- Член од
- 7 април 2015
- Мислења
- 2.651
- Поени од реакции
- 1.539
Еве ни се ближат и ЗОИ, веднаш после Летните, па ете на 10 дена пред почетокот редно е да се отвори и тема. Овие се 24ти Зимски олимписки игри по ред и ќе се одржат во Беиџинг или Пекинг во Кина. Ова се втори ОИ во тој град после Летните во 2008ма, како и 3ти по ред во тој дел од Азија после Пјонгчанг и Токио. Не може без контроверзи секако, па ете и овие ОИ игри се доста оспорувани со многу повици за бојкот. Оригиналниот план беше да се одржат игрите во Европа, поточно Осло, Норвешка, но поради голем протест и бунт на Норвешките граѓани за претераните и апсурдни барања на Олимпискиот комитет, не можеше да се изгласа буџетот и игрите се преместија во Кина која радо прифати да исполни се што требаше и го победи тесно градот Алмати во конечната трка. Отварањето на игрите е на 4ти Февруари и ќе траат се до 20ти Февруари,
Многу од процедуралните работи се непроменети, па така временската зона е скоро иста како со Токио и Пјонгчанг и настаните кои ќе се одвиваат рано наутро ќе бидат од 2 часот по полноќ до 7часот изутрина, додека вечерната програма ќе биде од 12 до 17 часот. Исто така не се променија ни ТВ дистрибутерите, официјален броадкастер за Европа е Еуроспорт, односно групацијата Дискавери, почнувајќи од игрите 2018та. Тие ќе емитуваат на своите 2 канали, и на некои од останатите канали на Дискавери Групација, преку апликацијата Дискавери плус. Исто така секој спорт ќе биде покриен на Еуроспорт Плејер апликацијата. Исто така имаат задача да отстапат дел од натпребарувањата на ФТА телевизиите, меѓу кои и МТВ, РТС, ХРТ. За оние кои имаат ИПТВ, партнер е и телевизијата БеИН, како и традиционалниот партнер НБЦ за САД. Мала напомена се водам од тоа дека МТВ ќе емитува програма но на следниот линк ја нема како официјален партнер.
И овие игри има неколку нови спортови, поточно дисплини во надеж за привлекување на нови и млади гледачи. Некои од нив се: men's and women's big air freestyle, women's monobob, mixed team competitions in freestyle skiing aerials, ski jumping, and snowboard cross, and the mixed relay in short track speed skating. Јас лично највеќе ги пратам Американските спортисти преку медиуми и се надеваат на голем успех и се во преден план во борбата за медали. Иако не пратам многу зимски спортови, освен X Games Aspen и нешто хокеј, уметничко лизгање. Нема да коментирам многу за натпреварувачите, нешто накратко од TeamUSA главен фаворит кај жените се очекува да биде Микаела Шифрин златната од Сочи и Пјонгчанг, која е во одлична форма Алекс Фереира во фристајл скијање, Елена Мајерс Тејлор имав прилика да ја гледам на Арена Спорт неодамна имаше светски куп во Швајцарија и победи со доста голема разлика во монобоб пред уште една Американка, јасен фаворит за злато. Shaun White мојот омилен, не знам колку е во форма, но дефинитивно еден од фаворитите, Нејтан Чен главен фаворит во потрага за злато против Јузуру Ханју од пред 4 години, како и Клое Ким во Сноуборд и Џон Шустер.
Уште да напоменам дека САД има испратено 222 натпреварувачи, Кина домаќинот има 170, Швајцарија има 168 итн, а ние ако не грешам имаме 3ца натпреварувачи.
Првиот спорт на програмата е на 2ри февруари во 14 часот mixed doubles curling.
Па кои се вашите очекувања од овие ОИ, дали ќе ги пратите исто како летните или помалку, ваши омилени спортисти и останати импресии може да ги споделувате подолу.