Скопје, 21. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот командант на ОВК за регионот Липково Абедин Зимбери, последниот инцидент во кумановско Гошинце го оценува како „монтиран случај од страна на македонските тајни служби со цел да се мобилизира јавноста против македонските Албанци, објави Журнал.
– Овие случаи се креирани од страна на владата на професионален начин и се направени од страна на Македонци со цел е да ги обединиат Македонците против Албанците. Владата сака да го дефокусира вниманието на јавноста, изјавил Зумбери додавајќи дека во регионот на Липково е мирно и дека Албанците не се заинтересирани за нови конфликти. „Ова е нечиста игра на Груевски. Албанците во Липково веќе не мислат да се борат. Овде, во Липково е тивко, сите си ја работат својата работа. Албанците не се заинтересирани за војна. Таа заврши во 2001 година. Сакаме мир и просперитет“, изјави меѓу другото поранешниот командант на ОВК, Абедин Зумбери.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна, дека во два ипол часот по полноќ во селото Гошинце, општина Липково бил извршен државен терористичпки напад. Според него, четириесет маскирани и вооружени лица со ознаки на УЧК ја нападнале караулата во која имало четворица дежурни полицајци и ги разоружале. На тројца од нив им ги врзале рацете со лисици, почнале да ги удираат, а сетоа тоа го снимале на камера.
Според Котевски, вооружените напаѓачи зборувале на албански јазик, а еден од нив на лош македонски јазик им се обратил со зборовите: „Ние сме од УЧК, пренесете им на сите дека не може да ве спаси ниту Никола Груевски, ниту Али Ахмети, никој не смее да се качи горе, зошто сите ќе бидат ликвидирани“. Откако си заминале напаѓачите, еден од полицајците на кој не му биле врзани рацете, ги одврзал тројцата колеги и тргнале пеш кон селото.
Според првичните информации на МВР, напаѓачите се од Косово, а други детали не беа откриени. Котевски не сакаш ниту да каже дали и кој во моментов ја обезбедува караулата во селото.
– Лицата кои ја завземале полициската станица во Гошинце, Липковско носеле ознаки УЧК, а во станицата влегле околу 02:00 часот утринава, при што разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните, пренесува Нова ТВ.
– Ние сме од УЧК, пренесете дека ниту Груевски ниту Ахмети нема да ве спасат, ние не сакаме Охридски договор, сакаме своја држава, ова им го кажале разбојниците на полицајците. Тие, исто така, имале камера и го снимале инцидентот. (Крај)
извор: Журнал/Тв Нова фото: архива