Од каде да се купувват икони и колку време треба да одлежат во црква?

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 март 2010
Мислења
663
Поени од реакции
465
Od kade kupuvate ikoni dali od prodavnica, tezgi postaveni za praznici pokraj crkvata ili pak mozi od crkva i kako odi postapkata za da odlezi ikonata vo crkva
 
Od kade kupuvate ikoni dali od prodavnica, tezgi postaveni za praznici pokraj crkvata ili pak mozi od crkva i kako odi postapkata za da odlezi ikonata vo crkva

slikani ikoni- so uljeni boi na drvo i uokvireni vo dupla drvena ramka ( inaku se golemi i preubavi ) kupiv od edna galerija pred godina i neshto i gi odnesov vo crkva - da se osvetat -taka mi rekoa, plativ po 500,00 denari za sekoja- a dali bea mesec ili povekje tamu- ne mi teknuva- (vo plan mi e da zemam ushte edna )
vo sekoj sluchaj prashaj si- ke ti kazhat vo bilo koja crkva-
 
и јас имам слушнато дека иконите треба да бидат осветени , па најдобро би било да се прашаш во најблиската црква , они знаат најдобро , поз
 
Od kade kupuvate ikoni dali od prodavnica, tezgi postaveni za praznici pokraj crkvata ili pak mozi od crkva i kako odi postapkata za da odlezi ikonata vo crkva

Иконите би требала да ги купувате во црква бидејќи истите се осветени. Но не е грешка ако ги купите и од некој иконописец кој црта-слика икони а не од некои тезгаџии кои иконите ги симнуваат од интернет ги прават во облик на фотографија и ги залепуваат т.е. кашираат на дрво и ги продаваат поради профит а не се осветени.
Ако иконата ја земате колку да ви биде во домот може да се освети одма, но ако пред таа икона сакате да палите кандило најдобро е да одстои во црква 40-ет дена, овие икони обично се насликани како што реков од иконописец и обочно се на Исус Христос, Пресвета Богородица или на куќната слава.
Бог со тебе.
 
fala za odgovorite, znaci podobro ako ima od crkva da se kupat, e sega me interesira dali i vo crkvite imaat biblija i kolku iznesuva cenata
 
Па ја идам по принципот - Лежано Вино, шо коа ние прајме вино, убавезно виното треба да одлежи едно 2-3 месеци додека се направи убо иначе ако го пиеш порано ќе биди кисело или благо.
Е сеа незнам за икониве, ако ги одлежите многу можи да ви се напраат киселина, а ако ги остајте на кратко благо ќе ви биди, зато најубо потопете ги во расолница, и пијте витамин Це.
 
Во врска со икониве, би сакал некој поупатен да ми ги објасни овие Библиски (Божји) зборови, на што се однесуваат и зошто Бог дава забрани да не се цртаат и резбарат ликови на маж и жена (кои ќе служат за верска употреба или служба т.е. да им се клањаме и да им служиме), бидејќи за истите Бог зборува дека тоа претставува „беззаконие“ во неговите очи:




„Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена....“ (5 Мојсеева 4:16)
....„та да им се поклониш и да им послужиш“....(19 стих)


потоа продолжува.......


„Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас, и да не си правите каквигоде резани ликови, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител.
Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, почнете да вршите беззаконија и направите каковгоде резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господа, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.
(5 Мојсеева 4:23-25)


После овие зборови јас немам „стискаец“ да купам икона, да и се клањам и да ја целивам, да и служам, да и упатувам молитви на таа икона за да ме чуе, да и кадам со кандило,бидејќи убаво е нагласено дека тоа е беззаконие во Божјите очи.


Или јас не можам да го разберам Бога и неговите збороиви и забрани; или некој ги испревртел Божјите зборови, за да си го оправда своето верување, постапки и цели????

Постои една поговорка: „Прилагоди го своето учење и верување спрема Библијата, а не Библијата да ја прилагодуваш спрема своите учења и верувања.“

Мислам дека се е јасно кажано од оваа поговорка. Убедетеме во спротивното ве молам!
 
Убедетеме во спротивното ве молам!

Нема што да те убедиме, темата не е дали треба да се користат икони. Имаш други теми отворени каде се дискутирало види во нив, а овде не оди офтопик.
 
Od kade kupuvate ikoni dali od prodavnica, tezgi postaveni za praznici pokraj crkvata ili pak mozi od crkva i kako odi postapkata za da odlezi ikonata vo crkva

Да се надоврзам на муабетов, иако претходните членови може веќе дале одговор.

1. Иконите се купуваат или од црковен храм или од манастир.
2. При купувањето, треба да прашате дали иконата е или не е (п)осветена.
3. Ако не е (п)осветена, тоа се чини на два начини: веднаш, по молитвите од свештеникот/монахот, или по „одлежувањето„ на иконата во олтарскиот простор од храмот во тек од 40 дена, после кој период пак се врши (п)осветување на иконата од свештеникот.
4. Избегнувајте купување икони од самоповикани иконописци, особено од поединци кои, иако имаат дар за фреско/иконопис, сепак се тоа поединци кои се надвор од Црквата и кои иконите ги изработуваат во своја непокајана состојба.

--- надополнето ---

Во врска со икониве, би сакал некој поупатен да ми ги објасни овие Библиски (Божји) зборови, на што се однесуваат и зошто Бог дава забрани да не се цртаат и резбарат ликови на маж и жена (кои ќе служат за верска употреба или служба т.е. да им се клањаме и да им служиме), бидејќи за истите Бог зборува дека тоа претставува „беззаконие“ во неговите очи:




„Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена....“ (5 Мојсеева 4:16)
....„та да им се поклониш и да им послужиш“....(19 стих)


потоа продолжува.......


„Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас, и да не си правите каквигоде резани ликови, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител.
Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, почнете да вршите беззаконија и направите каковгоде резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господа, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.
(5 Мојсеева 4:23-25)


После овие зборови јас немам „стискаец“ да купам икона, да и се клањам и да ја целивам, да и служам, да и упатувам молитви на таа икона за да ме чуе, да и кадам со кандило,бидејќи убаво е нагласено дека тоа е беззаконие во Божјите очи.


Или јас не можам да го разберам Бога и неговите збороиви и забрани; или некој ги испревртел Божјите зборови, за да си го оправда своето верување, постапки и цели????

Постои една поговорка: „Прилагоди го своето учење и верување спрема Библијата, а не Библијата да ја прилагодуваш спрема своите учења и верувања.“

Мислам дека се е јасно кажано од оваа поговорка. Убедетеме во спротивното ве молам!

Ааааа, сакаш да кажеш дека Бог забранува фреско/иконопис? Погледни по темиве, подоста е и за тоа дискутирано на форумов.
Но, како што напиша претходно членот на форимов, не е мое/наше да те (раз)убедуваме во твоето тековно удебување и однос кон иконите.

Да не должам многу: седмиот Вселенски Собор, за век и вјеков ја расчисти дилемата за тоа дали иконите се или не се идолопоклонство: едноставно-не се!
 
Ааааа, сакаш да кажеш дека Бог забранува фреско/иконопис?

Точно така!!! Штом никаде не одобрува фреско/иконопис, тоа значи дека не дозволува, а како доказ се Божјите зборови цитирани во мојот предходен пост.
Бидејќи преку тие стихови јасно ни е кажано дека во Божјите очи тоа е „беззаконие“, никаде после тие Божји зборови не е запишано дека Бог се раскајал па го дозволил спротивното. Ако го има тоа запишано во Библијата, повели цитирај ги тие Божји зборови каде што Бог дозволува слики, било во Стариот или Новиот завет?


Погледни по темиве, подоста е и за тоа дискутирано на форумов.

Најмалку е важно што е дискутирано на форумов и што е дозволено и заклучено на истиот; Најважно е што Бог заповедал и рекол, но притоа не-пререкол ниту се раскајал за тоа што го рекол и заповедал! А тоа што го заповедал е јасно и гласно кажано од него во Библијата.



Но, како што напиша претходно членот на форимов, не е мое/наше да те (раз)убедуваме во твоето тековно удебување и однос кон иконите.

Како Христијани, должност ви е да ми ги посочите Библиските стихови кои што ви дозволуваат да целивате и да се клањате на икони!!! Бидејќи јас до сега не сум пронашол такви стихови кои дозволуваат икони, а вие ги знаете каде се запишани, христијанска должност ви е да ми ги посочите тие стихови!!! Ако не, ќе ме носите на душа и на овој и на оној свет.





Да не должам многу: седмиот Вселенски Собор, за век и вјеков ја расчисти дилемата за тоа дали иконите се или не се идолопоклонство: едноставно-не се!

....седмиот вселенски собор расчистил за век и веков????????????????? Прашањето е дали Бог расчистил со тоа што го кажал и заповедал, и дали го променил тоа што го кажал и го наредил???

Интересно прашање: кога е одржан седмиот вселенски собор, која година? 787 година? И што правеле Христијаните до седмиот вселенски собор, дали и тие сликале и се клањале на икони? Во никој случај!!!

Тоа значи, едноставно тие се идоли и спаѓаат во ИДОЛО-ПОКЛОНСТВО!!!

Се додека Бог не се раскае и не го промени тоа што го заповедал, останува единствено она што е кажано и заповедано:


„Не вршете беззаконија, правејќи си ликови вајани, секаков вид ликови на маж или жена....“ (5 Мојсеева 4:16)
....„та да им се поклониш и да им послужиш“....(19 стих)


„Гледајте, да не го заборавите заветот на Господа, вашиот Бог, што Он го склучи со вас, и да не си правите каквигоде резани ликови, како што ти заповеда Господ, твојот Бог; бидејќи Господ твојот Бог, е оган, што гори, Бог ревнител.
Ако, пак, ти се родат синови и внуци, и, откако ќе поживеете долго на земјата, почнете да вршите беззаконија и направите каковгоде резан лик, со тоа ќе направите зло пред очите на Господа, вашиот Бог, и така ќе Го разгневите.“
(5 Мојсеева 4:23-25)

--- надополнето ---

Нема што да те убедиме, темата не е дали треба да се користат икони. Имаш други теми отворени каде се дискутирало види во нив, а овде не оди офтопик.

Се извинувам господине „МОДЕРАТОРЕ“. Не знаев дека и тебе те ставиле за Модератор на овој подфорум? ..или можеби си влезен во „филм“ дека и ти си „Модератор“?
Можеби ти летнало „чавчето“, кој знае??????


Во секој случај се извинувам. ......и има кој да каже дали нешто е топик или офф топик......
 
Ѓ/Џокица, не ја загадувај темава, туку наместо да го практикуваш протестантскиот принцип „сола скриптура„, во стилот „...дај ми стих за ова и дај ми стих за она„.., читни малце од линков:

http://preminportal.com.mk/content/view/6223/60/

и работите троа ќе ти се подразјаснат. За православните рисјани, важи принципот „Свето Писмо и Свето Предание„, каде Писмото се толкува преку Преданието, оти Преданието му претходи на Писмото, ана двете им претходи Црквата Христова. Светото Писмо не е од Небесата паднато...

А еве „една„ и од мене до Тебе: најди ми старозаветен или новозаветен стих, во кој е наведен рецептот за сарма од свинско месо, завиткана во лозов лист, разбираш...
 
dzokica е во право, Бог е во сите нас, самиот човек е бог. Барем така јас мислам. Убаво човекот Ви (Ни) дава цитат од Светото Писмо. Е сега ... зошто повејќето лујѓе, христијани, тоа го игнорираме.
 
Ѓ/Џокица, не ја загадувај темава, туку наместо да го практикуваш протестантскиот принцип „сола скриптура„, во стилот „...дај ми стих за ова и дај ми стих за она„.., читни малце од линков:

http://preminportal.com.mk/content/view/6223/60/

и работите троа ќе ти се подразјаснат. За православните рисјани, важи принципот „Свето Писмо и Свето Предание„, каде Писмото се толкува преку Преданието, оти Преданието му претходи на Писмото, ана двете им претходи Црквата Христова. Светото Писмо не е од Небесата паднато...

А еве „една„ и од мене до Тебе: најди ми старозаветен или новозаветен стих, во кој е наведен рецептот за сарма од свинско месо, завиткана во лозов лист, разбираш...

Ова што си го напишал нема никаква врска со Христијанство. Со Православие - ДА, но со Христијанство - НЕ!!

Околу препораката за линкот кој што си го постирал, мојот одговор е: Благодарам, преку глава ми е од линкови на веб поратали, на чии што страни 70-80% е „ паганштина “ убаво запакована со „ целофан“ кој што ни малку нема заедничко со она што треба да биде Христијанство. Паганштина од бајки и приказни, кои што луѓето ги држат во незнаење и Духовно слепило. Наместо тие портали да бидат извор на Духовна храна за народот, тие се полни со суеверие, со Не-Библиски учења и верувања кои што претставуваат ропски јарем за ионака духовно слепиот Македонски народ.
Мојата препорака за тебе и сличните на тебе слепци, е следната: Библијата во раце и читајте, а ако немате Библија (бидејќи тоа им е во корист на вашите духовни ментори да немате, бидејќи ако ја читате ќе ја дознаете вистината и вистината ќе ве ослободи) Бог ви дал и виртуелна електронска Библија, само и само да дојдете до вистината:

http://www.svetopismo.com.mk/index3.php

Јас само замолив некој поупатен во библијата да ми ги објасни Божјите стихови напишани во Библијата, каде што Бог забранува слики, но гледам дека не се најде некој, кој може тоа да го направи.


И за крај околу рецептот за сарма од свинско месо, завиткана во лозов лист, каде што бараш стих од Библијата....мојот одговор е следниот:
При недостиг на одговори и аргументи, вашите православни одговори се дрски, но не само на вас „мирјаните“, туку и на вашите ментори свештениците. Кави учители такви ученици; и не напразно е речено: слеп - слепец води, но и двајцата ќе паднат во дупка.

Еве што пророкувал пророкот за Тебе, но и за таквите како тебе: „Изреки: 1:22 "До кога, незналци, ќе го сакате незнаењето?....До кога глупавите ќе го мразат знаењето?
 
Џокица, еве две прашања од мене до Тебе:

1. Која година Светото Писмо падна од Небесата на Земјава?
2. Зашто во Светото Писмо го нема одговорот кој го барав од Тебе, а кој се однесува на спомената рецептура за сармата? Па неле протестантски принципот, според кој, се што ме „занима„, можам да го најдам во Писмото?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom