Основаност за категоризирање на проституцијата како нелегална

Дали сте за легализација на проституцијата?

  • Вкупно гласачи
    55

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
А шо мислиш во земјите каде шо е легализирана проституцијата бизнисот не го води мафијата и макроата?Па имаш и бело робје најчесто од Источна Европа и тоа замисли 21 век.Еве ќе ти ја спомнам Холандија како пример каде албанската мафија е главен снабдувач на тој пазар со проститутки робинки.
Мислам дека ниеден проблем па ниту овој не се решава со магично стапче, но легализација е чекор напред. Како што кажав во идеален случај парите од даноци би се користеле за да им се помогне на овие особи.

Не гледам било каква предност да биде целосно забранета оваа професија. Од една страна се навлага во индивидуална слобода т.е власта нема зошто да се меша ако размената е доброволна од друга страна забраната го поттикнува црниот пазар и сите заебанции поврзани со него.

П.С Лично сум фан на научниот пристап. Досега било забрането да пробаме 50 години да биде дозволено и да споредиме колку има корист а колку штета барем ќе знаеме дефинитивно кое е подобро решение.
Автоматски споено мислење:

Авторот на темава велиТ дека проституцијата не била присилна (???).

Види овде:

ОК.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Мислам дека ниеден проблем па ниту овој не се решава со магично стапче, но легализација е чекор напред. Како што кажав во идеален случај парите од даноци би се користеле за да им се помогне на овие особи.

Не гледам било каква предност да биде целосно забранета оваа професија. Од една страна се навлага во индивидуална слобода т.е власта нема зошто да се меша ако размената е доброволна од друга страна забраната го поттикнува црниот пазар и сите заебанции поврзани со него.

П.С Лично сум фан на научниот пристап. Досега било забрането да пробаме 50 години да биде дозволено и да споредиме колку има корист а колку штета барем ќе знаеме дефинитивно кое е подобро решение.
Автоматски споено мислење:

ОК.
Види вака,има многу либерали се додека мечката не заигра во нивниот двор.За истава тема имам муабетено со таканаречени либерали.И разговорот трае се додека не ги прашаш дали би прифатил при либерализација на проституција жената или керката да им работаат како проститутки во некоја дупка во Тетовско?Тогаш либераливе пази богати збеснуваат и нивниот квазилиберализам исчезнува!Или замисли некој 12 годишен напален пубертетлија отвора Porn Tube и таму мајка му со 4 ца црнци како ја растураат со питоните?Шо мислиш нема да му се заеби психата?
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Работата е што ова што си го опишал се случува моментално без либерализација.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Гледам во анкетата дека 26 членови од форумов гласале за легализација на проституцијата:mad::rolleyes: и не можам навистина толку години да ја разберам оваа потреба за легализирање и поистоветување со работа како и секоја друга....абе дајте луѓе...па секој облик на проституција е одвратен болен чин, лош порок кое му нанесува само зло на човештвото и треба да се стремиме да го искорениме, да го забраниме со закон.

Јас ги осудувам сите жени кои се пуштиле во оваа професија за да заработат за живот и најпрво би ги однела на советување и психијатриско лечење.....
проституцијата е најдолна и нај неморална работа и на тие луѓе би им забранила и деца да имаат.(кога би можела, нели)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163

Isto e i najstariot zanaet na svetot pa sega ti vidi :) .
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мислам дека ниеден проблем па ниту овој не се решава со магично стапче, но легализација е чекор напред. Како што кажав во идеален случај парите од даноци би се користеле за да им се помогне на овие особи.
Ај пак?

Значи, проститутките „работат„ и плаќаат даноци, а платените даноци треба да им помогнат на проститутките?...:icon_lol:

Автоматски споено мислење:

П.С Лично сум фан на научниот пристап. Досега било забрането да пробаме 50 години да биде дозволено и да споредиме колку има корист а колку штета барем ќе знаеме дефинитивно кое е подобро решение.
И, што вели „научниот пристап„ за проституцијата и за решавањето на проблемите со истата?...

Која наука ги решава проблемите со проституцијата, со кои методи, стретства, начини?... И зашто, после толку милениуми, проституцијата си остана тоа што беше и до сега?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Isto e i najstariot zanaet na svetot pa sega ti vidi :) .
Занает, да, така го викаат...Но што би се добило со легализирање кога од последните анализи кои се направени во сите држави каде што проституцијата е легализирана, податоците не се сјајни, сега некаде се забранети бордели, значи немаат секаде една иста законска регулатива...сепак нели треба сите тие вработени да бидат пријавени, да им тече стаж, па ако не им се плаќа редовно придонеси кои им се казнени мерки идр.
Втора работа е што во тие земји откако се легализирала проституцијата, се зголемил бројот на трговија со луѓе и деца, зголемено е насилството во сексуалните односи, побарувачка на девјантни појави, садистички и мазохистички појави, се зголемил бројот на клиенти а се намалува цената на услуга...идр...
Проституцијата доживува експанзија баш затоа што не е кривично дело...но страшна е оваа елитнава проституција, незнам како на таа да се стави крај.:(
 
Vidi prostitucija imalo i ke ima. Tolku e ednostavno.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Vidi prostitucija imalo i ke ima. Tolku e ednostavno.
Едноставно велиш...хаххаххаа..факт е дека проституцијата не може да се искорени, но барем да се стави на некое нормално ниво, оти сепак таа го загрозува јавниот морал.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.163
Едноставно велиш...хаххаххаа..факт е дека проституцијата не може да се искорени, но барем да се стави на некое нормално ниво, оти сепак таа го загрозува јавниот морал.
Kakvo e toa normalno nivo?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Kakvo e toa normalno nivo?
Па не би можела јас да кажувам кое би било тоа нормално ниво, но се разбира дека сакам побарувачката од такви услуги да се намали, да се постават некои граници, некои забрани, оти вака само, всушност би се легализирало насилството и повторно жртвено јагне е жената, таа е секогаш осакатената, ставена на столбот на срамот и уништена до крај на животот.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Легалната причина е да биде нелегално за да трошат пари на лекување од болести.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Мене ме интересира како може преку интернет да се рекламира, јавно и експлицитно проституција, па со фотографии, ценовници...зарем нели е тоа казниво со закон?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
Мене ме интересира како може преку интернет да се рекламира, јавно и експлицитно проституција, па со фотографии, ценовници...зарем нели е тоа казниво со закон?
казниво е ама у државава све е возможно
по интернетов све и свашта се продавава а никој нит плаќа придонеси нит даноци па пак не се чепнати

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Едноставно велиш...хаххаххаа..факт е дека проституцијата не може да се искорени, но барем да се стави на некое нормално ниво, оти сепак таа го загрозува јавниот морал.
Па баш затоа што не може да се искорени, декриминализацијата и легализацијата се начинот на кој може да се елиминираат негативните аспекти од неа - присилувањето, трговијата со луѓе, ширењето на сексуално преносливи болести и слично. Ако државата го регулира социјалниот статус на тие луѓе, тогаш тие луѓе ќе имаат кому да се обратат доколку некој ги приморува на проституција, ќе може да има редовни здравствени контроли и слично.
Легализацијата може само да помогне во постоечките негативни појави поврзани со проституцијата.
Друг многу битен аспект е што нема апсолутно ниеден правен аргумент зошто би била незаконска. Не се повредува никој, не се прави штета, не се работи за измама. Нема ниеден правен аргумент за проституцијата да биде нелегална.
Автоматски споено мислење:

Види вака,има многу либерали се додека мечката не заигра во нивниот двор.За истава тема имам муабетено со таканаречени либерали.И разговорот трае се додека не ги прашаш дали би прифатил при либерализација на проституција жената или керката да им работаат како проститутки во некоја дупка во Тетовско?Тогаш либераливе пази богати збеснуваат и нивниот квазилиберализам исчезнува!Или замисли некој 12 годишен напален пубертетлија отвора Porn Tube и таму мајка му со 4 ца црнци како ја растураат со питоните?Шо мислиш нема да му се заеби психата?
И ти и тие либералите не сте сфатиле две суштински работи.
Првата е дека слободата на човекот е неприкосновена, не зависи од ничие мислење, гадење, несогласување и слично. Ако тоа што го правиш не повредува никого, не предизвикува штета и не е предмет на измама, истото е човечко право и нема правна причина да биде забрането. Од овој аспект проституцијата нема основа да биде забранета или казнива. Змисли веган кој гледа како детето му јаде скара, зошто да не му ги скратиме маките и да го прогласиме јадењето месо за незаконско?

Втората суштинска работа е дека да сакаш некого значи да го прифатиш каков што е. Да се обидуваш да го смениш, да му забрануваш нешто или да го присилуваш на нешто значи дека ти на ја сакаш таа личност, туку идејата, сликата што ја имаш за него/неа. Љубовта е безусловна, условите значат дека тебе ти е битно како останатите ќе ја доживуваат таа личност и со тоа ќе ја асоцираат со тебе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom