Змејко и
Гледачот Дуле од Велес
- Член од
- 10 април 2005
- Мислења
- 1.103
- Поени од реакции
- 1.419
Не ти верувам за вториот критериум, а богами тешко и за првиот. 100 км дневно, плус со себе треба да влечеш шатор и еден кофер ствари, арен ли си бе ти?! Ако стварно можеш такво чудо да напраиш 30 дена по ред, ти одма треба жолта маичка да земеш, ако не и две. У ствари земи и една со долги ракави, залади времево.Не те следам овде Змејко, ми реплицираш нешто во стилот за Витгенштајн што сакал да стави на сите железнички станици табла "Зарем вашето патување е навистина нужно?" или пак како Карлин ме реметиш за бесмисленоста на хобиво?
Не се вкупно толку, некои 300 км ќе заминат по фери од Игуменица до Бриндиси, па ќе дојде помалку. Патеката е релативно лесна за возење погледнато бегло на сателит и би требало 100 км. дневно да се поминат без проблем.
И на крај за велосипедист се потребни два критериуми да бидеш здрав во нозете и "слаб" во умот...само врти..
Еден критериум и те како го исполнувам, додека за вториот треба да поработам.
А во право се и Витгенштајн и Карлин. И Страшо Ангеловски, ама никој не го слушаше.