Сит,барај си копирајтс
Огледалата се кршат, се кршат, се кршат...
Милиони копии пропаѓаат во себеси,
Манијаци се играат во одразот на вечноста,
А ха ха ха ха ха ха ха ха...
Смејте се, побрзо, возот ќе избега, смејте се пред да пропаднеме сите,
Не постои збор да го преточи звукот на огледалото кога умира,
а парчињата кои се смеат се премали за да се видиме себеси
како го убиваме последниот херој
Се смееме... А ножот тоне во ветрот.
Под огледалата се кршат,ја подразбирам ситуацијата што ни се случува на сите во општеството.Многу луѓе кои имитираат нечии животни стилови,а помалку оние кои сами на себе си претставуваат огледала.Нема единка,има мали парченца кои не се еднакви кога ќе се скршат да,но тие потекнуваат од првичното големо огледало.Исто е и со луѓето.Тие се дебели,слаби,булимични,анорексични,имаат кредити за отплата,се коцкаат,гледаат порно...но потекнуваат од една целина.А дали низ целиот живот биле имитатори на некој,не можеме со сигурност да утврдиме.Од малечки ни се наметнуваат туѓи морали и животни стилови кои треба да ги прифатиме.Понатамошниот развиток на една личност зависи од тоа дали ќе му дозволат да се развие и сам да сфати дека е сам по себе оригинален.Дали ќе дозволи да биде безфункционално парченце од скршеното огледало,или сеуште може некој да се огледа на него,всушност,не зависи од него.Зависи од околностите.
Според мене,никој не е оригинален,сите носиме во себе малку од она`имитаторското`.Сите сме бели листови хартија,а од нас зависи како ќе ја пополниме белината.Или пак од страв да не згрешиме ќе препишеме од соседниот до нас...стравот од неуспех,страв да се соочиш со другите и да речеш-па штоако е празен.Денес е страшно да си смел да покажеш дека имаш различни сфаќања,плукајте на оние кои велат дека сите имаат право на свое мислење и слобода на изразување,кога не е баш така.
Оригиналноста значи борба.Борба со огледалото.Кога ќе научиш да гледаш друга личност од спротивната страна,а не само твојот одраз,си ја постигнал целта.