Омилени стихови од македонски поети

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Залегнат врз стихови

стихови имам насекаде
околу мене, лебдат низ воздухот
ми треперат под прстите
како оган пред цигара
ми се пикаат во косата
ме чешаат под носот
ми го гребат грбот

ме пречекуваат во креветот
како нежна топла мазна жена
ми лазат по нозете ми ги лижат
градите стиховите ми се пикаат
во папокот и таму длабат

насекаде околу мене стихови
врз мене стихови и под мене стихови
како нежни пеперутки како златна прашина
бегаат пред допирот како јато неми риби
во рибникот на небото кое златно свети
златно како молчење

Игор Исаковски
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Стратегии

Од понеделник до петок
Се контаминирам во ограничени простори
Јадам генетски мутирана храна
Губам смисла за естетика
Пијам повеќе од просечен Русин

Секој петок решавам од утре (од сабота)
да ја започнам револуционерната диета
да ги истражувам недопрените простори на Водно
да пишувам најмалку десет страници најтривијални дијалози

Во недела сфаќам дека би било добро да направам свој web
да почнам да одам на свадби со мојата мајка
да бидам Сериозна Позитивна Мила Женствена Обична
да го заработам првиот милион дури и преку неуспешен брак

Секоја fucking работна седмица потфрлувам со плановите од викендот

Александра Димитрова
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Прво писмо

(Од циклусот Пет љубовни писма)

Ништо не е повидливо
и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:

ни детските шепоти што ги откривав
во сеидбите на дождовите,
ни закажаната бура во пајажините
од крајпатните меанчиња,
ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
ни она што добива форма само во мојот слух,
ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
го навиваше својот ноќен часовник,
ни родилните маки на фрленото семе,
ни разгорениот пожар на главата од петелот
додека бега од сенката што слегува од небото,
ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
меѓу твоите два припека,
ни змијата што го возбудува врвот од житата,
ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
во низата од пиперките,
ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага
пред мене и зад мене, со мене и во мене.

Петре М. Андреевски
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Koga ke umram
nema da mi se diga kurot!
Vladimir Gavrovski, (filozof i poet avtor na 6 zbirki filozofska lirika vo afosticen stil).
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Петре М. Андреевски - Отаде и отаде



Ти дојдов дека сонив два сона набашка
(сега сонувам cе што ти што сонуваше
и сонувам како ме сонуваш),
едниот сон за мене, другиот за тебе,
но не било за така: во двата ти ми помина
со главата в раце, со очите пред себе,
a пo тебе булуци јагниња и јариња
да блекаат и мекаат, да ѕвонат и да греат.
Дојдов да те прашам да не ти треба нешто,
да не нешто те носам на душа,
па грешките и гревот да ми ги оправдаш
и одаде животот и отаде смртта,
оти грешен е оној што не дава проштење,
a не оној што проштење бара.
Не знам што правам, a доправам нешто
што е само сеќавање на тоа нешто
и плачот ми е спомен од некое минато плачење
и зборовите ми ce одѕив
на некои други зборови.
Te барав секаде кај што мислев дека ќе поминеш,
од кај што изгрева до кај што заоѓа сонцето,
но ниедно светло до тебе да ме допрати.
Барем негде сенката да ти ја најдев заспана,
пред некоја градска чешма, во некоја градина,
да можам да ја покажам,
да ја прекажам, да ја раскажам.
Не можеше да ме почекаш заедно да остариме,
не ce разбра со животот,
набрзиш ја потроши брзината негова
и пушти над главата трева да ти расте,
плот и темен темел да и’ бидеш нејзе.
Дали ти беше мал народот, мала земјата,
дали ти беа малку зборовите, тесно во песната
за да те собере сиот, за да те разберат сите?
Еве, сега пак те тажам и плачам
и, прости дека тоа полека
ми станува и радост, единствена свеченост.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Ти и јас

Во твоите предници две близни потполошки,
кoј пат ќе ги испуштам душата ќе си ја изгрешам.

Таму ти трепериш, ваму воздухот те прераскажува
и моите престапни години се под твое влијание.

Твојот збор е во посета на угнетените народи
и блазе им на ушите што можат да го чујат.

Ти чиниш влези – излези во мојата вртоглавица,
а јас мојот ден го препознавм во твојот.

Ти палиш и гаснеш сегде кај ќе поминеш
а во мене останува огништето и во мене пеплта.

Јас ти ја будам вечната исхрана,
ти ми ги изветуваш дневните пијачки.

Над воздухот што го издишуваш се караат села и градови
и кој за тебе не ќе дознае ќе остане сирак и сиромав.

Ти си најцелосниот душман на моите душмани
и јас ќе бидам победен од моите омилени слабости.

Така ноќна невестулке, така неискажана капко капинко.
така куршуме што мислиш на моето тело,
а ја гаѓаш и погаѓаш само мојата душа.

Петре М. Андреевски
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Тајната на сонувачите - Влада Урошевиќ


Сламки имаат в коса.
Низ огромните ноќи патуваат.
Една кутија со себе носат
и од секаков допир ја чуваат.

Кој е нивниот дом? И каде?
Нивната патека не е измината.
Молчат тие како земјотресот гладен
во срцето на планината.

Со тајната на кутијата
напразно сепак ќе се мачите.
Спијачите си спијат
сонуваат само сонувачите.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Давор Стојановски

Дај ми да бидам горски зајак,
скокалив и шумен со правилна потенција денски.
По падот на правот месечинен,
блажен од твојте испотени бедра,
дај ми да повратам печено месо,
да заиграм бело, крзнено чедо,
да донесам среќа во твојата спална,
под тажните дабје, врз седиот бозел, над горскиот плевел,
врз твојата десна истоштена боска.
Па скокни и ти, со уши до јунско облаче вивнати,
со жалост што дишеш, со студ оти пиштиш.
Одери ме, дај ми да бидам, тоа што не сум.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Тишина - Ацо Шопов

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина ,
тишината сама ќе го рече.
 
V

Vollstandig

Гостин
Школски Другар

Сонцето светит, месечината сјај,
Те сакам бамуја, знај!
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Малку од Матеја Матевски ——

Залез

Румено. Румено. Румено.

Како занесена песна
во синото море
на горите
тоне
залезот.

Од тревите до кавалот
од стадото до облакот
сe` е бујно
запалено.

Од градите до песната
од чекорот до чешмата
сe` е чудно
разгалено.

Стадо в кавал заљубено
ѕвоно в песна изгубено
око в божур залудено

Румено. Румено. Румено.

Дрво во долот I

Има едно мало дрво
осамено и грдо што се ниша
во долот црно чемреење црно

Две гранки има и труп и молчење
и прилега на човек многу страден
закован и закопан во земја

И не памети многу денови
ни снег ни дожд ни ветрови ни треви
ни птица в него гнездо не ткае

Стои така голо како крст
и како човек закован во земја
мртовец чиниш в лице ти се смее

Песочна уста и труп од камење


Дрво во долот II

Ова суво дрво и само
има очи од ветрови јужни
што гледаат преку многу залези

Но ветровите не идат во овој дол
заборавен од бога и од сe`
во мрак што стине

И води и темни карпи се ронат
со крик на ѕверови
да му ги глодаат корите

А тоа сепак стои чиниш в лет
го хранат ветровите сонувани
што гледаат преку многу залези

Ни залезот не е залез во овој дол


Дрво во долот III

Зашто кај нема сонце нема ни мугра ни залез
ни мракот не е оној мрак пред кој се плаче
ни простор нема ни време ни осаменост.

Сe` е глуво. Ништо не постои.
А дрвото сепак расте. Расте полека.
Не знаејќи.

Таму само земјата кроце зборува
дека нешто се случува.
И има еден тенок извор в неа
сe` што знае.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Лажни пророци

Ќе дојде време на лажни пророци
што божем во мое име
ќе ве збираат по плоштадите,
ќе креваат врева до небеси,
ќе се бувтаат во градите.
Немојте да им верувате!
Тие мислат само на себеси.
Бес ги распина внатре
душите да ви ги затре.
Тие варосани гробови!
Не да им станете робови!

Блаже Конески
 

Немирлика

all I need is love, friends & a piano☺
Член од
15 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
126
...ако носиш нешто неизречено,
...нешто што те притиска и пече,
...закопај го во длабока тишина,
...тишината сама ќе го рече.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom