Затоа подолго време се обидуваме да ви укажеме дека што ќе пишува на рамката е најмал проблем. Многу поважно е опремата да е добра, но по пристојна цена. Овие "јаките" брендови ти живеат на стара слава, ги продаваат велосипедите по х2 цена од реалната, но ти како краен потрошувач мислиш дека возиш квалитет и затоа си платил поскапо. Но, реалноста не е таква.
Тринкс како бренд ти препорачувам да не го потценуваш. Ако видиш какви се' велосипеди произведуваат, ќе го смениш мислењето. Випер, Макс, ТопЛајф, Доок и слични имаат фокус кон буџетските компоненти и продаваат по ниски цени. Но Тринкс освен што нудат буџетни модели, имаат и премиум со највисок степен на опрема. Е сега Хамачи како главен увозник на тој бренд, поради сиромашниот народ не преферира да ни ги донесе сите тие модели. И пази, највисок степен на опрема по реална цена. Да пишува друго име на рамката, биди сигурен дека цената ќе оди двојно повеќе само затоа што е "Германец/Американец".