ами не патувај, јас 2 велосипеди земав преку автобус што вози белград-скопје, ќе му дадеш на шоферот 50 еура за услугата и го имаш бајкот на автобуска во Скопје.
Koj e тој шофер?јас пробав преку ниш експрес и преку чачак.Колку што знам само тие возат до Србија.
јас пред 2 месеци порачав дрес и требаше да го земат шоферите.најдов и човек кој ќе им го однесе на автобуска,они само требаше да го земат и да ги чекам на автобуска.но никој не се нафати со образложение дека може да им го царинат.
На крај си отидов до врање и платив 15 евра карта,7-8 евра јадење и такси превоз до каргото,како и 15 евра карго.Се вкупно трошоци за еден дрес ме кошташе цели 40 евра или онолку колку што чинеше и цел дрес.малтретирање пак на пријателот да го земе дресот од продавница во белград и да ми го пушти по карго не го ни рачунам
Така да неверувам дека некој ќе донесе за 50 евра 2 точаци во Скопје од Белград,особено што голем е ризикот да ти ги заплене царина.Еве логично зашто не би се нафатил никој возач да ти донесе 2 точака(особено ако се скапи).Кога би дошол на граница и кога цариниците ќе видат точаци ќе ги викнат сопствениците.Кога ќе видат дека сопственици нема,па ќе испадне како возачот да ги шверца и поради тоа никој не се става во ризик.
Сум се распрашувал порано по пријатели во Берово транс кога сакав да земам еден велосипед(вика шансите се многу мали некој да ти се нафати,а ризикот огромен,освен ако не одам јас сам)
И да видам некој велосипед,прво сите се тие втора рака и држат некоја си реална цена.
Второ состојбата не му ја знам и имам две опции.првата ми е да одам до Белград и да го видам лично,а втората е да ми го пратат со карго до прешево-врање итн.
Од кај да знам дека ќе ми биде пратено токму тоа што сум го нарачал,односно дека нема да бидам преварен?
Кога бев по дресот,еден човек дојде пред мене да се буни зашто земал плазма телевизор преку карго,но телевизорот кога го однел дома не работел.
Таа од каргото му беше кажала.Жал ми е господине но работите откако ќе се земат неможат да се вратат односно може повторно да му го пратите на сопственикот,а пари да си чекате.Виде не виде човекот си го зема телевизорот и си отиде дома
.Ем без пари,ем без телевизор.
Но ни тука не е единственото зезање.Прашање е дали шоферот ќе се нафати да ми го стави точакот во гепек?Второ еве да речеме дека ќе прифати.Сигурно ќе бара пари за дополнителен багаж.Трето граница и заебанции.Има многу зезање и не се исплати.Поради тоа барам одтука.
Карта до Белград е претпостаувам најмалку 2000 денари.карго сигурно 20 евра и други давачки низ белград.Под 60 евра не се поминува од точак.И пак е ризик.Може да се отиде и да се изгуби цел ден а точакот да не го бива.
Така да ќе причекам овде некој да понуди,па ако нема ќе одам на нов.