@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Бугарски КИЦ ја негира македонската нација
07.11.2008 18:25
„Десетте лаги на македонизмот“
„Бугарскиот карактер на македонската нација“, „Десетте лаги на македонизмот“ и слични наслови кои го проблематизираат македонскиот идентитет, дистрибуирани за време на отворените денови на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје.
Тезите кои можат да се прочитаат во дел од книгите, некои од нив и од српски автори, директно го негираат постоењето на македонската нација како различна на бугарската.
Целта е на толерантен начин да се разговара за разликите кои постојат меѓу македонската и бугарската наука, вели директорот на бугарскиот Центар, Спас Ташев, поранешен директор на Софиската агенција за Бугарите во странство и втор човек на партијата на Каракачанов ВМРО СМД, чии антимакедонски дела се изложени со останатите 1.000 книги.
За историјата не треба да говорат луѓе кои не се специјалисти, а досега македонските историчари не реагирале дури за книгите за Тиквешкото востание, Тодор Александров и Крсте Мисирков, имаме добра соработка со Македонија, вели Ташев.
Ташев: Преку КИЦ ја претставувам целосната слика на Бугарија
„Мојата функција како директор е преку Центарот да ја претставам целосната слика на Бугарија. Се разбира во таа слика има и работи кои вам не ви се допаѓаат, но мислам дека со еден толерантен пристап проблемите ќе бидат надминати“, изјави Спас Ташев, директор на бугарскиот КИЦ.
За дел оние што редовно го посетуваат бугарскиот КИЦ, пристапот до бесплатната бугарската публицистика е корисна работа која може да расчисти голем дел од историските заблуди.
За дел од нив, пак, покрај културна мисија, Центарот има за цел ширење на бугарштината во Македонија.
„Замислете, книги како „Десетте лаги на македонизмот“, кои директно го загрозуваат македонскиот идентитет, би било нешто слично кога нашиот Културен центар во Софија би почнал да раздава книги во кои се негира дека постојат Бугарите или дека Бугарите се татари. Јас мислам дека ова е скандал“, изјави посетител.
Вкупно 5.000 посетители годишно ги посетуваат настаните од областа на културата и науката, организирани од бугарски КИЦ.:pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk::pusk:
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=99864