Esobar
Македонија над СЕ !
- Член од
- 12 февруари 2008
- Мислења
- 4.895
- Поени од реакции
- 453
Од денеска, 1 септември, важат измените во Законот за избори, со кој на Македонците во дијаспората им се овозможува да гласаат за претседател и за пратеници. Со овој закон дијаспората ќе гласа за три пратенички мандата, со што следниот состав на Собранието ќе брои 123 пратеника
Од денеска, 1 септември 2009 г., согласно со член 99 од Изборниот законик, државјаните на Република Македонија на привремена работа или престој во странство стекнуваат право за избор на претседател на Република Македонија и за избор на тројца пратеници во Собранието на Република Македонија.
„Со ова, покрај тоа што Владата на Република Македонија исполнува уште едно изборно ветување, посебно значајно е тоа што се остварува демократското право на нашите иселеници - државјани на Република Македонија да избираат претседател и да избираат свои претставници во Собранието и непосредно да ги пренесуваат своите ставови и предлози, со цел да јакне исконската врска со матичната земја и нејзината грижа за нив и придонесот на сите нив од сите континенти за нејзиниот развој.
Поради тоа денеска е посебно значаен ден, ден од кој започнува реализација на избирачкото право на државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Тоа е голем ден за сите нас, радосен ден на нашите иселеници и уште една голема победа на демократијата“, изјави министерот за правда,Михајло Маневски, на пазуата Судскиот совет на Република Македонија.
http://forum.com.mk/_tools/article/8029/view