- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.102
Ме инспирира темата за кои игри би ги купиле оригинал, да ја отворам оваа бидејќи не видов да има слична.
Дали има некој на форумов што обожава да ги поседува омилените музички албуми во оригинал?
Ако да, кои албуми ги поседувате во оригинал? Од кои изведувачи?
Од каде ги купувате најчесто или дали ги порачувате од интернет?
Колку ви е лимитот што би го дале за еден компакт диск? Дали би дале повеќе пари за албум што тешко се наоѓа или ви е меѓу најомилените.
Знам дека во Македонија, со оглед на стандардот, многу малку луѓе можат да си дозволат да купуваат оригинални дискови. Колку што знам, единствени музички продавници се Југотон и Мистер Компани во ГТЦ, ама цените на дисковите, во споредба со истите дискови купени на пр. во Германија, се напумпани до небеса. А друга опција е порачка од Amazon или Ebay, ама тука проблем е што скоро никој не доставува во Македонија, или доколку доставува, цената на доставата знае и да ја надмини вредноста на цедето.
До сега имам купено доста дискови од моите омилени изведувачи и нивните омилени албуми. Сум начекувал доста евтини цедеа да купам за околу 4-5 евра, сум порачувал и по 20-тина евра дискови што биле ретки.
Еве некои шо ми се од најомилените:
Chris Rea - On The Beach [1986]
Dire Straits - Sultans Of Swing: The Very Best of Dire Straits [1998] (со бонус live диск)
Blonker - Zeitreise [2003]
Од Tony Joe White последно ги порачав двата албуми:
Closer To The Truth [1991] & Lake Placid Blues [1995]
Jazz & 80's [2008] (дупли албум)