Од в година матичните ќе ни закажуваат на специјалист!

Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Ова е предвидено со Правилникот за електронско закажување прегледи и интервенции што го донесе Министерството за здравство. Правилникот како пилот ќе стартува на 1 декември годинава, а официјално ќе почне да се спроведува од 1 јануари 2013, информира Владата.
- Целта на ваквата реформа е да се смени досегашната организација и функционирањето на македонскиот здравствен систем во овој дел, како и перцепцијата на хаос од страна на пациентите, но и да се намали времето на чекање пред шалтерите од сегашните пет до шест часа на 15 до 20 минути, рече денеска ресорниот министер Никола Тодоров.
Со системот, додаде, ќе се добие и целосна предвидливост на обемот на работа на лекарите.
Согласно Правилникот, матичниот лекар ќе го отвори системот и ќе му каже на пациентот во која здравствена установа има слободен термин за одреден ден, во колку часот и кај кој лекар. Пациентот, зависно како му одговара, ќе одбере каде и кога сака да оди, односно да закаже преглед. Докторот од секундарната здравствена заштита, пак, секое утро го отвора системот и го чита распоредот на закажани пациенти, знае однапред колку се на број.
Закажувањето услуги на терциерно ниво ќе биде по истиот принцип. Системот е многу едноставен и меѓу другото, како што напомена Тодоров, овозможува откажување или презакажување термини преку телефон, СМС пораки и електронска пошта. Со него ќе располагаат сите лекари, од примарното, секундарното и терциерното здравство.
Интервенциите во терциерното здравство ги закажува лекарот самостојно при што го наведува и нивното времетраење.
Според министерот, граѓаните кога одат во некоја здравствена установа многу често се соочуваат со долго чекање или со организација што не е на задоволително ниво, а причината за тоа се два феномена кои зависат главно од менталитетот на здравствените работници и на пациентите.
- Многу често здравствените работници ги закажуваат сите пациенти во исто време. Тоа создава тензија кај нив, но и кај лекарите што, потоа, го намалува квалитетот на услугата. Од друга страна, исто така многу често, добар дел од пациентите наместо во закажениот термин, доаѓаат порано, го занемаруваат фактот дека чекаат зашто не дошле во закажаното време, што повторно создава револт. Ова е карактеристично за речиси секоја здравствена установа, и на секундарно и на терциерно ниво, но е и една од најголемите причини за перцепцијата на хаос, целосна неорганизираност и долгото чекање пред вратите на здравствените установи, посочи министерот.
Оттука, потенцира, новиот систем е сериозен начин да се промени организацијата и перцепцијата за нашиот здравствен систем. Македонија не е ништо помалку од другите земји во кои ваквиот принцип на работа во здравството е одамна прифатен и функционира


Што мислите, дали еден ваков принцип на работа во здравството би функционирал кај нас, или пак ќе имаме навала на жалби oд страна на докторите, и здравствените работници, поради реалната неподготвеност и несоодветното знаење во поглед на информатичката технологија?

Во контекст на темата, не е некој пример но бев сведок на многу случаи, каде сите известувања од ФЗО се праќаат по електронска пошта, а не во писмена форма по пошта, и каде што добар дел од докторите беа затекнати од високите казни кои ги добиле заради тоа што не ги исполниле целите за дадениот месец, бидејќи не ги прочитале известувањата во својата е-пошта, а да не говориме за фактот што има и некои ординации и без интернет приклучок!
Според мене, ваквиот принцип на работа е добар, како што е наведено погоре, но мислам дека мора да се спроведува етапно!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Шо убо ме изнасмеа (y)
пс.Се надевам дека сум во голема грешка, ама со оглед на досегашна пракса...

BTW, ми текна на аватарот на HITCH
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ако почнат со примена уште сега, за 5-6 години ќе профункционира како што треба.
Поздрафче до Тодоров.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ќе профункционира откако 4-5 месеци ќе летаат казни на сите страни за некомпетентните лекари кој немаат основни познавања од областа на информатиката.
Одлична практика ќе е, ако успее да се воспостави како што треба.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
HITCH секоја недела има понеделник, зашто да се брзаме?
Електронските здравствени легитимации дојдоа на ред после едно 4-5 години најавување, ова очекувам исто да биде за толку време. И очекувам да биде попара системот, иако идејата е добра, каква ќе биде реализацијата останува да видиме, а досегашното искуство не оди баш во прилог.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Кога ќе прочитам наслов од типот "промени во здравството" целиот од памет се вадам.. А за ова ќе им треба доста време зошто кај нас се е неред и хаос. Башка до кај се со елетронските картички?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Кога ќе прочитам наслов од типот "промени во здравството" целиот од памет се вадам.. А за ова ќе им треба доста време зошто кај нас се е неред и хаос. Башка до кај се со елетронските картички?
Не функционираат. Сеуште се работи со тефтерите. Едино (а не гледам да е поврзано со електронски картички) можеш онлајн да провериш кој ти е матичен општ и стоматолог.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не функционираат. Сеуште се работи со тефтерите. Едино (а не гледам да е поврзано со електронски картички) можеш онлајн да провериш кој ти е матичен општ и стоматолог.
А што функционира како што треба во оваа држава?:pos:
 

koskar

Џон Клиз
Член од
27 август 2005
Мислења
566
Поени од реакции
360
А што функционира како што треба во оваа држава?:pos:
Рекламите? зборот „ќе“?

шегата настрана, во теорија системот е супер. ама за германија, шведска итн.
кај нас? никогаш нема да проработи, никогаш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom