Општи вело муабети, прашања, совети

L

.Lost Angel.

Гостин
Супер беше на кеј порано, ама сега има деца што си играат на патеката, луге си прават муабет на средина и чудно те гледаат ако изреагираш, манекени со скапи точаци испаркирани од страна. Сакам да кажам не може веке нормално да се вози, затоа и веќе не одам таму. Си возам на Водно и супер е. Ти возиш ли на Водно или само по кеј??
Порано возев на водно али паднав бидејќи ми се скина сајлата која ја купив премногу скапо али ипак се виде дека е срање и од тогаш само на кеј возам али сепак има такви фреари кои едвај возат и до 100 метри а се фалат и тн. али тоа е тоа не може да се промени како и да е.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
кекси мик, дај стави слика од целиот точак, интересно ми изгледа.

ме интересира како се движат цените во скопје за целосен singlespeed пренос, значи средна осовина(касетна) средна звезда со се курбли за педала, ланец, задна звезда за формула главина и затегач за ланецот, тука во Битола ем ги нема ем ми кажуваат астромонски цени.
Инаку ако ти треба екстра среден пренос имам http://forum.kajgana.com/threads/Возење-велосипед.16832/page-59#post-4277802

Речиси е некористен.Ми падна со велосипедот но после 3 месеци го сменив за XTR
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Не бе овие моите се обични дискови.:)Од фичо ги извадив и гледам добри биле.Не се расипаа како механичките за една недела т.е не треба да се одржаваат после една недела:pos::pos:
Туку за ова страницава тебе ти делува сериозна.Всушност не е ни страна туку блог.А блог како што знаеме може да направи секоја будала.Туку навистина ми е чудно.Доколку рамките на Pinarello им се прават на друго место а не во Италија,не ми е јасно што прават 500 вработени во фабриката.Пумпаат гуми ли?:tapp:Луѓе не водите инает.Ако немате пари да си купите тоа не значи дека треба светот да ви се смее.Соберете си како што јас собирам и купете си.

Да бе да,инает сум.Затоа и сум купил велосипед со XTR делови.Бидејќи сакам да го имам најдоброто и бидејќи знам дека сигурно ќе го добијам најдоброто.Значи не ми е јасно стварно како може да има прости вакви како мене кои купуваат скапи делови кога и евтините alivio делови и mongose рамки се подобри.Дури тие издржувале и по подолго време.Не ми е јасно само од кога yugo-то е подобро од BMW.

Гледам дека си пишал и се правиш паметен.Ако немаат врска деловите т.е работата е само до тежината.А гледам си пишал дека возиш до Водно.Еве јас ти давам предлог да одиме до средно водно или до крстот.Кој губи го дава точакот.Прифаќаш ли.И да прифатиш што просто не ми се верува стави слика од точакот твој.Да видиме за што се работи.Мојот услов е да ти вреди барем 150 евра.Не за друго,да не одам за џабе до горе.Значи ете ти предлог.Бирај кој ден сакаш и ќе викнеме неколку луѓе од форумов за да бидат сведоци.Како што кажав кој губи тој го дава точакот.Ако изгубам веднаш ти го давам мојот велосипед кој е меѓу најскапите мтб во македонија и плус ќе признаам дека за се си во право.Епа мајсторе на потег си.Ако имаш после тоа резерва точак за возење доаѓај

.
Добар ти е точакот,нема збор. Сепак ја повеќе сум за SRAM отколку SHIMANO!

Е да колку за информација фичо нема дискови
 
intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
има ли некој доктор овдека што вози на едно или лафите само сте купиле Точак со диск и кујзнае што е
 
Член од
26 август 2011
Мислења
94
Поени од реакции
33
Порано многу многу многу возев велосипед. Оваа година ,мислам дека ни 1 не се качив на велосипед. Замислете.. ок можда некогаш до другарка и нешто сл. ама 10 мин. возење не го сметам. А многу е добро, и баш го сакам возењето на велосипед ама..незнам зошто сега така послабо.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
После маратонот на Шапка каде 5 души ме поминаа на спуст одма го продадов точакот и купив друг поточно го склопивме вчера.

Рамката е TDS performanse Ultra light, SR suntour пренос, sountur виљушка, Tektro кочници, И прво што ке мењам тоа се мењачите Acera али ке можат да почекаат малце.
Сеа знам дека многу ке кажат дека е срање али толку ми се можностите а за разлика од Dragot е милион пати подобар. Има уште малце средување на него треба да ја скратам шипката од виљушката сеа има многу спејсери на нејзе ама вчера заглавивме во Работилница ооо (дуќанот на гоце) ко за беља вчера вриеше од работа и немавме време да го досредиме така да утре ке го чепнеме уште малце и ке оди на прва вожња да видиме како ке се покаже :D
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
236
Поени од реакции
172
Дечки, да ве прашам дали е нормално да се издишува гумата после подолго возење, отприлика после поминати седумдесетина километри?
 
зависи за колку дена ги поминуваш тие километри иначе секој гума диши после подолг период.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
236
Поени од реакции
172
Хмм, па еве под претпоставка дека за една недела сум прошол околу 70-80 километра, има шанси да се издишат многу?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Хмм, па еве под претпоставка дека за една недела сум прошол околу 70-80 километра, има шанси да се издишат многу?
Може од три причини многу стари гуми, евтини гуми, или мало дупче.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Дечки, да ве прашам дали е нормално да се издишува гумата после подолго возење, отприлика после поминати седумдесетина километри?

Секоја гума, со самото возење подиздишува по малку, истото може да се случи и од јак удар/скок. Јас на пример ги допумпувам еднаш во месецот и тоа минимално. Неделно поминувам 100-150 километри од прилика. А тоа ти се случува само на една гума или на двете??
--- надополнето: Sep 1, 2011 11:22 AM ---
После маратонот на Шапка каде 5 души ме поминаа на спуст одма го продадов точакот и купив друг поточно го склопивме вчера.

Рамката е TDS performanse Ultra light, SR suntour пренос, sountur виљушка, Tektro кочници, И прво што ке мењам тоа се мењачите Acera али ке можат да почекаат малце.
Сеа знам дека многу ке кажат дека е срање али толку ми се можностите а за разлика од Dragot е милион пати подобар. Има уште малце средување на него треба да ја скратам шипката од виљушката сеа има многу спејсери на нејзе ама вчера заглавивме во Работилница ооо (дуќанот на гоце) ко за беља вчера вриеше од работа и немавме време да го досредиме така да утре ке го чепнеме уште малце и ке оди на прва вожња да видиме како ке се покаже :D
Е па ај честито ново точаче (y) Немај гајле за деловите и тие вршат работа, полека ке го средиш, битно да те вози.
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Е па ај честито ново точаче (y) Немај гајле за деловите и тие вршат работа, полека ке го средиш, битно да те вози.
Фала zocc. Ако си за вечерна вожња на водно ајде :)
Имали заинтересирани да удриме една вожња до средно (а може и нагоре) вечер потребно е предно светло и заден трепкач а може и без трепкач.
 
С

Спенсер

Гостин
Фала zocc. Ако си за вечерна вожња на водно ајде :)
Имали заинтересирани да удриме една вожња до средно (а може и нагоре) вечер потребно е предно светло и заден трепкач а може и без трепкач.
Мејби атендинг :) ќе ти ѕвонам ако доаѓам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom