Основни делови на Агрегатот (моторот)

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Од општа култура сите сме слушнале за цилиндер, клип, хладљак итн. Но мислам дека е навистина корисно да знаеме и нешто повеке за моторите. Значи вие поискусните што сте активни на овој подфорум дајте луѓе на една слика од оние кај што го има моторот а ги нема деловите означено, означете ги барем основните делови и објаснете кои за што служи односно кој дел каква функција врши врз целиот систем. Ако имате време и желба пошто постојат поразлични типови мотори напишете и за нивната функција по нешто. Убаво е да се знае системот на функционирање на моторот (машината) има луѓе кои цел живот возат а не ги интересирало и не научиле. Јас знам по нешто али минимално од што сум слушнал онака и само на постара кола можам да ги препознаам да речеме нај основните делови.

Фала ви однапред и нека не ве мрзи вие што не знаете вредно е да знае можда ке ви притреба ако ништо друго.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Ај нешто да поднапишам..
-Денешните мотори,се мотори со внатрешно согорување,работат на принцип на согорување на горивото и претворање во енергија..Дизелашите работат на повисоки температури од бензинецот.
Е сега,гледано одозгоре према доле,моторот е овака составен:Глава,Блок,Картер..Тоа ти се три основни дела на моторот..Во главата на моторот,а ова е тоа на сликата,сместени:Вентилите,и Дизните..Тие дупчињата што се,тоа се канали за ладење и подмачкување на главата..

Блокот е средниот дел на моторот,внатре се наоѓаат цилиндрите,а во нив клиповите..Клиповите со клипњачи се поврзани за радилицата,којашто се врти,и има задача заедно со ребрастиот каиш силата од клиповите да ја пренесува на тркалата,и така возилото се движи..Во тие дупките на блокот таму се наоѓаат клиповите,а кај тие малите дупчиња околу нив,тие се канали за ладење,и секогаш таму стои дихтунг (диктон) за да има дихтовање блокот со главата..Блок како изгледа.


На левиот дел на радилицата,можеш да приметиш простор каде што се наоѓа ребрастиот каиш..А на другите како простори,се наоѓаат клипњачи за секој по еден клип.Заборавив да ја споменам и брегастата,нејзина задача е да ги отвора и затвора бреговите,и го регулира воздухот што влегува и излегува..Кај дизелашите горивото од резервоарот се довлекува преку бош пумпа,која што е врзана за ребрастиот каиш,и таа е главна во палењето,а бензинците имаат пумпа во самиот резервоар.
-На дното се наоѓа картерот,т.н корито за улје..Во картерот има пумпа за улје,што го тера улјето да оди нагоре,за да врши подмачкување..Уште пред да замине нагоре,прво улјето оди во филтерот за улје,па потоа во каналите..

-За ладење на возилото се употребуваат,перки,вентилатори,хладњаци,термостатати,прекидачи..Сето тоа е многу сложен систем..Водата ја врти водна пумпа,која што исто е врзана најчесто за ребрасттиот каиш,а може и за ПКК или клинести ремен,и има перки на неа..Се менува заедно со ребрастиот ремен.Најчесто температурата треба да биде оптимална,да речеме 90 степени,ако се покачи,термостатот се отвора и ја пропушта во хладњакот..Тогаш се уклучува првата брзина за ладење,т.е вентилаторот,и ја снижува пак на оптимална..

Ова е само почеток,ме мрзи повеќе и поубаво да објаснам..Треба да знаеш дека во моторот,кај турбашите се ослободува температура и до 1000 степени,па и повеќе..Има многу штрафчиња,стеги,црева,федерчиња,мутерчиња,шајбни,многу железарии..
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Имам неколку прашања другари околу мали дизел мотори постојат ли повеке мали дизел мотори од типот VW Lupo 1.2 TDI после Луповците Фолксваген не го користе моторов ама е одличен пример. ???

И уште една работа низ гугл сретнав мали дизел мотори (агреагати) по 50, 60 кубика. Може ли да се вградат во скутер на пр. ???[DOUBLEPOST=1454696742][/DOUBLEPOST]Еве како изгледа мал дизел мотор.
-4hp-22hp-4-stroke-air-cooled-portable-small-diesel-engine-YM170FE.jpg
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
@Black Hok отприлика објаснил убаво и сликовито, јас само ќе надополнам некои работи:
Ќе почнам од главата:
Бочно се усисните и издувните канали. Може да бидат усисните од една страна, издувните од друга, но има и изведби каде се од иста страна.
Оттука, моторот може да има издувна и усисна грана монтирани бочно од двете страни на главата или усисно-издувна грана од едната страна. Верувам дека има и една ненамерна грешка односно наместо дизни треба да биде свекици :)
Тука, влегува и водната пумпа, која може да зема погон преку ребрестиот каиш и е сместена под поклопецот на истиот, или ако зема погон преку клинест(линиски каиш) е сместена надворешно и има полесен пристап.
Кога сме кај вентилите, да ја спомнеме и брегастата осовина која преку клацкалиците ги отвара и затвара вентилите.
Кај современите мотори е сместена во главата, но има и изведби обично кај постарите мотори каде истата е сместена во блокот, од страната, и ги придвижува вентилите преку вретена, и тоа се т.н pushrod мотори.
Брегастата зема погон од радилицата преку ребрестиот каиш, преку ланец или може да бидат директно поврзани преку запчаници во pushrod изведба кај доста стари мотори.
Еден вртеж на радилицата дава два на брегастата.
Горивото во моторот од резервоарот доаѓа преку пумпата за гориво, која може да биде електрична во самиот резервоар, или надвор од него, а кај постарите мотори вакуумска која зема вакуум од моторот и така го носи горивото до карбуратор, систем за електронско вбизгување... зависи...
Маслото во моторот освен подмачкување има и битна улога во ладењето на моторот...
Ако ми текне уште нешто ќе пишам...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Фирмата Илмор на Марио Илиен(поранешен конструктор на моторите на Мерцедес) има идеа и проект на воведување на 5 (пет) тактен мотор во Формула 1, и плус комбинирање на дизел и бензин технологијата во еден мотор(не гориво туку принцип на работа).


Многу интересно би било развојот да тргни во еден нов правец во мотористиката.

Засега се форсира хибридната технологија каде на осовината на турбото се става мотор-генератор, кој во режим на забавување произведува ел.енергија, а во режим на забрзување ја троши таа енергија заедно со електромоторот на радилицата.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Фирмата Илмор на Марио Илиен(поранешен конструктор на моторите на Мерцедес) има идеа и проект на воведување на 5 (пет) тактен мотор во Формула 1, и плус комбинирање на дизел и бензин технологијата во еден мотор(не гориво туку принцип на работа).


Многу интересно би било развојот да тргни во еден нов правец во мотористиката.

Засега се форсира хибридната технологија каде на осовината на турбото се става мотор-генератор, кој во режим на забавување произведува ел.енергија, а во режим на забрзување ја троши таа енергија заедно со електромоторот на радилицата.
Ѓоко ако сакаш објасни што е всушност галамава околу измислицава на Коенигсег пошто се разбирам малку од мотори не ми е тотално јасно, иначе го објавија како ново откритие... http://brzkrug.com/novitetiii/mk-avto/4220-koenigsegg-----
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Ништо особено во денешно време. Вентилите наместо да го отвора и затвора брегаста осовина во точно утврден редослед(механика е, фиксна работа) ,овде подигнувањето ќе се врши со помош на пневматика или хидраулика , решение кое веќе Фиат го има на улиците неколку години(на сите Алфи и новото Фиќо каде пишува Мултиаир)

Поточно кај фиат мултиаир, ова се прави со електрохидраулика, но само на усисните вентили, бидејќи тука се добива снагата на моторот. Хидраулика, управувана од електроника ги отвора и затвора усисните вентили како што ќе нареди комјутерот , и така се добиваат безброј варијанти на времетраењето на отварањето на вентилите. Порано Хонда со Vtec системот ова го правеше но само во мај дијапазон. Овде ќе можи да се прави во комбинации колку и да е потребно.

Гледате овде на сликава лево, нема брегаста осовина, туку електромагнети и хидраулика



Зачетоците на оваа технологија на времето ги правеше Рено во Ф1 , а нешто покасно и Мерцедес испробуваше подигање и спуштање на вентилите со класичен електромагнет
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Јас се повеке се фасцинирам луѓе од чисто електричните мотори... Погледнете повеке од 2000 километри за 5 евра еј... Башка забрзуваат екстра добро речиси како спортски коли со атмосферски мотори. https://www.youtube.com/watch?v=pdNjSZWe21U
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Wankel ротационен мотор вградуван во мазда. Мала кубикажа со огромна моќ и мал габарит. Скап за сервисирање и мала економичност. Еве слика како функционира ме мрзи реферати да пишувам
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Да ве прашам... Дали се знае точна делба од колку до колку според кубикажата цилиндри може да има моторот ? Пр. Од 1.0 и помалку до 2.5 носат I4 цилиндри, од 2.5 до 4.0 V6 цилиндри, од 4.0 до 5.5 V8 цилиндри, и од 5.5 нагоре V12 цилиндри... Ја ова грубо што сум ги среќавал кога сум читал ако се знае точно напишете ? :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Фирмата Илмор на Марио Илиен(поранешен конструктор на моторите на Мерцедес) има идеа и проект на воведување на 5 (пет) тактен мотор во Формула 1, и плус комбинирање на дизел и бензин технологијата во еден мотор(не гориво туку принцип на работа).


Многу интересно би било развојот да тргни во еден нов правец во мотористиката.

Засега се форсира хибридната технологија каде на осовината на турбото се става мотор-генератор, кој во режим на забавување произведува ел.енергија, а во режим на забрзување ја троши таа енергија заедно со електромоторот на радилицата.
I ova ne e nekoja nova tehnologija, kaj ovie izvedbi problem se javuva so potrosuvacka na ulje kaj pomosniot klip i pregrevanje na glavata od izduvnite gasovi. Dosega barem ovie problemi ne uspeale da gi resat i zatoa i ne e upotrebuvana ovaa tehnologija.[DOUBLEPOST=1474630234][/DOUBLEPOST]
Јас се повеке се фасцинирам луѓе од чисто електричните мотори... Погледнете повеке од 2000 километри за 5 евра еј... Башка забрзуваат екстра добро речиси како спортски коли со атмосферски мотори. https://www.youtube.com/watch?v=pdNjSZWe21U
Da, ama problem uste dolgo vreme ke ima so cenite na bateriite koj vo najeftiniot model na tesla model S cinat preku 25.000usd so dostrel edvaj 200km realni. Kaj najnoviot model p100 sto ima najgolema baterija cenata na samata baterija e preku 50.000 dolari[DOUBLEPOST=1474630763][/DOUBLEPOST]
Kompresorite se povtorno aktuelni poradi se pogolemiot zahtev za dodaten pritisok i downsizingot. Inaku se energetski daleku poslabo efikasni nego turbinite, samo pri pogolemi pritisoci dobivaat prednost kaj motorite so pomala kubikaza i kaj trkackite poso realno kaj niv nema turbo lag. Slaba strana pokraj slabata efikasnost (trosenje energija za vrtenje na kompresorot koja e mnogu pogolema nego potrosenata energija sto turboto ja zema za vrtenje od izduvnite gasovi) e kompliciraniot sklop za precizno reguliranje na pritisokot na ubrizganiot vozduh. Kaj dobro nasteluvana turbina ovoj problem go nema.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Другари имам едно прашање за (dci) моторите дали се истите и по квалитет и по технологија и кај Рено и кај Форд ?
И уште едно дали Субару ги користат Тојота моторите во последниве години од кога се во нивна сопственост или сеуште ги возат своите ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom