Праски....ммммм.......:icon_bigg
Овошна "астрологија": вашето омилено овошје ја одразува вашата суштина....
Може да се вметне у темава
Ананас
Брзо донесувате решенија и уште побрзо дејствувате. Имате смелост при промена на кариерата, ако тоа ви е од корист. Имате организациски способности и не се плашите от големината на задачите, кои треба да ги завршите. Самоуверена личност, која е чесна и праведна во односите со другите луѓе. И покрај тоа што немате дарба лесно да создавате пријателства, оние што ќе ги создадете се за цел живот. Ретко, ако не и никогаш, не допуштате романтични предигри. Партнерот често се изненадува на вашите квалитети, но е разочаран од начинот по кој (не) ги покажувате чувствата.
Банана
Сентиментална личност! Нежни, топли и чувствителни – тоа се обожавателите на бананата. Често им недостига увереност во себе си и по природа се доста срамежливи. Луѓето често ја искористуваат добродушноста и очевидната осетливост. Тие го обожаваат својот партнер во секој поглед. Поради карактерот, што го имаат овие луѓе секогаш создаваат хармонија во нивната околина.
Грозје
Учтиви луѓе, но брзо се“палат”. “Изгаснуваат” исто толку брзо. Ја сакаат убавината во сите форми. Популарни се, отворени за комуникација. Имаат вкус кон животот и сакаат се што прават, од начинот на кој се облекуваат до секојдневните задачи, буквално се може да ги воодушеви. Нивниот партнер треба да ги има истите способности ако сака да останат заедно.
Круша
Ако се концентрираат на нешто, можат да го направат успешно, но кога ќе се одолговлечи тие се разсејуваат и имаат тешкотии да ја завршат задачата. Обожавателите на крушите сакаат да го знаат резултатот во работата, веднаш. Сакаат интелектуални предизвици и да навлегуваат во задлабочени дискусии. Неуморни личности се , што брзо се воодушевуваат. Брзо постигнуваат пријателски односи, но тие се многу кратки.
Манго
Обожавателот на манго е личност, со која се сообразуваат. Често тоа се луѓе, кои имаат јасни видувања и да се влијае врз нив не е лесна задача. Тие имаат склоност да се “екстремисти”, со категорично мислење она што сакаат или не. Обично ги контролираат ситуациите. Ги сакаат интелектуалните предизвици. Но, можат да бидат вистински мачиња кога се со партнерот. Со љубовта на својот живот се многи зборлести и попустливи, а силната волја ја оставаат за другите.
Папаја
Навистина безстрашни луѓе кои се справуваат лесно со животот. Мислат задлабочено за проблемите. Имаат чувство за хумор кое заедно со нивната природа придонесува друштвото да ги обожава. Постигнуваат многу во професионален план, како да ја “фатиле цаката” како да бидат на точното место во точното време. Сакаат нови пријателства и авантури. Нивното чувство за хумор е она што го привлекува кон нив спротивниот пол.
Портокал
Ако портокалот е вашето омилено овошје, тогаш вие сте човек кој ги комбинира трпеливоста со силата на волјата. Работите ги вршите бавно, но многу прецизно и докрај и не се плашите од многу работа. Срамежливи сте, но верни пријатели, на кои може да им се верува. Имате осет за естетика. Партнерот го бирате бавно,но внимателно и со мислење. Конфликтите ги избегнувате по секоја цена.
Праска
Исто како и сочната праска, овие луѓе го сакаат сокот на животот. Тие се пријателски настроени и чесни, кое само ги прави уште по чаровни. Брзо простуваат и брзо забораваат и навистина го ценат пријателството. Притежаваат независност и амбиција, а тоа им помага да ги постигнат целите. Љубителите на сочниот плод се идеални љубовници - огнени и страсни, но се чесни и верни во љубовта. Во исто време не сакаат да ја покажат страста.
Цреша
Ако црешите се вашето сакано овошје, животот не е секогаш толку винаги сладок за вас. Често имате врвови и падови, особено во професионален план, кога гледате дека не печелите доволно. Имате богата фантазија и често учествувате во креативни проекти. Вие сте чесен и лојален партнер, но изразувањето на чувствата не е најлесниот дел за вас. Домот е рајот за вас и не сакате ништо повеќе од тоа, да бидете со вашето семејството.
Јабoлко
Сакате јаболка? Тоа значи, дека сте екстравагантен, импулсивен и отворен човек, понекогаш дури “инаетчии”. И покрај тоа можеби не сте најорганизираниот човек, но сте многу добар раководител. Луѓето со јаболката ги движат нештата напред и можат да предприемаат брзи дејства во повеќето ситуации. Овие луѓе сакаат да патуваат. Со партнерот се нежни и мили и зрачат со топлина. Имаат ентузијазам за живот, кој други не можат дури да си го представат.