Сега брзо се разделив со една моја „другарка“,мада не го заслужува тој збор затоа што верувам дека сеуште не ни знае што значи.
Се дружев многу долго со неа,што се вели скоро израснав со неа,но меѓутоа имаше многу работи кои што таа не ги прифаќаше како такви,многу работи кои што несмеев да и ги кажам зошто г-ѓицата се лутеше,а јас како јас несакав расправии...Трпев многу долго т.е. не само јас туку сите во тоа “друштво“,ама трпиш,трпиш и кога ќе ти пукне филм е страшно.
Секоја од нас се и плесна,девојчето се симна на тоа НИСКО ниво за да ни плаче и да не моли за последна шанса,а најтрагично беше тоа кога кажа дека СВЕСНО не контролирала и дека свесно ни се издеравала.:nesvest:
Се вадеше на некои неиздржани работи,но нитуедна од нас не попушти.Сега сите останати се чудат кога гледаат дека воопшто не комуницираме со неа,и сите ни викаат дајте и уште една шанса крај на осмо е,бла бла бла...Ама џабе,секоја си стои на своето.
Знае многу мои тајни,но мои навики и други работи кои што ја прават мојата личност не знае затоа што дури сега сфатив дека она никогаш не ме познавала.Никогаш не ја запознала вистинската Тина,има сосема погрешно мислење за мене и покрај тоа што не сака да го признае сето тоа.
Жалам за секоја секунда помината со неа,за секоја глупост што сум ја лупнала за да ја расположам,жалам буквално за СЕ поврзано со неа ама јебига,тоа е тоа.
Нема назад,а да имаше ништо од ова немаше да заврши вака,затоа што неможе да се стави крај на нешто кое што не ни го доживеало својот почеток...