, што е полошо од лошото и што е подобро од полошото.. што е зло, а што не е? Инаку до сега знам три дешавки на мои пријатели кои што си имаат проблем со овие.. украдено куче, па најдено врзено со кабел во нивно маало, украден велосипед, огребана кола..
Ако ти жали ги ама повеќе и од тебе заработуват. По 4000 денара во денот само од железо препродавање и дрва цепење едно 2000ки те ти ги 100 евра дневница.
Месечно просек 1000-3000 евра.
 
Член од
11 март 2023
Мислења
1.448
Поени од реакции
1.849
Ако ти жали ги ама повеќе и од тебе заработуват. По 4000 денара во денот само од железо препродавање и дрва цепење едно 2000ки те ти ги 100 евра дневница.
Месечно просек 1000-3000 евра.
...... Да не си им во кожа. По оваа твоја математика, јас кој работам како фриленсер, и кога работам, во просек заработувам 21 евра/час, значи дека јас имам дневница од 168 евра или месечна плата од 4,032 евра? Реалноста е далеку построга. Тие луѓе немаат многу можности. Тие луѓе крпат ден за ден. Тие луѓе ги оставаат децата свои по семафори на работа, додека нашите се дома и уживаат на компјутер. Тие го сакаат тоа, зарем така мислиш? Кој би сакал таков живот? Никој, верувај. Неспособноста на Државата ги довела до тој степен. Што ако не тоа, ќе работи човек (физички работоспособен) без основно/средно образование, кој лежел затвор за кило чебапи, тепачка или наркотики? Нема ништо. Опциите се работа на црно, па што е подобро? Откупувач на старо железо или дилер? ОНСЖ или да проси? ОНСЖ или да кради повеќе?... Ако мислиш дека им е толку добро, зошто не го работиш и ти тоа, па земај 3000 евра месечно? Да не им судиме, кога не ја знаеме целата вистина, бидејќи исто како кај богатите, и таму помеѓу лошите има некој мал, добар и со срце, кој животот го води на секојдневна борба за корка леб, против Државата и против сите нас кои им судиме, а Судија е еден.
 
Откупувачи на старо железо не се само роми него има и наши луѓе македонци. Јас познавам лично еден таков. Има си свое големо комбе а и камион за крупни работи и на повик доваѓа откупува старо железо. Наши македонци не викат така со мегафон него на повик се, постојано имат си свој муштерии. Железото и лимо и не се баш евтини и мизерни како што мислеш..како злато кошта железото. Откупната цена од килограм на железото е 12 денара а на лимот 25 денара.

Има и наши исто што цепат дрва и солидно заработуват..од работа срам нема....
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Ако ти жали ги ама повеќе и од тебе заработуват. По 4000 денара во денот само од железо препродавање и дрва цепење едно 2000ки те ти ги 100 евра дневница.
Месечно просек 1000-3000 евра.
Сега веќе не цепат дрва рачно. Сега цепат машински цо цена од 250 денари за кубик... А стотици илјади каури можат само да сонуваат за да купат машина за цепење дрва.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
816
Поени од реакции
1.296
Сега веќе не цепат дрва рачно. Сега цепат машински цо цена од 250 денари за кубик... А стотици илјади каури можат само да сонуваат за да купат машина за цепење дрва.
Кој ти цепе со машина дрва? Да викнеш цел ден ќе ти цепе..машината споро се движе и бучна е на глава ќе ти се каче...
Уште рачно цепат дрва. Дрва у животот имаш ли купувано? Кога последен пат си купил дрва па требало да ги сечеш и цепеш?
Јас пред 1 месец ми ги цепеа рачно дрвата..Има ги уште рачно што цепат дрва ретко кој со машина цепа пошто споро иде.
Да викнеш некој со машина цел ден ќе ти ги сече на машината а искусен дрвоцепач за 2 саати ќе ти исцепе 5 кубика дрва.
А машини за цепење дрва не се скапи од 20.000 до 50.000 денара се движат и многу споро функционираат за разлика од рачно цепење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom