Околу пожарите и пожарникарите

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Еве се прибирам,до сега гасневме пожар.....ако кажам дека јас повеќе гаснев од некои од пожарникарите нема да верувате ама сепак ова е вистината.

Значи си идеме ние другарите со кола,и по патот забележуваме една нива/двор како гори со огромен пламен.....и си викаме дај да се приближиме да видиме што е како е....и ѕвониме одма во пожарна.

Одиме до пожарот....што да видиме пекол....неможеш да се приближиш ни на 20 метри пече едноставно....веќе почнува и куќата да ја допира пламенот.

Иде пожарната....и шо да праиш....толку се моќни и они....ние им мкневме црево....они сиромашките у скафандери без нараквици.....ги глеам и си викам....гревови.....

Едниот од нив го гледам со голи раце ги трга изгаснатите дрва што уште жарат(оти чим помине со шмркот врз нив,одма мора да се растргаат тие купишта дрва,за да не разгорат пак).....викам греота е човекот дај да му помогнам.....фатив и ја.....малку беше тоа....дури еден пожарникар ми подаде секира....со нејзе побрзо да работам.....а околу мене пламен и чад.

И така јас си гаснам пожар и им викам еден од пожарникарите...фати и тука....и јас му велам "абе не ме заебавај ти си барем у заштитно одело,ја со обична маичка сум"....коа ми вика "е ај погледни ме мене".....што да видам....и он на маичка на куси.....и ми падна жал....и почнав и ја да расчистувам.

И на крајот кога се изгасна се,кога се погледнав....мислев дека сум оџачар.

Но сепак еден апел до државните институции....да им пуштат некоја паричка на пожарникарите,бидејќи грев е да гаснат со голи раце,без скафандери,без гас маски и сл.

Со еден збор : "срамота е"!!!
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Апели џабе кога се глуви.Да почне да им гори газот тогаш ќе пуштат пари или некој „случајно“ да помогне во палењето на оганче во близина на нивните домови.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Чисто за инфо на народот, кај е ова , и слично , инаку дека с езагревота загревота се, ама што да правиш. Пожарникариве прилепски имаат цистерни по 50 години а за опрема недај боже да им притреба оти ја немаат... така и тие за кои ти пишуваш...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Чисто за инфо на народот, кај е ова , и слично , инаку дека с езагревота загревота се, ама што да правиш. Пожарникариве прилепски имаат цистерни по 50 години а за опрема недај боже да им притреба оти ја немаат... така и тие за кои ти пишуваш...
Веќе кога зборуваш за Прилепските пожарникари еве и јас да кажам нешто си седам на станица во Прилеп чекам воз сум задремал едно време слушнав пукање излегов, гледам гори кафанчето јавување во пожарна ми викаат одма идеме за неполни 2 мин тука беа нели на 500 метра и е базната станица доаѓаат гледаат дека гори седат и викам што не гаснете и тој ми вика не можеме чекаме струјата да ја исклучат после 10 минути доаѓа ЕВН ја исклучуваат струјата пожарникариве сироти имаа една скала која нема ни С од скала се качи од едната страна земаа од кров да прскаат ама арно доле вратата заклучена а од внатре пука ли пука нешто цело време тој што беше чуварот на станицата кажа дека внатре имало неколку плински боци (n) Едниот пожарникар се мачеше да ја отвори вратата а ја маваше со нивна си некоја таму секира сиротиот цели 20 мин скоро непрекинато маваше во вратата да ја отвори со секира замислете... кога веќе ја отворија вратата касно беше внатре пепел се а тој газдата на кафаната што беше внатре чувал канаринци како што сакале да излезат канаринците до прозорот целите беа спржени :confused: на крај кога завршија едниот го прашав добро немате некоја опрема за отварање на врати нешто како моторна пила или нешто сл. и тој ми вика уште од времето на југославија не купија ништо за нас имаме 2 камиони и тоа донација (n) е вака ќе се мучиме да отвараме врати и други работи а и ова што гледаш облекава нема ни С од скафандер а да ја отворевме вратата порано немаше толку се да изгори.... Е тоа тоа одмна Владата нема вложено ни Денар во Пожарна ниту пак во Брза помош во прилеп возат камиони стари уште од титово време уште возат брза помош со лади (n) Да идеме напред Македонијо. Само молисе да не те снајде нешто унаку ојде све упм.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Значи да заокружеме: без заштитни одела, без заштитни маски, опремени со метли, лопати и противпожарни возила постари од самите нив, не знам и дали треба да се нарекуваат пожарникари или налудничави ентузијасти и хуманисти.

Ако во некои земји пожарникарите имаат статус на национални херои, јас не се сеќавам кога кај нас нивните проблеми последен пат биле актуелна тема.

Кое лицемерие владее само еј! И кога ќе цимолиме за од не дај Боже, тогаш ќе треба да се потпреме на нив.

Ах..!

Но од друга страна имаме па една гротескна по малку карикатурална парада на споменици ради нечија ментална онанија и политички маркетинг. Уствари да, со уметноста (во денешно време)за жал може и да се калкулира и да се манипулира.Спомениците зависат од "големината" на уметникот. Противпожарните возила и опрема имаат конкретна цена, малку може да се лапне од евентуалниот тендер.

За среќа човечкиот живот во Македонија е ефтин.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи да заокружеме: без заштитни одела, без заштитни маски, опремени со метли, лопати и противпожарни возила постари од самите нив, не знам и дали треба да се нарекуваат пожарникари или налудничави ентузијасти и хуманисти.

Ако во некои земји пожарникарите имаат статус на национални херои, јас не се сеќавам кога кај нас нивните проблеми последен пат биле актуелна тема.

Кое лицемерие владее само еј! И кога ќе цимолиме за од не дај Боже, тогаш ќе треба да се потпреме на нив.

Ах..!

Но од друга страна имаме па една гротескна по малку карикатурална парада на споменици ради нечија ментална онанија и политички маркетинг. Уствари да, со уметноста (во денешно време)за жал може и да се калкулира и да се манипулира.Спомениците зависат од "големината" на уметникот. Противпожарните возила и опрема имаат конкретна цена, малку може да се лапне од евентуалниот тендер.

За среќа човечкиот живот во Македонија е ефтин.
Би те дополнил, за срам на општинарите, подестувајќи на фактот дека Градот има 6 пајак возила, а Општина Центар, 2 кои „ стопнисуваат и поштено заработуваат “, наместо да за тие пари се набавеше против пожарна опрема и возила за брза помош.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
срамота е што е срамота,не се вложува доволно ни во опрема ни во обука

арно ама да прашам како тие луѓе се нафаќаат да бидат платени за таа работа а кога ќе им дојде редот да се вадат на ова или она ??! абе седи.........
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Ама затоа има милионски врби во Скопје, имаш споменици. Со тие пари можат да опремат добар дел од противпожарните бригади во Македонија. Имаше пример со прилепската пожарна која додека стаса, половина од водата во цистерната беше замината во неповрат.
А тоа за пожарите самиот народ е виновен. Пали стрништа и треви кога ќе му текне.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
По се изгледа ќе треба за жал да има уште многу многу жртви како тие струмичките за да државата свати дека и противпожарна служба и треба а не врби во вардар или други разно разни глупости. Еден таков речи “споменик“ вреди многу повеќе од човечки живот по нивната математика. Не сакам да кобам или да звучам било како но недај боже да некој нивни близок или нивни објект отиде во неповрат поради тоа што пожарната не можела да реагира по сите логички и умствени принципи што се вика. Дал можеби треба да учат на сопствена кожа дека треба нешто да се промени во оваа нашава држава. Знам дека пожарните како и некои други работи се оставени на општините сами да ги финансираат и организираат но по мене тоа е фатална грешка. Можеби поголемите градови ако сакаат (очогледно не им е присакано до сега) можат да направат нешто но што да правиме со мали каде ни на сон не може да вложат колку и да имаат желба... пожар за жал може секаде да избие од човечка глупост. Изгубивме толку манастири, толку историски зпоменици, толку човечки животи поради немањето на брза ефикасна и уиграна противпожарна заштита а лекот е едноставен. Дајте има на луѓето “алат“ за да можат да ја вршат таа благородна работа во која животот го вложуваат во секое излегување на терен...
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.536
Поени од реакции
695
Добро едниот од нив "изградил" споменици од типот на Железара,Охис,МТЗ,ФАС 11 Октомври и други споменици ако се набројуваат ќе ми треба доста време а и нерви од кои споменици ние немаме ништо упс пардон имаат неколку луге околу него и една од неговите најголеми хирови Јас не дозволувам Ауди да дојде во Македонија бидејки мојот баџанак ке треба да ја затвоти Асиба ИМГ (мислам дека така некако се викаше) додека другиов пред некоја година купи 10 противпожарни возила 3 авиони и да изгради споменици кои Скопје заличи на град во кој град сега доагаат туристи и заживува туризмот,Да треба да се купат не 10 туку 110 противпожарни возила но за тоа треба време и пари а бидејки претходниот со неговите споменици не остави ни денар бидејки тоа се скапи споменици кои сите ние тешко ќе може да ги засакаме.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
А како се станува пожарникар ?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во секој поголем град се просек по 5 возила.Значи просек, негде се и 2-3.Во Охрид се 9 или 10 камиони (Нивите не ги сметам, тие се дополнителни) од кои два се германска донација, еден од Шведска со помош на нашите иселеници и еден од последната владина набавка, би требало да е десетти, ова 9-кава знам дека е последната германска донација.

Дури барав слики за ТППЕ Охрид, налетав на една вест дека просечната старост на нивните возила е 28,5 години, а просекот во Македонија е 29 години!Уште еден проблем е непристапноста на голем број површини.А и недостатокот на скали :tapp: :


Една добра работа, ама вакви вежби како оваа во Делчево се потребни редовно на некој пократок период.А и на снимкава ПП возило е сигурно некоја донација, според бојата (n)

Немаме прво професионална институција за образование на пожарникари
Битолските пожарникари одат на обуки во Епинал, Франција.Споредете ја нивната опрема (1 видео) со нашата (2 видео)

И снаодливоста на пожарникарите од ТППЕ Струмица :cuc:

Во Крива Паланка донација од Шведска

Во Дебар донација од фабриката Кнауф Радика

Во Општина Чашка отиде ‘расходот‘ од Општина Велес после добивање ново возило

Исто во Општина Виница отиде расход од Општина Скопје


Малку се возила и луѓе во секој град, особено е видливо во летен период кога пожарникари од еден цел регион одат на помош на колегите.Последно во Ресенско имаше пожар, отидоа поголем дел возила и од Струга, Охрид, и од Битола.
Потребни се минимум 5 возила во помал град, а не како Битола/Прилеп со 4-5 возила на над 100.000 жители...И во места ризични за пожар не е лошо да се оформат станици со по 2 возила (Маврово, селата под Беласица, Пелистер, Шар Планина, Галичица, Осогово), колку да не губат време дури дојдат од главната станица возилата.

Исто и на патиштата по едно возило на Стража, Ѓавато, Плетвар, Буково, Вал. Брдо, Катланово... барем на пофрекфентни патишта и меѓу 2 пооддалечени града.Нека е и во склоп на Македонија Пат, сеедно битно да вршат функција.
И за возилата на Брза Помош, не знам кој би сакал да го возат во Лада Рива произведена пред 25 години.Лани, такво возило на Брзата Помош во Прилеп се подели на два дела за време на интервенција!!!

Лани во Охрид, Кардиолошки Завод доби 2 Спринтери од нашите иселеници во Шведска.Дотогаш немаше сопствени возила за транспорт, се користеа со возила на БП и нормално времето стануваше проблем.А таму одат на лекување луѓе од цела Југозападна Македонија.Изгледа државата немаше време за оваа работа, побитни биле јајцата на коњот сигурно...после ај плаќајте даноци ќе велат :tapp:

Нема да е лошо и да ги спојат сите три служби (Полиција, ППЕ и БП) во еден број за итни случаи и според потребата од тој центар да бидат алармирани единиците.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дури барав слики за ТППЕ Охрид, налетав на една вест дека просечната старост на нивните возила е 28,5 години, а просекот во Македонија е 29 години

Малку се возила и луѓе во секој град, особено е видливо во летен период кога пожарникари од еден цел регион одат на помош на колегите.Последно во Ресенско имаше пожар, отидоа поголем дел возила и од Струга, Охрид, и од Битола.
Потребни се минимум 5 возила во помал град, а не како Битола/Прилеп со 4-5 возила на над 100.000 жители...
.Дотогаш немаше сопствени возила за транспорт, се користеа со возила на БП и нормално времето стануваше проблем.А таму одат на лекување луѓе од цела Југозападна Македонија.Изгледа државата немаше време за оваа работа, побитни биле јајцата на коњот сигурно...после ај плаќајте даноци ќе велат
Tи благодарам на прекрасниот пост и на изобилието информации што ги добивме.
Верувај ми дека се возбудив читајќи го, од помислата колку народни пари имаат фрлено општинските лешинари на зони, рампи, столпчиња, пајак - возила, со кој е преплавено Скопје, а во исто време ПП службата и БП ни се во ваква состојба.
Најгрозно е дека тие општински лешинари, немаат ниту ронка срам, па продолжуваат по, секоја цена, да „ стопнисуваат и поштено заработуваат “ и даваат огромни дотации на двете ЈП, наместо со народните пари да се направи нешто за општо добро.
.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Проблемот во државава се вложува само таму каде што може да се украде најголема пара споменици,огради од мостови , рингишпили ,врби.
Овде некој од лигушине ВМБЛОВСКИ напиша дека владата вложила во два против пожарни авиони. Голем КУР кога сета останата опрема е застарена.
Браќава си крадат на велико,преку проекти. Додека во здравство против пожарна опрема нешта од општо добро не се вложува воопшто.
Едноставно таму не можат да се украдат големи суми на пари.
За мојте пари не ми требаат мене музеи на револуции не ми требаат порти, споменици.
Ми треба опремена против пожарна единица,ми треба градобијна служба,ми треба функционална брза помош, ми треба функционално здравство. Ми требаат служби кој ке интервенираат брзо и навремено,ке го спасат мојот живот и имот ако тоа биде потребно. не ми требаат мене подземни контињери, не ми треба скопје 2014.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom