Освежувач на воздухот

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Кој е најдобар начин за освежување на воздухот во домот?

Овие ги користам јас некое време но поради тоа што трепезаријата во мојот стан е преголема.. За неколку време исчезне добрата миризба.

Ме интересира вие што користете? Пример нешто природно што добро дејствува или пак?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.613
Поени од реакции
11.156
Тие на струја што се, цело време испуштаат миризба се додека не се истрошат.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.748
Поени од реакции
24.426
Не сакам хемикалии. Си најдов свеќи со природни есенцијални масла(размислувам и сама да почнам да ги правам), купив есенцијални масла, ги истурам во вода и во еден предмет што изгледа преубаво, испушта пареа, а со тоа и ја шири миризбата низ собата.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
А да излуфтирате одвреме навреме за да не дишите застојан и непроветрен воздух.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.613
Поени од реакции
11.156
По што цена се и колку време од прилика држат?
Незнам точно (мислам околу 200-300 денари, а траат околу 1 месец), оддамна не сум земал. Имав едно време, ама од што ми е мал станот не се дишеше внатре... за у поголем простор мислам дека би биле добри. Провери во тие поголеми супермаркети како Веро, Рамстор...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Neprovetren zasstojan vozduh. Po steten e od osvezuvacite?
Сега ако живееш со оџак од фабрика под џам, бирај од двете зла помалото. А колку е здрав застојан непроветрен воздух нека кажат преживеаните од Курск.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.217
Па не беше надвор воздухот literally cancer inducing тогаш добра ќе ти беше идејата (y)
Тебе станот куќата ти е херметички одделена од надворешниот воздух. Магично дома ти се создава свеж воздух? Имаш филтри некој посебни што само кислород пропуштаат? Ако го немаш сето тоа тогаш воздухот што ти е дома е ист ако не и полош од тој надвор, само збогатен со плус хемикалии од освежувачите за да мириса подобро.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.281
Поени од реакции
5.288
Тебе станот куќата ти е херметички одделена од надворешниот воздух. Магично дома ти се создава свеж воздух? Имаш филтри некој посебни што само кислород пропуштаат? Ако го немаш сето тоа тогаш воздухот што ти е дома е ист ако не и полош од тој надвор, само збогатен со плус хемикалии од освежувачите за да мириса подобро.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Подобро повеќе пати во денот ќе проветрам отколку да користам освежувач
Еднаш земав озвежувач за у струја, ама ми умре папагалчето :( Не знаев дека му штети, а може и не било до тоа. Башка што и било каков освежувач за во струја или спреј ми е одвратен затоа што во секој бутик или кафич имаат такво нешо и тоа смрди корне. Многу пати сум изгубила желба да купам нешто од било која продавница кај што имало освежувач и не сум можела да ја поднесам миризбата т.е смрдеата.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Како да реча а убо да је. Види кј мене дома, секое сабајле отвараме пенџерите едно десетина-петнаесет минути да влези воздух, да акнит една свежина.
Инаку користиме од тија шо се еирвикот за во штек, едина мана е то шо резервата е поскапа од цел апарат, ВТФ шо мислеле незнамo_O? Така да имаме 4 дома, 3 ги користиме, не се пушетни на максимум и траат едно добри 2 месеци. Тије од ванила се одлични иам 2 и уште 2 од лaванда и тије не се лоши.
Инаку најдобра миризба и свежина дава темјан со камилица, си го иаме со брат Диме па така да тој не снабдвит, го ставаш над камин и ќе изгори за неколку минути, милина!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom