Некој ако е запознаен со моделите на Viper гледам почнаа да ги објавуваат продавниците како hamachi.mk и velosipedi.mk. Ако има некој искуство или било каква информација. Знам ќе речете за настаро ќе најдиш многу подобро, но чисто информативно за овие...
http://www.motori.hamachi.mk/en/tocak/city/velosiped-viper-27-xc-detail
http://www.motori.hamachi.mk/en/tocak/city/viper-29-xc-detail
истите \/
http://velosiped.mk/index.php/shop-store/maski/viper-xc-27,5-detail
http://velosiped.mk/index.php/shop-store/maski/viper-xc-29-detail
Порано цените беа барем саглам,сега и тие не се.25000 за некоја си Ш марка на велосипеди.Не фала.
За таа отпад опрема и цени ќе се најде сигурно и мерида трек некои.Не ги пратам цените ама и да не е иста,нешто поскапа цена до 10% максимум.
П.С Сега го видов оној од 14500.Тој и не е така лош ама пак е прашањето.Ш марка(безбедност 0)
и делови слаби особено кочници лоши колку што можам да видам од сликиве.
ОВа е некој да го земе и после да му билда делови,за на крај да му испадне поскапо и пак ќе вози лева рамка која што најверојатно нема ни торк ни ништо.
Најдобро половен.29ки реално држат цена и слабо се наоѓа убаво,али пак 26ки има страшно добри.
Зимата роднината за 950 евра даде cube со SRAM X0 и XTR делови и се разбира карбон рамка тежок не повеќе од 9кг
Истиот можеше да го даде пред 2 години 1800 евра,но со доаѓањето на 29ките најскапите 26ки не држат цена,но ипак и тоа како се исплати да се земат,бидејќи делови има јаки а евтини,а убава рамка на 26ка оди и подобро од 99% 29ки
Ајде да сметаме дека зима било и заради тоа му ја земал таа цена.
Еве и во тек на сезона повеќе од 1100 немало да отиде
Така да јас би земал,некоја јака 26ка ако има добра цена пред 29ка.
Фокс вилушки за 26ки има и по 150 евра веќе,колку што чини и одприлика сервисот во бајкстоп за да се отвори и направат сервиси.
Второ предност е што 26ките се полесни и има подостапни делови. 29ка е сепак тренд и не би земал слаба 29ка пред јака 26ка
Прво слаба 29ка е доста тешка,додека 26 ки има јаки за таа цена
Се разбира 90% од луѓето не намалуваат на цена,но ептен ако се најде некој да смени може да се најде и нешто со добра цена како на пријателов скотот.
Значи јас од искуство велам
Подобро стар а убав отколку нова канта.