Ограничувања на социјалните мрежи или целосна забрана

Дали треба да постојат рестрикциии во однос на користење на социјални мрежи?

  • Вкупно гласачи
    55
Член од
13 април 2021
Мислења
3.155
Поени од реакции
10.550
Сите сме сведоци на турбулентните настани кои го потресоа Балканот изминатиот период. Нормално таквите случувања покренаа лавина коментари и дискусии, па логично дека се наметна и прашањето за статусот на социјалните мрежи.

Од она што успеав да пронајдам:

"Од 2015 година, најмалку 71 земја ширум светот го блокирале или ограничиле пристапот на своите граѓани до социјалните мрежи. Најчесто блокирани социјални мрежи се Фејсбук и Твитер". Според аналитичарите ваквите ограничувања најчесто се поврзуваат со недемократските влади.

1. Дали треба да се регулира користењето на социјалните мрежи и дали е тоа должност на поединецот како поединец (да ги селектира содржините до кои самиот има пристап и да го ограничи пристапот на неговите деца), или пак е тоа должност на државата во која живееме?

2. Дали вие мислите дека треба да постојат одредени ограничувања во однос на користењето на социјалните мрежи? Ако да, зошто да и какви ограничувања се прифатливи според вас? Ако не, зошто не?

3. Кои социјални мрежи претставуваат најголем проблем според вас?

4. Дали мислите дека целосна забрана би била казна или благослов, со оглед на времето во кое живееме?
 
Член од
5 март 2023
Мислења
420
Поени од реакции
1.641
Ако се забранат социјалните мрежи во целост, голем дел од нашиве инфлуенСЕРКИ ќе мора да најдат работа во конфекции,маркети, позади МТВ.........
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
495
Поени од реакции
318
1. Drzavata
3. Tiktok
4. Blagoslov
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.116
Поени од реакции
20.201
Последните настани на Балканот немат допирна точка со социјалните мрежи, не знам зошто толкава хистерија околу тоа.

Не треба да постои state-level регулација и ограничување на социјалните мрежи, тоа е должност на поединецот. Тие се, пред сè, алатка, агрегатор на информации и средство за комуникација, кој поединецот си го прилагодува спрема неговите потреби и интереси. Тие веќе имаат вграден систем за регулација и пријавување на несоодветна содржина. Имаат и ограничувања, не може секаква содржина да се објавува.

Никоја социјална мрежа не претставува проблем. Проблемот е до капацитетот на поединецот, и кој за што ја користи таа алатка. И ножот е опасен, се убива со него, па секојдневно го користите како алатка за сечење храна. Е сега, некој го користи и за убивање, јеби га, ама тоа не значи дека треба да се забрани.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.798
Поени од реакции
39.073
инфлуенсерите што ќе биде после со нив? као што рече Моцарт, овие женските у маркети, мушките у лудница најверојатно, или ќе оправаат муабети пред кооперација. Мирољуб ќе им оправа на другарите уз чашка препеченица.
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.645
Поени од реакции
18.119
Последните настани на Балканот немат допирна точка со социјалните мрежи, не знам зошто толкава хистерија околу тоа.

Не треба да постои state-level регулација и ограничување на социјалните мрежи, тоа е должност на поединецот. Тие се, пред сè, алатка, агрегатор на информации и средство за комуникација, кој поединецот си го прилагодува спрема неговите потреби и интереси. Тие веќе имаат вграден систем за регулација и пријавување на несоодветна содржина. Имаат и ограничувања, не може секаква содржина да се објавува.

Никоја социјална мрежа не претставува проблем. Проблемот е до капацитетот на поединецот, и кој за што ја користи таа алатка. И ножот е опасен, се убива со него, па секојдневно го користите како алатка за сечење храна. Е сега, некој го користи и за убивање, јеби га, ама тоа не значи дека треба да се забрани.
Се е точно. Проблемот настанува кога од алатки кои ти помагаат почнуваат целосно да ти го контролираат животот односно се потпираш претежно на нив за активности кои инаку би ги направил во реален живот. Млад човек/дете без животно искуство лесно знае да изгуби допир со реалноста во таква ситуација. На крај од денот сфаќаш дека се што си правел е поврзано со игри, социјални мрежи, филмови и серии. Тоа ти е новата комфор зона, но и почеток на животот во сопствената глава, тој живот не завршува среќно обично.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Треба да се пишува само лични пораки и договарање за гледање во живо така е најдобро. И без сурфање на страни и социјални мрежи. Интернет само за работа и правење пари. Исто така не треба ништо да се игра на електронски, да не се гледаат филмови и серии и да не се слуша снимена музика. Исто да не се гледа никогаш телевизија. Забава само излегување, спорт, концерти, театар, опера, балет, боард гејмс, секс, ресторани, парк, патување и физички игри ништо што треба струја. Така мислам дека е најпаметно.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.260
Поени од реакции
3.191
Цензурата е многу лоша работа, само мазохисти сакаат да биде забранет пристап до информации, медиуми и па и социјални мрежи. Што ако во иднина влада како оваа сега, сака да создаде едноумие и да пласира извртени вредности, ќе има одврзани раце да го направи истото и ќе забранува разни веб страни. Кина и Северна Кореа ли ќе ги копираме?

Луѓе пари прават со помош на тие социјални мрежи. Клиенти имам наоѓано на социјални мрежи. Се повеќе имаме маркетинг агенции од тука што работат за странски пазар преку тие социјални мрежи. Изолација од светот, лимитација на можности. Веќе имаме проблеми со повеќе интернет сервиси (пример PayPal) зашто имаме заостанати закони, не мора уште повеќе.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.368
Поени од реакции
4.744
Владата во Париз претстави предлог закон со кој ефикасно ќе се спречат малолетниците да пристапуваат до порно сајтови.
Во иднина, секој што сака да посети порно-страница ќе мора да добие дигитално одобрение (цертификат) од административно трето лице (банка, телеком или давател на енергија). Овие институции треба да ги издаваат податоците за возраста на автоматизиран начин, без да се открие зошто е поднесено барањето, за да конзумирањето порно остане анонимно.
ЛИНК
 
Тотална контрола на се што правите, абе да можат и сертификат за серење да ви воведат. Бетер од социјалистичка Бугарија станаа капиталистиве.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.368
Поени од реакции
4.744
Тотална контрола на се што правите, абе да можат и сертификат за серење да ви воведат. Бетер од социјалистичка Бугарија станаа капиталистиве.
Поздрав од Џорџ Орвел
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.456
од форумов дури и неколку топ модератори си фатија штрафта како што забележувам во последно време, од што е токсицитет, не се трујат да ги модерираат темите преполни шлајм постој, треба да фати се да избриши, кај е смислата во ова...
Ти што чекаш, што не фатиш штрафта, кој те држи тука...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom