Оригинални компакт дискови

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Ме инспирира темата за кои игри би ги купиле оригинал, да ја отворам оваа бидејќи не видов да има слична.
Дали има некој на форумов што обожава да ги поседува омилените музички албуми во оригинал?
Ако да, кои албуми ги поседувате во оригинал? Од кои изведувачи?
Од каде ги купувате најчесто или дали ги порачувате од интернет?
Колку ви е лимитот што би го дале за еден компакт диск? Дали би дале повеќе пари за албум што тешко се наоѓа или ви е меѓу најомилените.
Знам дека во Македонија, со оглед на стандардот, многу малку луѓе можат да си дозволат да купуваат оригинални дискови. Колку што знам, единствени музички продавници се Југотон и Мистер Компани во ГТЦ, ама цените на дисковите, во споредба со истите дискови купени на пр. во Германија, се напумпани до небеса. А друга опција е порачка од Amazon или Ebay, ама тука проблем е што скоро никој не доставува во Македонија, или доколку доставува, цената на доставата знае и да ја надмини вредноста на цедето.
До сега имам купено доста дискови од моите омилени изведувачи и нивните омилени албуми. Сум начекувал доста евтини цедеа да купам за околу 4-5 евра, сум порачувал и по 20-тина евра дискови што биле ретки.
Еве некои шо ми се од најомилените:

Chris Rea - On The Beach [1986]


Dire Straits - Sultans Of Swing: The Very Best of Dire Straits [1998] (со бонус live диск)


Blonker - Zeitreise [2003]


Од Tony Joe White последно ги порачав двата албуми:
Closer To The Truth [1991] & Lake Placid Blues [1995]


Jazz & 80's [2008] (дупли албум)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398


Ми го прати едно другарче од Шкотска, ќеф прават оригинални изданија
 
G

garthok

Гостин
Со се пратка од ибеј во просек 600 ден. коштаат. Сосем ок, башка до дома ти стига не се замараш по продавници.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
А, да.... една плус причина за оригинални компакти дискови, е тоа што квалитетот на музиката е најдобриот што може да се добие. Секое понатамошно компресирање, или режење дискови од mp3 извор го намалува квалитетот на снимката.
За нормален слушател не е воопшто релевантно тоа, но за аудиофили и тоа како е.
Да не зборувам за тие што сакаат да си ги додаваат во колекција албумите...

Со се пратка од ибеј во просек 600 ден. коштаат. Сосем ок, башка до дома ти стига не се замараш по продавници.
600 денари за во Македонија сосе достава?! Тешко веројатно е ова, или пак станува збор за дискови кои се непопуларни, лесно достапни, компилациски итн.

Ми го прати едно другарче од Шкотска, ќеф прават оригинални изданија
...поготово со омотот внатре :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
А, да.... една плус причина за оригинални компакти дискови, е тоа што квалитетот на музиката е најдобриот што може да се добие. Секое понатамошно компресирање, или режење дискови од mp3 извор го намалува квалитетот на снимката.

Не се слагам со ова :)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Уф имам голем ќеиф за оригинални цд и двд изданија, а имам и солиден список што САКАМ да го исполнам, но борбата за егзистенција ме запре на самиот почеток, па така сега сум со само 30тина оригинални цд-иња.

Оригинали што ги поседувам:


































Од Санаториум цд-то е купено од Беверли Хилс, околу 450 денари. Од Продиџи албумите од Чув де Чув, по околу 700 денари од цд. Од Металика албумите два купени од нет за 12 долари негде сосе шипинг, Магнетикот ми е поклон. Последниве псај-транс цд-иња купени се од нет по околу 14 евра сосе шипинг. Албумот од Scatterbrain, мојот омилен псајтранс артист го барав 3-4 години и под дрво и под камен секаде на планетава, на секоја страна, по форуми и сл. Успеа член на издавачката куќа (после неколкупати контактирање од моја страна) да ми најде уште една копија во некој ќош заборавена, 50 долари за тоа цд дадов, околу 1000 копии печатени има вкупно. Имам уште 20тина панк-рок оригинали од наши бендови.
Ова е само еден многу мал дел од оригинални цд-иња коишто би сакал да ги имам во колекција,
 
G

garthok

Гостин
А, да.... една плус причина за оригинални компакти дискови, е тоа што квалитетот на музиката е најдобриот што може да се добие. Секое понатамошно компресирање, или режење дискови од mp3 извор го намалува квалитетот на снимката.
За нормален слушател не е воопшто релевантно тоа, но за аудиофили и тоа како е.
Да не зборувам за тие што сакаат да си ги додаваат во колекција албумите...


600 денари за во Македонија сосе достава?! Тешко веројатно е ова, или пак станува збор за дискови кои се непопуларни, лесно достапни, компилациски итн.


...поготово со омотот внатре :)
Па толку се бе, околу 10 долари плус 3,4 шипинг. Нормално тие што се спешл едишн, дабл дискс, лимитед, џапанис итн. нормално дека се поскапи. За тоа го користам ибеј, книги, дискови... не ти зборам на памет. И тоа прогресивни бендови не мејнстрим булшит ствари.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Па толку се бе, околу 10 долари плус 3,4 шипинг. Нормално тие што се спешл едишн, дабл дискс, лимитед, џапанис итн. нормално дека се поскапи. За тоа го користам ибеј, книги, дискови... не ти зборам на памет. И тоа прогресивни бендови не мејнстрим булшит ствари.
Штознам, ме зачуди, оти тие што јас ги сакам најчесто се 10+ евра (не $). Додуша најчесто слушам некој си блуз и џез изведувачи што и не вадат некој голем тираж на албуми, па можда и затоа потешко се наоѓаат и се поскапи.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Не сум добро изјаснет... :)
Во кој дел не се сложуваш?

Дека се губи. Со lossless форматите се задржува од оригиналниот wav од аудио цд-то, посебно ако користиш EAC
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Дека се губи. Со lossless форматите се задржува од оригиналниот wav од аудио цд-то
:icon_lol: Знаев дека тоа ќе го спомниш, очекував...
Да, во право си, ама lossless аудио снимка на некој како мене не му менува ништо. Имам доста албуми lossless што така ми стојат зафрлени во некој фолдер, „прашина збираат“ :)
Мене барем, посебно задоволство ми прави кога ќе ги имам наредени на сталажа дисковите, па ќе го извадам од опаковка дискот и пуштам во CD-плеерот. Исто како што ми прави задоволство грамофонска плоча кога ја вадиш од омотот, ја бришиш од прашината и ја ставаш на плочата, ја спушташ иглата....

п.с. некогаш баш и не се најдува од секој албум да даунлодираш lossless копија. Некаде можи и да ти биди блокирано симнувањето од торенти (странство на пример). Може и да го има на торент, ама сидери да нема... и тоа ми се случило порано, со недели да стои да не мрда торентот.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.398
Е да, тоа да (y)

Лајк за Крис Реа
 
G

garthok

Гостин
Штознам, ме зачуди, оти тие што јас ги сакам најчесто се 10+ евра (не $). Додуша најчесто слушам некој си блуз и џез изведувачи што и не вадат некој голем тираж на албуми, па можда и затоа потешко се наоѓаат и се поскапи.
Нормално де, ја ти зборев општо квалитетни дискови за толку пари ги има пошо се милион продавници на ибеј.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Имам оригинал ретаил ЦД Windows 7 Ultimate дали се рачуна LoL :D
инаку имам оригинал Dimo Mass ,Rahmaninov,Tiesto и др.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
:icon_lol: Знаев дека тоа ќе го спомниш, очекував...
Да, во право си, ама lossless аудио снимка на некој како мене не му менува ништо. Имам доста албуми lossless што така ми стојат зафрлени во некој фолдер, „прашина збираат“ :)
Мене барем, посебно задоволство ми прави кога ќе ги имам наредени на сталажа дисковите, па ќе го извадам од опаковка дискот и пуштам во CD-плеерот. Исто како што ми прави задоволство грамофонска плоча кога ја вадиш од омотот, ја бришиш од прашината и ја ставаш на плочата, ја спушташ иглата....
Па фино лепо изрежеш на ЦД, сега се багатела + омоти се наоѓаат и оригинални, па нареди на сталажата, имаш оригинална копија. :icon_lol:
п.с. некогаш баш и не се најдува од секој албум да даунлодираш lossless копија. Некаде можи и да ти биди блокирано симнувањето од торенти (странство на пример). Може и да го има на торент, ама сидери да нема... и тоа ми се случило порано, со недели да стои да не мрда торентот.
Зависи од кој торент се симнува, има неколку тракери на кои буквално се има во флак (зборувам за музика), само кажи што не си нашол, ионака веќе нема што да симнам, да се занимаваме малце :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom