Омнивор, веган или вегетеријан?

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Elena F.Sinatra ај сега те молам објасни го поимот копрофаг како и останативе поими што се во насловот и првиот пост на пример..
Сакам кога читам нешто каде што можеме да дискутираме сите, а не само луѓе што стручно имаат учено за тоа или незнам од онака знаат да разбирам и јас меѓудругото.. Чисто френдли забелешка пошто стварно ги прочитав сите постови но не разбрав се :pipi:
А на темата..
Овошје и зеленчук обожавам.. Конзумирам во многу големи количини..
Имам навика да нарачувам и вегетаријански сендвичи и оброци општо затоа што ми се свиѓа таа храна.. Но сепак.. И месото ми е неизоставен дел од исхраната. Сакам во лето појше да јадам салати одколку месо ама сепак ете ако не секој, секој втор ден мора нешто со месо да исконзумирам пошо тоа е..
А и го сакам месото.. Единствено што сум пребирлива за риби.. Јадам само лосос, ослич и бакалар.. А и тоа ретко, не ми го прај рибата некако меракот.
И беше спомнат леб погоре незнам дали има врска со темава ама ќе си кажам..
Не јадам леб.. Тоест не дека не јадам скроз.. Кога јадам сендвич, тост нешто надвор нормално дека јадам леб.. Ама да речеме дома било да е доручек, ручек, вечера не зимам и леб па што сака нека е јадењето.. Ни потреба ни желба иам.. Премногу брзо ме заситува и неможам да изедам ни пола од тоа што го јадам вака мислам за друга храна.. А и ми нема некој вкус него колку да го бутам така нема зашто.. А гурман сум и уживам во добро приготвена храна било месо или зеленчук или незнам.. Па појше сакам да си изедам повеќе од тоа и да го вкусам шмекот она вистински одколку едно парче леб, два залаци друго и да се прејадам.. А и плус ми го губи останатата храна оној оригиналниот вкус.
А иначе за добар вегетаријански оброк имате во Континентал.
Еднаш имав прилика да го пробам затоа што не ми се допадна НЕвегетаријанскиот претходниот ден и искрено многу убаво приготвено јадење особено добри ги прават печурките на скара.. ммм :pipi::pipi:
Се зајдов цел режим на исхрана си го пишав :pipi:
И што животиња сум ја? Сештојад? :wink:
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Копрофаг е универзален поим, неможеш да го сврстиш во стручен, инаку станува збор за рециклирачи на фецес.
Копрофагија е конзумирање фецес.
Од животните единствено свињата е копрофаг, може и некое друго животно, ама неможам да кажам кое зашто незнам.
Инаку поимот карнивор или месојад, е секој организам чија исхрана се состои првенствено од месо. Доколку животното чија храна е исклучиво живо животно ги нарекуваме грабливци, доколку станува збор за мртво животно се нарекуваат лешинари.
Постои категорија на облигатни (задолжителни) карнивори чија исхрана се состои исклучително од месо. Човекот не спаѓа тука!
Омнивори се организми чија исхрана се состои и од растителни и животински намирници - човекот е омнивор (мада немора да значи, зависно од сопствениот избор како сака да се храни) како и повеќето други животни.
Во суштина преводот би бил сештојад, меѓутоа не се сложувам со ваквиот назив, премногу е генерализиран и опфаќа било каква храна, дури и таа што не се јаде.
Вегетаријанскиот избор на храна се состои претежно од растителна и некои типови животински намирници, млеко, јајца... Значи лакто, ово, лакто-ово вегетаријанци.
Вегани се исклучително строги начини на алтернативна исхрана, што подразбира само храна од растително потекло.
Не спаѓаме во животињи, туку хомосапиенс.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Свеждер сум. Не ми се јасни мотивите на вегетаријанците.
Мојот мотив е од идеолошка природа. Не сакам да јадам нешто што има глава. Дополнително, не ми пречи доколку некој конзумира месо, напротив, нека јаде кој што сака. Ми пречат констатации на паметњаковичи кои вегетаријанството го ставаат во категоријата на ,,тренд" и ,,модерно движење". Искрено, ми пречат и кампањите за вегетаријанство, сметам дека се преизнасилени. Да речеме, пред 2 години во градскиот парк имаше таква кампања. Се шиткаа вегетаријански сендвичи на школка, и идеа некои видеобимови со убиени животни, слајдови со испишан текст: ВЕГЕТАРИЈАНСТВОТО МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ДА ВРАБОТИ МНОГУ ЛУЃЕ... Како и да е, што и да правам, не пропуштам да си го вклучам и мозокот. Некои работи, едноставно се преизнасилени и нападни...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Сештојад не баш, зашто во сештојади влегува и категоријата копрофаги.
Човекот не е копрофаг :wink:
Добра поента :smir:. Арно ама омнивор на латински значи сештојад, па малку ме збуни насловот на темата.
А инаку, за наша несреќа прилично голем број од луѓето се копрофази со тапија, симболички кажано разбира се.
Поздрав
Упс, не ги прочитав горните постови. Главно се разбравме
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Мојот мотив е од идеолошка природа. Не сакам да јадам нешто што има глава. Дополнително, не ми пречи доколку некој конзумира месо, напротив, нека јаде кој што сака. Ми пречат констатации на паметњаковичи кои вегетаријанството го ставаат во категоријата на ,,тренд" и ,,модерно движење". Искрено, ми пречат и кампањите за вегетаријанство, сметам дека се преизнасилени. Да речеме, пред 2 години во градскиот парк имаше таква кампања. Се шиткаа вегетаријански сендвичи на школка, и идеа некои видеобимови со убиени животни, слајдови со испишан текст: ВЕГЕТАРИЈАНСТВОТО МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ДА ВРАБОТИ МНОГУ ЛУЃЕ... Како и да е, што и да правам, не пропуштам да си го вклучам и мозокот. Некои работи, едноставно се преизнасилени и нападни...
би сакала да е вака ко што збориш ама ко што гледам и кај нас станува полека но сигуурно станува тренд. Од кога вегетаријанството е мера за интелегенција и хуманост? Од кога вегетаријанците (не сите фала богу)почнаа да ,,перат мозок " со кампањи дека треба да имаме доволно развиена свест за да воочиме дека не треба да јадеме месо (значи другиве немаат баш свест) и дека тоа е чисто убиство (што значи дека треба по затвори да не испопикаат)

Немам ништо против вегетаријанци: не ги сфаќам баш некои од причините дека зашто некои луѓе стануваат вегетаријанци, но нивен избор
 
Како што кажав, нити му перам на некого мозок што ќе става во уста, ниту пак сакам да ми перат. Јасно ми е дека луѓето сакаат да јадат месо, затоа што им е вкусно. Не го негирам тој факт. Нема врска ни интелегенцијата и хуманоста. Хуманоста се искажува кон луѓе.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Како што кажав, нити му перам на некого мозок што ќе става во уста, ниту пак сакам да ми перат. Јасно ми е дека луѓето сакаат да јадат месо, затоа што им е вкусно. Не го негирам тој факт. Нема врска ни интелегенцијата и хуманоста. Хуманоста се искажува кон луѓе.
абе мими ја не кажав дека ти переш мозок. Него има такви пропаганди, и со помош на тоа станува тренд
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
абе мими ја не кажав дека ти переш мозок. Него има такви пропаганди, и со помош на тоа станува тренд
Пропагандите се одвратни. Гледаш испотепани животињи од секаков вид, крвишта, да ти се одјаде све со црвена боја... Не ги поштуем. Тоа е перење мозок, точно, но ги нема зачестени кај нас.
 
Sofist?

Ула
Член од
11 јануари 2010
Мислења
160
Поени од реакции
12
И јас исто сум вегетаријанец веќе скоро 2 години.... инаку им симнувам капа на веганите затоа што за да бидиш на тој начин на исхрана сепак треба ****** а јас за жал не можам без млеко и млечни производи. Погоре прочитав некој коментар дека не можат да сфатат шо им се врти во глава на вегетаријанците... јас би рекла едноставно избор на поздрав начин на живот ништо друго... барем за мене :)
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
(Омни)Карнивор, јадач и уживач во месо. Почитувам вегетаријанци и вегани, нивен избор, среќни си се со тоа, и во ред е.
Јас си сакам мевце, ми бара организмот. Пробав десетина дена да издржам без месо и резултатот беше катастрофален. Ај што не издржав, зошто сум гурман и си сакам да си јадам месо, туку и ми се вртеше. :toe:
 
Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Сештојад - омнивор со тенденција накај хербивор - тревојад ... со следнава девиза

појадокот изеди го сам
ручекот подели го со друг
а вечерата подари ја

Затоа сум вита - витка како манекенка ...

Позз:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
јас би рекла едноставно избор на поздрав начин на живот ништо друго... барем за мене :)
Ете ги симптомите на она што е погоре споменато. Ќе јадам растенија и ќе живеам 110 години.
Тоа е само подруг начин на исхрана, а за здраво...прочитај Бацилус што има кажано за ова. Ти ако се осеќаш фино, од здравствени или икс причини, ок, личен избор.

Инаку сештојад (не обичам да користам латински називи-омнивор), кое патем нема заедничко со копрофагијата, јадење измет и ...јадење коски, копита, жолчно ќесе...за човекот збориме, нели :wink:
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Вегетаријанец, со тоа што постам за Велигден секоја година, па на периоди би бил веган.
 
shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Неодамна пронајдов интересни факти за тоа дека не сме создадени за да јадеме месо, па еве да ги споделам линковите и со вас, ме интересира што мислите вие за ова.

http://www.stevepavlina.com/blog/2005/09/are-humans-carnivores-or-herbivores-2/
http://www.celestialhealing.net/physicalveg3.htm

Некако се' укажува дека сме тревопасни суштества, мада просечниот секојдневен оброк го покажува токму спротивното. Ме интересира ако има некој постручен во оваа област на форумов да посочи колку е вистина пасусот за плунката и стомачните киселини во линковите погоре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom