- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Се заебавав .. таман работа, 30% е фантазија а не принос )) А да и 2% на нето-профит за штотуку дипломирани е многу )1000 смајли имаше затоа )
Инаку има хеџ фондови што наплаќаат 50% провизија на нето профит над просечна пазарна стапка на принос пример SP500.. итн.. Има и такви што земаат 15%-20% само на нетопрофит.
Во секој случај 30% е премногу и треба да си пресреќен со таков принос. Али се заебавав како што кажав. Инаку 30% носи висок ризик... Енивеј нормално хеџ фондови фаќаат до 20% со помош на конзервативен ливериџ и хеџирани позиции..(хеџирани оти во услови на 85% корелација на сите светски пазари ризикот е преголем од голи нехеџирани позиции)
Инаку има доста успешни инвестициски фондови/хеџ фондови али тие се недостапни за обични смртници... Штом некој го бидува за препознавање вредност/валуација и инвестирање тогаш после неколку нанижани успеси завршува во фонд каде што мин влез е 1 милион или така нешто...
Инаку се мислам дека читав некои закони кај нас ИФ имаат престроги диверзификациски правила што ја убива можноста да играш на секакви варијатни и да ја бараш вредноста онаму каде што ја има просто си принуден колку изложеност да имаш кон сектор или акција....
Инаку за ИФ кај нас КД брик се покажаа ама со неодманешното затегнување и неликвидност во Кина очекувај и таму да се изгорат многу
Ме бендисва што си скептик кога се прави муабет за инвестирање.. Спектицизам е најправилна стратегија. Можната загуба е секогаш тука и со големи пари/животни заштеди треба многу пазење што се прави..
Со ситна пара како мене можиш да си дозволиш шпекулирање оти не менува многу во животот.
Енивеј немам 10к моментално, а и да имам не би се нафатил да водам ИФ во Македонија со овие закони. Али ако сакаш да правиш порфолио и мислиш дека јас сум арен чоек да ти помогни да го составиш тогаш би ти се нафатил да ти анализирам/направам распоред колку каде што итн. Не барам ништо офц пошто забавно ми е да го правам тоа.. е сеа ако станиш милионер веќе тогаш борчиш пиво )))
Cheers!
Се сложувам дека 30% е фантазија, а не принос. Лично би бил презадоволен со половина од тоа би рекол, во овие грди времиња 15% би било ТОП, тоа и во светски рамки би бил одличен принос.... знам дека се шегуваш момче, ги читам твоите постови со задоволство и на тема *Отварање сопствен бизнис* дискутиравме да прибереме средства во висина од 50,000 Еур (колку што бара законот за затворени ИФ) ....ти би го менаџирал фондот и уште таму спомнуваш дека очекуваните приноси би биле 15%, многу тешко нешто малку повеќе. Читајки го овој твој пост можам да заклучам дека се откажуваш!? - штета! Велиш има во законот престроги диверзификациски правила.... то не ти дозволува законот слободно да *пливаш*!? Тогаш се сложувам - НАВИСТИНА НИКАКВА СМИСЛА ЗА РАБОТА!
Инаку за Хеџ фондовите, да има многу успешни фондови каде што минимален влез е 1милион Долари, но има и успешни фондови каде што влезот е 50,000 Долари. За еден таков од Швајцарија пишував предходно.
Не 10К момак, со ваков потенцијал, со вакво знаење, со вакви размислувања, анализи, intuicija.... ќе имаш во некое догледно време и повеќе од 100К.... во тоа сум убеден!
Јас ете конзервативен, скептичен, старомоден..... мислев дека само со копање, трговија, услуга, производство, алаш-вериш нешто пара може да се спечали. Ама не било така!
На темата сега (БИДЕЈКИ ЕПТЕН ЗАБЕГАВМЕ)..... досега беше исплатливо да се штеди, имаше добри, би рекол и многу добри камати.... тоа и го правев. И за 8 години некаде капиталот успеав да го удвојам се разбира со реинвестирање на каматата. За некого тоа не е добро, сметајки дека инфлацијата како на Еврото, така и на Денарот ги обезвредниле моите пари. Делумно се сложувам со ваквите мислења бидејки реално споменатите валути губат од своите вредности... Ама не се сложувам дека годишно губат по 9-10% колку што во просек добивав камата овие 7-8 години.... не се сложувам дека сегашните 40К Евра вредат исто колку и 20К од 2004-5..... Колку и да звуци неверојатно, јас и денес кога каматите паднава на 6%, добивам 9%... Договор со Еуростандард банка за фиксирана камата, при што замисли средствата ми се практично на располагање цело време! За договор *по видување* најдобра камата! Но тоа беше лани, сега ми е страв да погледнам... таму остануваат до Септември, но не и понатаму доколку се задржи овој тренд на ниски, безобразно ниски камати.
Во тој сл. биди сигурен дека ќе те побарам момак да правиме портофолио (телеком, алкалоид....XYZ) те. ти да направиш. Не би се двоумел да ти оставам те. сосема те да се ослонам на твоите анализи и твојата интуиција.... ах, милионер да! Ама во Денари! Да не останам само на милион!? :pos2:.... реков: би бил презадоволен и со екстра пф и од 1-1,2% месечно! (12-15% годишно) .... Фала ти на понудата, доколку дојде до соработка, ќе има многу појке од пиво! Че има и за чипс Рафлс.... :helou: