Општи економски анализи

Н

невидливио

Гостин
Е што де, нели послаба валута, ќе им рипа извозот, поевтини ќе им се производите. Сега му е мајката за шопинг во Турција :D
Абе остај... Уште да можеа кредити да се враќаат во лири и перпетумобиле.
Ако не се опаметат и не намалат со трошење -пред се на сектор држава тука се мисли- сите приватни бизниси еден по еден има да им пропаднат. Ќе видиме тогаш што ќе се извезува.

Од друга страна денес златото поефтина, а лирата колку толку си стои на место, а по секоја логика требаше бајаги да паѓа.
Ај да погодиме од три пати кој денес продаде огромни количини злато?
 
B

Bafra

Е ај кажи кој, а и кажи зашто златото паѓа а и зашто лирата требала бајаги уште да паѓа...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Е ај кажи кој, а и кажи зашто златото паѓа а и зашто лирата требала бајаги уште да паѓа...
Дај бе Бафра сподели некоја финта, кажи што да шортниме што да лонгниме да фатиме некоја пара, нешто форекс, морекс, злато-мато, акции на Алкалоид ти реков ми рече, не биди себичен, лесно ти е тебе си вртиш низ град со Мекларенот, и ние сиротиња да ни се насмее некој Бенџи Френклин на зелено.
 
Мекларен е за пензионери бе, шо ти е :D

Имаш тема Берза, прочитај па одлучи, плус ти нели пописмен си, не се образуваш од јутуб.

Ако сакаш сигурност и без ризик почекај 10тина дена, па купи си Доларчиња.
А ако сакаш финти, брзо и сигурно богатење, се знае - ПОЛИТИКА :cool:. Ништо не вложуваш, освен време и да те бива во лажење и лижење, си работиш со туѓи пари и си земаш % зависи на која позиција си.

Плус за Турција уште прошла година на Казаки му беше кажано, ќе иде капут а и зашто. (провери си)
Исто е и со ЕУ.
Јас ете сум кажал, може да се провери. Ај ти нешто кажи а да не е сарказам или да не однесува на член од форумот....
 
Н

невидливио

Гостин
20 месеци до рецесија. Добар индикатор нема што.

Него шо вика за следната. Кога ќе е и колку ќе е длабока. После 2, 15, 35, или колку месеци? И до каде ќе оди до 90%, 70% или 50%?[DOUBLEPOST=1534643110][/DOUBLEPOST]Финтата со рецесии е што не може да дојде до рецесија кога сите ја очекуваат. Треба сите да се во транс журка да има рецесија. А луѓе до ден денес се упрпани од тоа штто се случи 2007
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931

Сега за сега не сигнализира рецесија. Иако знае да биде 100% и неколку месеци пред да сигнализира.
Што се однесува на психолошкиот аспект на рецесијата има луѓе и што велат секоја година дека ќе има така да 100% никогаш не е изненаден, терминот сите не е точен. Најголем дел од популацијата ДА(не очекува) ама со оглед на тоа што берзата паѓаа вообичаено неколку месеци пред почеток на рецесија неможе да се каже ни дека најголем дел од инвеститорите не ја очекуваат и не знаат.
Јас мислам дека дури има и веќе сега некои мали предвесници на рецесија може не во следните 6-12 месеци ама за после 1 година можно е.
 
Да во право си. Финтата е да откриеш рецесија пред да падне берзата :icon_lol: Откако ќе падне берзата и онака не е важно, тогаш рајата ќе изгуби по некое работно место и тоа е.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Но наспроти капиталните инвестиции задолжувањето и раздолжувањето значително го пробиле планот. Реализацијата на задолжувањето до крајот на јули е 75 отсто од планот или три четвртини од вкупната проекција за годинава. Впрочем вкупното задолжување за финансирање на буџетскиот дефицит годинава требало да биде 40,9 милијарди денари, а до јули се задолжени 30, 3 милијарди денари што е всушност 75 отсто од планираното.
---
Со ова темпо до крај на годината скоро милијарда евра нов долг. Едно време цел буџет на државата беше милијарда евра, сега само задолжувањето е толку. Се на кредит, дури не потоне бродот.
 
А зашто би потонал бродот .... нека му мислат тие што ни даваат кредити. Грците што им фали по 13 плати, бонуси, инвалидски пензии цели острови :D

Сите земји повеќе од 40% од буџет им идат за отплата на камати за долговите, зашто па ние да се разликуваме, посебно кога сме троа појќе финансиски неписмени.
Англија дури пред некоја година отплати целосно долгот према САД за Прва Светска Војна :cool:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Грците што им фали по 13 плати, бонуси, инвалидски пензии цели острови :D
Грците имаат оставено скап real estate на добра локација како колатерал, ние што имаме?
 
B

Bafra

Гостин
Грците имаат оставено скап real estate на добра локација како колатерал, ние што имаме?
Што оставиле .... Острови, земја, компании...
Па ете им ја цела, што ќе и прават. Островот тсму ќе си остане, фирмите во Грција ќе работат. А луѓето пак ќе бидат вработени.

Плус не заборавај државите, а и Грција неколку пати до сега банкротирале па што :toe:

Еве што ќе ни прават нас, ќе ја земат ШарПланина, ќе го земат Алшар, Охридско езеро ...
 
Н

невидливио

Гостин
Но наспроти капиталните инвестиции задолжувањето и раздолжувањето значително го пробиле планот. Реализацијата на задолжувањето до крајот на јули е 75 отсто од планот или три четвртини од вкупната проекција за годинава. Впрочем вкупното задолжување за финансирање на буџетскиот дефицит годинава требало да биде 40,9 милијарди денари, а до јули се задолжени 30, 3 милијарди денари што е всушност 75 отсто од планираното.
---
Со ова темпо до крај на годината скоро милијарда евра нов долг. Едно време цел буџет на државата беше милијарда евра, сега само задолжувањето е толку. Се на кредит, дури не потоне бродот.
треба да ги гледаш и бројките за фди - не сум ги видел ама долгот изолирано како бројка не значи многу. Земање кредити кога имаш бајаги фди долго време може да е без последици. со децении може...
 
B

Bafra

Гостин
Ма чудна работа е ова долгов...Факт е дека секој долг е лоша работа. Ама она што ме мачи како прашање е следно. Зеаме кредити долго време, а немаме криза? КАКО?
Сабајлето пробав да анализирам некои бројки...

Поважен од самиот јавен долг е билансот на плаќања. Дефицитот на тековна сметка години наназад е скоро во целост покриен со странски директни инвестиции.

Јас вака во догледно време должничка криза, криза на биланс на плаќања не гледам ако нема некои големи шокови од надвор.

Такви слични кризи има во моментов во Турција, Аргентина, па и Венецуела... Имаше и во Грција едно време. Ама ако ги видиш нивните бројки на биланс на плаќања ќе видиш дека бил длабоко негативен и далеку поголем од странските инвестиции...
Криза настанува кога се губи ДОВЕРБАТА. Во моментот кога ќе почне да губи доверба, тогаш добиваш стампедо. Сдс пред некоја година пуштија патка, дека денарот ќе губи вредност па народ почна да вади орочените и конвертира па доста имаа загуби.

Инаку државните долгови од секогаш биле причина за големи економски кризи. Ама ќе си прогласи банкрот и иде од почеток :D

Е сега викаш не гледаш криза дека би имало, доколку нема надворешни шокови.
Зашто тогаш би имало кај нас криза?
Како би се одразила таа криза кај нас?
И најважно како да заштитиме сегашната вредност која ја имаме?
 
Н

невидливио

Гостин
Криза настанува кога се губи ДОВЕРБАТА. Во моментот кога ќе почне да губи доверба, тогаш добиваш стампедо. Сдс пред некоја година пуштија патка, дека денарот ќе губи вредност па народ почна да вади орочените и конвертира па доста имаа загуби.

Инаку државните долгови од секогаш биле причина за големи економски кризи. Ама ќе си прогласи банкрот и иде од почеток :D

Е сега викаш не гледаш криза дека би имало, доколку нема надворешни шокови.
1.Зашто тогаш би имало кај нас криза?
2.Како би се одразила таа криза кај нас?
3.И најважно како да заштитиме сегашната вредност која ја имаме?
Ќе ти одговорам на сите прашања по ред.
Основа на 99% кризи е негативен биланс на тековна сметка кој е повисок од износот на странски инвестиции. Исклучок од ова правило се замји кои се ептем моќни, тие можат да си приуштат дефицити.
Мекрантилизмот и тоа како жив. Единствен систем појак од капитализмот е меркантилизмот. И тоа во ист оној облик од 17 век.

1. Криза по оваа дефиниција на тековна сметка не настанува само од државни кредити во странство. Значи по истава дефиниција и со 0 државно трошење можеш да имаш криза ако приватниот сектор истресе глупост и нето зема кредити во странство во туѓа валута...Т.е. ако кредитите кои се земаат од странство се повисоки од она што се инвестира во странство или им се позајмува на странци.

2. Како би се одразила криза кај нас. Како и во секоја друга држава. Зависи од резервите и од тоа дали одговорот на таа криза е адекватен
Ако кризата потекнува од државен сектор, најчесто се молат меѓународни фондови за помош, и драстично се намалува трошење. Со други зборови отпуштања.
Ако кризата потекнува од приватен сектор, државата најчесто ги превзема долговите од приватниците сакала нејкела и пак моли за помош и драстично намалува државно трошење.
Со други зборови отпуштања, пукање на меури ако ги има.
Ама ако конкретната држава има големи резерви, фино лепо ќе потроши дел од тие резерви и нема да треба никого да отпушта. Работите полека ќе се средат.

3. Заштита на вредност. Како и во секоја војна треба да имаш јака тврдина со дебели и високи зидови да не може ниедна артилерија да ја пробие. Во превод значи големи резерви добро диверзифицирани во вид на девизи, сопствеинички удели, хартии од вредност, злато или други суровини, и големи побарувања во вид на кредити према странци кои знаеш дека мораат да плаќаат. Дали ентитетот е поединец, фирма или држава, заштитата е таа.
Ќе повторам
Мекрантилизмот и тоа како жив. Единствен систем појак од капитализмот е меркантилизмот. И тоа во ист оној облик од 17 век.
[DOUBLEPOST=1535921366][/DOUBLEPOST]пс. по истава дефиниција на голема тврдина и големи резерви довербата на шака шпекулатори нема врска. Ако си јак и имаш резерви т.е. тврдина не ти треба ничија доверба. Они кои изгубиле доверба на долг рок завршуваат во загуба, затоа што на погрешна страна се кладеле.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom