Осигурителни агенти

Дали е исплатлива работата на осигурителен агент?

  • Вкупно гласачи
    13
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали оваа работа може да биде исплатлива? Сите осигурителни компании имаат некои свои правила на работа но во главно изгледаат невозможни да се достигнат тие нивни таргети , дали има некој што може да сподели добро работно искуство како осигурителен агент и која од компаниите би ја поставиле за најдобра?
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Се е исплатливо ако направи добар дил со некој дебил па сеа види.......

Тоа на запад е добро регулирано па си има зошто и кога треба а кај нас малце потешко затоа што никој нема интерес мислам на Крајниот клиент а осигурувањето си го нуди
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Има пари од ова....но ако го работиш активно над 5 години....бидејќи функционира по пирамидален принцип....секој нареден агент што ќе го вклучиш,ти носи одредени поени....и по 5 години на пример...можеш да допреш до некој си 200-300 евра месечно,а притоа да си лежиш дома....но сепак треба да оформиш мрежа од агенти кои ќе роварат за тебе.
 
M

Mussolini

Гостин
Тоа на запад е добро регулирано па си има зошто и кога треба а кај нас малце потешко затоа што никој нема интерес мислам на Крајниот клиент а осигурувањето си го нуди
Тава шо имаш напишано да оти е точно...

Значи јас тука у Италија може да ти кажам какво е. Прво те обучуват да знаеш какви се понудите шо ке ги нудеш на другите и после тe учат како да говореш, како да се поставеш према клиентот а може и да ти дадат да следеш кодекс на облекување. После тоа ти треба на кој најдеш да го нудеш тава шо они те имат обучено. Дел од работата ти се состое и да си закажуваш со потенцијалните клиенти кога да се видете за да му презентираш шо нудеш. Ко сме кај таргетите, у зависност од местото е периодот на годината ти дават одредени таргети кои се да не кажам малку тешки. На пример сега пред Нова Година ке треба да достигнеш повисок таргет за разлика од Март месец... У секој случај интересна и со добри можности за професионално да пораснеш професија...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Цел си радосен дека си се вработил, ти даваат цел дека треба да најдеш 2-3 клиента за одредено време, работиш на процент, фиксна плата имаш за аутобус и сусамка. Баба/вујна/стрина, за атер ти се први клиенти, добиваш некоја ситна пара и си на седмо небо.

После кога ќе пресушат роднини и блиски пријатели, треба да наоѓаш клиенти што не праат бизнис за атер, тука заглавуваш дека не си обучен и не знаеш точно кај тераш, и по некое време те летаат.

Нормално, баба ти и стрина ти на нив им остануваат како клиенти, а тебе ““за услугите’’ те платиле со кусурот што го зеле од нив.

Барем јас знам за вакви искуства, ако во меѓувреме нешто се сменило, може ова да станало и професија.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Поле ааааа такаааа се ќе биде ти шо си молер ти зидар е па ај да се здружиме.
Како беше прикаската .:)

Цел си радосен дека си се вработил, ти даваат цел дека треба да најдеш 2-3 клиента за одредено време, работиш на процент, фиксна плата имаш за аутобус и сусамка. Баба/вујна/стрина, за атер ти се први клиенти, добиваш некоја ситна пара и си на седмо небо.

После кога ќе пресушат роднини и блиски пријатели, треба да наоѓаш клиенти што не праат бизнис за атер, тука заглавуваш дека не си обучен и не знаеш точно кај тераш, и по некое време те летаат.

Нормално, баба ти и стрина ти на нив им остануваат како клиенти, а тебе ““за услугите’’ те платиле со кусурот што го зеле од нив.

Барем јас знам за вакви искуства, ако во меѓувреме нешто се сменило, може ова да станало и професија.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Сакам да почнам да работам во осигурителна компанија и добив понуди од овие две, па ако има некој што работел со искуство да ме посоветува која има подобри услови би му бил благодарен :)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Сакам да почнам да работам во осигурителна компанија и добив понуди од овие две, па ако има некој што работел со искуство да ме посоветува која има подобри услови би му бил благодарен :)
Австриците одбери ги и не му ја мисли премногу. Самото име сугерира дека се победничка компанија... поготово во 2012 кога ја направија пуздер конкуренцијата. :)
Така да, кога би бил на твое место - Винер дефинитивно.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Сакам да почнам да работам во осигурителна компанија и добив понуди од овие две, па ако има некој што работел со искуство да ме посоветува која има подобри услови би му бил благодарен :)
Распрашај се каде се провизиите поголеми и дали редовно ги исплаќаат, другото мање битно. :)
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Ја знам провизијата за во Сава за во Винер немам кој да ме информира .... нешто во Сава биле послободни агентите и да си работат нешто друго освен агент кај нив, а во Винер мислам мораат да бидат в канцеларија секој ден имало немало работа :confused: можеби е лага...не сум сигурен...
 
За надворешен или внатрешен ти понудија? Не праша на интервјуто колкави се провизиите? Основен податок е тој.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
За надворешен... прашав ми одговорија за тоа ќе се разговара откако ќе почнеш :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
За надворешен... прашав ми одговорија за тоа ќе се разговара откако ќе почнеш :)
Искрено, во Винер знам лично неколку луѓе што отидоа пошто се залажаа по големите провизии и на крај не им ги исплатуваа. Мој совет е да не брзаш и да се распрашаш подетално пред одлучиш. За во Сава, мислам дека се помали ама редовно се исплаќаат.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Искрено, во Винер знам лично неколку луѓе што отидоа пошто се залажаа по големите провизии и на крај не им ги исплатуваа. Мој совет е да не брзаш и да се распрашаш подетално пред одлучиш. За во Сава, мислам дека се помали ама редовно се исплаќаат.

И тоа е важно и тоа како...фала друже за инфото :)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Ја знам провизијата за во Сава за во Винер немам кој да ме информира .... нешто во Сава биле послободни агентите и да си работат нешто друго освен агент кај нив, а во Винер мислам мораат да бидат в канцеларија секој ден имало немало работа :confused: можеби е лага...не сум сигурен...
Нема врска. Ако си надворешен тогаш имаш тотална слобода, можеш комотно и друга работа да си работиш, па така паричките од агентот ќе ти бидат плус заработка. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom