Ај нешто да поднапишам..
-Денешните мотори,се мотори со внатрешно согорување,работат на принцип на согорување на горивото и претворање во енергија..Дизелашите работат на повисоки температури од бензинецот.
Е сега,гледано одозгоре према доле,моторот е овака составен:Глава,Блок,Картер..Тоа ти се три основни дела на моторот..Во главата на моторот,а ова е тоа на сликата,сместени:Вентилите,и Дизните..Тие дупчињата што се,тоа се канали за ладење и подмачкување на главата..
Блокот е средниот дел на моторот,внатре се наоѓаат цилиндрите,а во нив клиповите..Клиповите со клипњачи се поврзани за радилицата,којашто се врти,и има задача заедно со ребрастиот каиш силата од клиповите да ја пренесува на тркалата,и така возилото се движи..Во тие дупките на блокот таму се наоѓаат клиповите,а кај тие малите дупчиња околу нив,тие се канали за ладење,и секогаш таму стои дихтунг (диктон) за да има дихтовање блокот со главата..Блок како изгледа.
На левиот дел на радилицата,можеш да приметиш простор каде што се наоѓа ребрастиот каиш..А на другите како простори,се наоѓаат клипњачи за секој по еден клип.Заборавив да ја споменам и брегастата,нејзина задача е да ги отвора и затвора бреговите,и го регулира воздухот што влегува и излегува..Кај дизелашите горивото од резервоарот се довлекува преку бош пумпа,која што е врзана за ребрастиот каиш,и таа е главна во палењето,а бензинците имаат пумпа во самиот резервоар.
-На дното се наоѓа картерот,т.н корито за улје..Во картерот има пумпа за улје,што го тера улјето да оди нагоре,за да врши подмачкување..Уште пред да замине нагоре,прво улјето оди во филтерот за улје,па потоа во каналите..
-За ладење на возилото се употребуваат,перки,вентилатори,хладњаци,термостатати,прекидачи..Сето тоа е многу сложен систем..Водата ја врти водна пумпа,која што исто е врзана најчесто за ребрасттиот каиш,а може и за ПКК или клинести ремен,и има перки на неа..Се менува заедно со ребрастиот ремен.Најчесто температурата треба да биде оптимална,да речеме 90 степени,ако се покачи,термостатот се отвора и ја пропушта во хладњакот..Тогаш се уклучува првата брзина за ладење,т.е вентилаторот,и ја снижува пак на оптимална..
Ова е само почеток,ме мрзи повеќе и поубаво да објаснам..Треба да знаеш дека во моторот,кај турбашите се ослободува температура и до 1000 степени,па и повеќе..Има многу штрафчиња,стеги,црева,федерчиња,мутерчиња,шајбни,многу железарии..