За по дома
-Млеко, имам кригла од 0.5Л и од таа си пијам или со какао или со кафе.
-Сок, у последно време Синалко дал кола дал егзотик инаку од време на време ако има и Цедевита односно на нашки Цевитана.
-Јогурт, обично се поткиселува дома кисело млеко па се мати јогуртот или пак се купува кисело млеко и пак се мати.
-Вода, летно време почесто (се потак као стока), а зимно време помалку.
-Кисела вода, чат пат од време на време зимам кисела вода за поджригање после доброто јадење (затоа јас ги ценам арапите у Бен Хур).
За по дома со мезе односно за по надвор
-Пиво, најчесто тоа.
-Ракија, ж'та, бела, мастика, узо, зависи у која кафана и кое мезе се јаде.
-Вино, црвено со пити пастрмајлии и бело за со другите јадења.
-Коњак, само коа одам у АС (таму се оди за допивање после 2:30) затоа шо таму се најдобри жестоките пијалоци.