Што мислите за овај точак? Незнам дали има локаут.
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=aeb79827-a6a3-4869-834f-260cdfe24e99
Има еден на старо се продава за 27 000.
Нема шанси да му спуштат 10,000 шо ви е на вас.
Иначе точачето е супер, има ентри левел опрема ама за почетници е повеќе од доволно. Локаут има на виљушката, и можеш да подесуваш колку сакаш да е „осетлив“ амортизерот. Пример можеш да го исклучиш до "50%" и амортизерот ќе иде до пола. Исто така пишува дека виљушката е модифицирана од Specialized т.е. не е обична Suntour, ама дали е ова така или е некој маркетиншки трик не знам бидејќи не сум тестирал друга виљушка. Како и да е, јас сум презадоволен од амортизерот.
Педалите што идат фабрички се лоши како што спомна некој, така да тоа глеај да менуваш одма (има ефтини а добри педали колку сакаш).
Седиштето и гриповите се одлични (body geometry бла бла). Јас со поранешните точаци имав проблем со кичмата, ама на овој седиштето многу ми лежи. Со саати безс престан да возам, пак ќе бидам комфортен.
Overall точакот има премиум feel кога го возиш и е доста стабилен (ние го возиме по малку стрмни козји патеки, нешто како XC ама накај all-mountain) и си нема гајле. Има 29 брзини, тежи 14 кила и не е толку брз, но сепак, ова е MTB а не роад.
Се на се, супер точаче, ако успееш да го земеш поволен/поефтин уште боље. Јас го земав за 26,000, возен само 300км, сосе гаранција.