"Огласи" за работа

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Противзаконски е да ограничи само за мажени и со деца на пример, но воопшто не е противзаконски да те праша на интервју како статус имаш за се, не само за брачна состојба. Исто како што не би требало да има клаузула дека работната позиција е отворена само за луѓе од одредена населба, но нормално е да праша каде живеете нели?
Противзаконски е да ме прашува за мојот статус.
Дали сум мажена, разведана, дали имам деца или не, дали планирам да имам или не, дали сум педер, лезбејка тоа и да го интересира, противзаконски е да ме праша.

Исто така, ни јас не смеам на работодавецот да му ги поставам горенаведните прашања.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Да, не смее да ве праша, и ајде сега викајте на сите страни и плачете и барајте помош затоа што е така според закон. На други теми на форумот постојано се коментира и се бара помош како да се избегне плаќање на даноци иако е така е пропишано со закон нели?
Очигледно како што они не го почитуваат законот и многу мина од вас (нас) го правиме истото кога така ни одговара. А кога не ни одговара, е тогаш плачки на големо.
Мислам дека треба за промена да се ставите и на нивно место - на место на менаџер кој сака да направи хармоничен работен тим. Па зарем е нормално да се повикувате на закон дека не смее да ве прашаат каков статус имате ... па тоа е нормален разговор кога со некој седнуваш во кафана на кафе еднаш и никогаш повеќе а не пак со некој со кој ќе го делиш твојот живот.
Не кажав дека статусот треба да биде предуслов, но некому кој сака да те вклучи во својот тим и чив бизнис ќе зависи од тоа кој си ти (во секој поглед не само од брачниот статус) да му забраниш да воопшто разговара на таа тема е тотална лудост.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563

не мора да му забраниш да те праша, ама не смее тоа да му влијае на одлуката за вработување ...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
не мора да му забраниш да те праша, ама не смее тоа да му влијае на одлуката за вработување ...
Да генерално не би требало да влијае, но има многу исклучоци. Сакам во списание да вработам уредник на рубрика брачно советувалиште ... нели ќе прашам каков статус има кандидатот или ќе примам дете кое појма нема што е брак да преведува странски текстови? Или советник за набавка на производи за бебиња, деца, мајки ... зарем нема да барам мајка со 10 деца? Што правиме со вработувањата во АРМ? Вработување на хомосексуалец е како да си пуштил дете во дизниленд ... да, тој може да излаже но во најмала рака не гледам зошто е некоректно да се праша. Не вела дека тој во АРМ ќе силува војници, но верувам и дека другите не се таму за да ги гледаат како сексуални објекти.
Законот, како и секој друг треба да се почитува. Но сепак коментирате за фирми кај кои ова злодело е смешно и да се спомне покрај сите останати за кои и кога ќе се пријават никој не реагира. Дајте не се замарајте со ситници ... ако во саглам фирма некој пецне на вашиот квалитет ќе ве примат со или без деца. А ако не е саглам, џабе и да не ве праша дали имате деца и ве прими ако утре ве малтретира а немате каде да се пожалите.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Да, не смее да ве праша, и ајде сега викајте на сите страни и плачете и барајте помош затоа што е така според закон. На други теми на форумот постојано се коментира и се бара помош како да се избегне плаќање на даноци иако е така е пропишано со закон нели?
Очигледно како што они не го почитуваат законот и многу мина од вас (нас) го правиме истото кога така ни одговара. А кога не ни одговара, е тогаш плачки на големо.
Мислам дека треба за промена да се ставите и на нивно место - на место на менаџер кој сака да направи хармоничен работен тим. Па зарем е нормално да се повикувате на закон дека не смее да ве прашаат каков статус имате ... па тоа е нормален разговор кога со некој седнуваш во кафана на кафе еднаш и никогаш повеќе а не пак со некој со кој ќе го делиш твојот живот.
Не кажав дека статусот треба да биде предуслов, но некому кој сака да те вклучи во својот тим и чив бизнис ќе зависи од тоа кој си ти (во секој поглед не само од брачниот статус) да му забраниш да воопшто разговара на таа тема е тотална лудост.
Проблемот е што работодавците се доживуваат како полубожества, па тие може да прашаат се’, а кандидатот треба послушно да одговара.
Нема проблем да ме праша за статусот (иако е противзаконски), ама и јас да можам да му поставам одредени прашања: дали е оженет, дали е стрејт или е геј, дали дипломирал навреме или не, што му се родителите по занимање, има ли деца и дали планира да има, ако да, сошто, ако не, зошто не...
За да бидаме добар тим, треба и мене да ми е добро на работното место, не само нему.
А одговорите на горенаведените прашања многу ќе влијаат на мојата одлука дали ќе работам таму или не.

Нашите работодавци научиле напамет 20 прашања и си играат „менаџери“ , а немаат основна култура и ете, уште на првата средба го кршат закнот. Треба ли од таков да очекуввам дека ќе ги почитува моите работнички права?:facepalm:

Треба ли и да го жалам? Како оној што вози ферари, па вели: Мислиш лесно ли е да се вози ферари по вакви патишта? :facepalm:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
pLaToOn ептен ме мрзеше да ти го делам одговорот и на секое да ти одговарам..затоа вака ќе направам:
1. Од кога за преведувач ти треба некој во брак?
2. Како тоа мајките се поквалификувани кога станува збор за избор на производи за бебиња,деца?
3. Поголем ПЕДЕР од хомофоб нема!

Дали си ти свесен дека ДИСКРИМИНИРАШ по неколку основи во само 10 реченици? Не дај боже да аплицирам кај тебе за работа....
--- надополнето: 24 септември 2013 во 20:04 ---
langelina 20 прашања? ха, барем да беа толку...пред скоро година дена аплицирав кај еден извршител (ако треба и mail-овите ќе ги ставам тука). ме викна на интервју, прашањата беа да речеме "стручни": каде сум работел, што сум работел таму, што имам образование.... до тука супер, некаков "прв круг" поминав. ми се јавува после 2-3 дена: слушај, што е до мене можеш да почнеш одма, ама имам 4 соработнички кои тебе ќе ти бидат директни шефови, па да те видат и тие. отидов на второ интервју....седнуваме и човеков им кажува дека од мене е презадоволен, дали имаат нешто да ме прашаат. замисли 4 ГЛУПАЧИ (немој некоја да скокне сега да се буни) седат и МОЛЧАТ. 20 мин имаш ДРАМСКА ПАУЗА, за после тоа.... Женет си? Па п*зда ти матер, од сите можни прашања тоа ти текна??? 4 гуски не ме прашаа ама баш НИШТО и тие шефови ќе ми бидат? Ма дај бре
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
pLaToOn ептен ме мрзеше да ти го делам одговорот и на секое да ти одговарам..затоа вака ќе направам:
1. Од кога за преведувач ти треба некој во брак?
2. Како тоа мајките се поквалификувани кога станува збор за избор на производи за бебиња,деца?
3. Поголем ПЕДЕР од хомофоб нема!

Дали си ти свесен дека ДИСКРИМИНИРАШ по неколку основи во само 10 реченици? Не дај боже да аплицирам кај тебе за работа....
Како да ти кажам ... не гледам зошто се распораваш со мене. Па јас кажав дека не треба статусот да е пресуден, но сепак и не гледам зошто истиот би бил тајна. Сум бил во позиција да вработувам и сеуште сум повремено. Притоа никогаш не ми бил битен статусот на кандидатите за да знам дали и колку ќе можам да го експлоатирам. Едноставно не гледам ништо лошо да знам каков е статусот на соговорникот. За мене е многу нормално на пример да знам дали разговарам со госпоѓа или госпоѓица, незнам што е тука лошо. А истиот реално никогаш не влијаел на крајната одлука.
А примерите ако тераш инает да, ќе најдеш милион забелешки. Но јас сеуште мислам дека мајка на одредена позиција поради искуството може да има предност, исто така понекогаш предност може да имаат и кандидати кои не се во брак или немаат деца. Во примерот не наведов дека треба да преведува туку да биде уредник ... затоа и статусот го поврзувам со искуството како надополна на образованието. Што тука е погрешно?
 
Нема ништо лошо во тоа, само што во некои општества кои се далеку поразвиени од нашево и каде има смисла да те прашаат каде се гледаш после 5 години, увиделе дека ОДГВОРИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПРАШАЊА ВЛИЈААТ врз изборот на кандидатот. Затоа и се забранети со закон.
Па ако и ти сакаш да си играш Европјанин, биди таков до крај.
--- надополнето: 24 септември 2013 во 22:07 ---

[COLOR=rgb(46,48,48)][SIZE=2]--- надополнето: 24 септември 2013 во 20:04 ---[/SIZE][/COLOR]
[USER=50169]langelina
20 прашања? ха, барем да беа толку...пред скоро година дена аплицирав кај еден извршител (ако треба и mail-овите ќе ги ставам тука). ме викна на интервју, прашањата беа да речеме "стручни": каде сум работел, што сум работел таму, што имам образование.... до тука супер, некаков "прв круг" поминав. ми се јавува после 2-3 дена: слушај, што е до мене можеш да почнеш одма, ама имам 4 соработнички кои тебе ќе ти бидат директни шефови, па да те видат и тие. отидов на второ интервју....седнуваме и човеков им кажува дека од мене е презадоволен, дали имаат нешто да ме прашаат. замисли 4 ГЛУПАЧИ (немој некоја да скокне сега да се буни) седат и МОЛЧАТ. 20 мин имаш ДРАМСКА ПАУЗА, за после тоа.... Женет си? Па п*зда ти матер, од сите можни прашања тоа ти текна??? 4 гуски не ме прашаа ама баш НИШТО и тие шефови ќе ми бидат? Ма дај бре
Проблемот е што голем дел од прашањата што ти ги поставуваат се бесмислени. Да те прашува некој каде се гледаш за 5 години, а живееш во земја во која пред 10 години имаше војна и која се’ уште е на стаклени нозе?!
Она што треба да го види на интервјуте е дали тој човек може да работи со тебе и обратно. Јас имам колешка по образование која е многу стручна и образована, ама е многу нервозна и напорна и никако не би сакала да работам со неа.
Ексик стручноста, кога нејзиното присуство и негативизам ме исцрпуваат до крај. И ако сака и на месечината нека се гледа за 5 години. СО таква не сакам да работам.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Да генерално не би требало да влијае, но има многу исклучоци. Сакам во списание да вработам уредник на рубрика брачно советувалиште ... нели ќе прашам каков статус има кандидатот или ќе примам дете кое појма нема што е брак да преведува странски текстови? Или советник за набавка на производи за бебиња, деца, мајки ... зарем нема да барам мајка со 10 деца? Што правиме со вработувањата во АРМ? Вработување на хомосексуалец е како да си пуштил дете во дизниленд ... да, тој може да излаже но во најмала рака не гледам зошто е некоректно да се праша. Не вела дека тој во АРМ ќе силува војници, но верувам и дека другите не се таму за да ги гледаат како сексуални објекти.
Законот, како и секој друг треба да се почитува. Но сепак коментирате за фирми кај кои ова злодело е смешно и да се спомне покрај сите останати за кои и кога ќе се пријават никој не реагира. Дајте не се замарајте со ситници ... ако во саглам фирма некој пецне на вашиот квалитет ќе ве примат со или без деца. А ако не е саглам, џабе и да не ве праша дали имате деца и ве прими ако утре ве малтретира а немате каде да се пожалите.
Еве ти го напишаното. Инаку не е никаков инает, едноставно е така. Секогаш влијаело дали некој/а е во брак или не. И ајде уште ова ќе те прашам. Од сите "менаџери" зошто САМО МАЖИ прашуваат? Ниедна жена досега не поставила такво прашање на никој.Сомнително нели? А и тоа дека мајка ќе има предност....жими мајка. Само да не почнуваме кој е подобар родител, едно ќе отидеме на друга тема, друго ќе ме задават жениве овде
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Еве ти го напишаното. Инаку не е никаков инает, едноставно е така. Секогаш влијаело дали некој/а е во брак или не. И ајде уште ова ќе те прашам. Од сите "менаџери" зошто САМО МАЖИ прашуваат? Ниедна жена досега не поставила такво прашање на никој.Сомнително нели? А и тоа дека мајка ќе има предност....жими мајка. Само да не почнуваме кој е подобар родител, едно ќе отидеме на друга тема, друго ќе ме задават жениве овде
Извини, јас реченицата не ја разбирам така ... нејсе, веројатно логиката ни е различна, па еве и нека јас грешам. А дека мајка може да има предност ... е може. Имала кај мене неколку пати. Далеку од тоа дека тоа имало примарно значење, но моментот на мајчинство дошол до израз поради тоа што останатите квалитети на кандидатите биле на слично ниво.
Извини, неможам да се замарам со другите мажи, едноставно немам време за тоа ниту пак имам некаква желба. Знам зошто јас прашувам во разговор и знам дека секогаш помеѓу двајца кандидати на слично ниво ќе го изберам оној кому работата е побитна, без разлика дали е поради тоа што има деца, или можеби нема но дома има родители кои не работат и сл. Тоа се моите ставови, и по нив се водам во животот, а пошто тука генерализирате на големо мене ми останува само да излезам од разговорот.

Нека остане отворено моето прашање зошто одредени членови во оваа тема се бунат за незаконско однесување на менаџерите, а на друга тема во која тие се менаџери го подбуцнуваат или го прават истото. Не мислам дека има потреба истото натаму да се дискутира пошто е многу очигледен одговорот. А ако некому смета моето согледување на таа дволичност, здравје.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
161
Поени од реакции
176
Америчка компанија SFI нуди работа

Барате работа? И тоа работа од дома? Па, уште и да не е физичка? Тогаш изберете ја америчката компанија SFI
Се работи на маркетинг и потребно ви е 1-2часа дневно по сопствена организација. Компанијата нуди повеке видови на заработка од тим до сопствена продавница на интернет и тоа потполно бесплатно. Придружете ни се.
Ваше е само да бидете упорни и да не е откажувате на првата препрека!

Инфо во ПП.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Колку што гледам трае до дваесетти ноември.
Ееее и јас тоа викам. Сабајлево им се јавив и "Завршен е огласот...Стигнаа еден куп пријави (што е тоа еден куп)...Одбравме. -Аха, гледам пишува до 20ти? Е, да. Ама веќе одбравме."
 
Kajgana Shop

На врв Bottom