- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.363
- Поени од реакции
- 84.590
неЈас мислам .
неЈас мислам .
Не, муабетов е онтопик. Од мои и твои пари се прават овие сценарија. Со наши пари се тера циркузов, се праќаат војници и цајкани на џогинг околу караула, се пуштаат хеликоптери да летаат и да ги снима Сител....како летаат. Сега може и ќе бидеме казнети оти ем фрлија 2+ милиони, ем не се одзвавме сите во ехо со "Ви веруваме, о господари на нашата судбина."
Овој мајндсет мислам дека е класично кондиционирање од браќата Срби. Едно големо историско кастрирање. Оти, знаеш, кога ќе погледнеш наназад, факт е дека западната демократија е изградена врз гилотисани глави на цареви и војсководци. На душмани и мегаломани. Цела француска револуција, сосе бонапартистичкиот кабает, е едно монументално историско четиво кое вика дека врз главата на царот и лажните пророци се оформени модерните демократски принципи, каде што следниот владетел во секое негово делување ќе ги има гилотината и кастрацијата на ум, ќе биде доволно исплашен, па како Јован Без Земја векови пред нив, ќе мора да попушти пред желбата за поголеми права и слободи на народот.
Некој сега вика дека ние сме поинаков народ. Послушен, мирен, верен на пастирот. Народ од овци. И да, ако гледаш од формирање на Југославија после втора светска, осамостојување, па до ден денес, таа дефиниција за овци држи вода. Срамот од Срем, пигмејчето Колишевски, срамот од плашливото осамостојување...цела планина општонародно блеење.
Никој, никој не сака да се врати доволно наназад и да се сети на еден Караѓорѓевиќ, на фактот дека дел од овој народ, под силна тортура на великоспрската политика, се одмаздил со тоа што стркалал глава на српски цар. Годините после тоа, фамозната српска милиција, која знаела наместа да брои по еден милиционер на секои 20 жители, до почетокот на војната кршела 'рбет и гордост на луѓето овде. Другарот ја одиграл улогата на добриот цајкан поствоено, со повремени ситни и незабележливи испади и екскурзии до голи оток, исчезнување на дисиденти од лицето на земјата, убивање на некој ситен криминалец што си играл АСНОМ и барал автономија, убивање на некои таму небитни студенти од Струмица...
Ситници.
Тој е тој мајндсет, Брату. Таа великосрпска пропаганда до денес обвисната врз народов како сениште. Никако да не пушти. Иако овие имитаториве не можат да му се фатат на Другарот, добро го разработиле политичкиот континуитет. Знаат и да се продадат како незаменливи и неповторливи, знаат и како да влеат доволно страв и терор за потсвесно во секој од нас да се појави пендракот на српската милиција. Не знам дали коските на Черноземски се мирни, ама знам дека имаме сега нови цареви и позлатени идоли, може редно е да се одважиме и ако не се, да ги смириме.
Епа тогаш не ме убедувај ни за Гошинце, зошто сигурно не работиш и во Агенција за разузнавање таму каде што сега треба да фрштат оставки, а сегашната владеачка гарнитура го десеткуваше буџетот на Агенцијава.Мислам дека е три пати (а може и два не знам). Не можам да ти дадам дефинитивен одговор затоа што не работам во МВР но сепак може да шпекулираме нели? Гранатирање може да се иврши од оддалеченост од 500 - 1000 метри може и повеќе не знам. Значи напаѓачот има време да си оди и никој да не го види. Во вториот случај имаш директен контакт меѓу полицајците и напаѓачите. И зошто мислиш дека е можно за една работа да имаат разузнавачки информации за друга да немаат.
И клучното прашање, ако е се местено, тогаш зошто и Гошинце не го остават без објавени имиња на напаѓачи? Зошто се замарале да измислуваат? Нешто ќе сменеше тоа?
P.S. Дали се чувствуваш загрозен (после 3-4 дена поминати од инцидентов) и дали познаваш некој што се чувствува така. Што се смени после тие гранатирања на владата? Дали имаше барем било какво поместување на политичката сцена?
Треба да внимаваат со хелихоптерите. Колку што имам разбрано, не се баш сервисирани редовно и од стручни лица. Нека ги остават на земја да не се случи некоја непосакувана трагедија.Колку не се интересни со хелихоптериве по 24 часа само прелетуваат безвезе. До пред случајот во Гошинце скоро и да незнаев дека сме имале хелихоптери, а сега одеднаш многу се загрижени за безбедноста. Мислам дека ова е само еден од многуте подметнати случаи од страна на оваа наша власт да внесе страв во граѓаните со цел да се отргне вниманието од големиот број криминали на нејзините членови.
Кој те убедува? Јас сигурно не.Епа тогаш не ме убедувај ни за Гошинце, зошто сигурно не работиш и во Агенција за разузнавање таму каде што сега треба да фрштат оставки, а сегашната владеачка гарнитура го десеткуваше буџетот на Агенцијава.
Не заташкувај со директен или индиректен контакт... знаеме дека сегде во Центар има камери кои снимаат 24/7 (како што тврди МВР). Е сега ако неможат да ги фатат како со RBG-6 ја гаѓаат владата на одалеченост од 500 метри од владата, фрлаат сомнеж дека до крај е расчистен секој друг случај кој се десил надвор од урбана средина каде што нема камери (пр. Монструм).
Интересна теза за функционирањето и механизмите на кои се заснова светот на политиката. Првенствено и пред се, западната, би рекол. Пресликувањето и експлоатацијата на природните законитости на кои учи Кабалата, длабоко вткаени во социјалните интеракции вклучително и политичките системи и односи со цел-напредок на човештвото. Можеби на овој начин одредени современи и популарни теории, па и текови, колку и да го носат епитетот на "глупави" и навидум оставаат впечаток дека се вон здраворазумното размислување, добиваат смисла.Премногу голема улога им придаваш на Србите, тој мајндсет не е присутен само кај нас ќе се сложиш.
Еволуциски изведено, механизмите врз кои треба да функционира политиката се инспирирани од кабалистичкото знаење кодирано во Caduceus на Хермес, т.е. дека само со одржување рамнотежа помеѓу создавањето на доброто и злото, е гаранција за напредок. Односно мора да се создава одредено зло, покрај доброто.
Ако погледнеш 50-100 год. наназад, според верувањата на тогашните владејачки елити, на пр. Потребата за постоење на болшевизмот, било исклучиво добро дело, исто како потребата за постоење на фашизмот била добротворна и возвишена цел.
Но вишокот на “добра“ ја нарушува рамнотежата меѓу спротивставените сили - не' тера во регресија. Затоа е неопходно да се ослободи злото за повторно да се случи еволуција и привремено враќање на рамнотежата. Злото е самоуништување на “добра“-та (во овој пример, војна меѓу болшевиците и фашистите), меѓутоа благодарение на ослободувањето на злото, "човештвото" ќе направи огромен чекор напред и доаѓа до моментално враќање на рамнотежата меѓу силите.
Е сега ти останува да ги замениш болшевизмот и фашизмот со СДСМ и ВМРО
Секое добро.
Некои сметаат дека современата политичка доктрина има попримено најмногу од влијателните идеолози на “слободните ѕидари“ или масони, кому како, кои во 19 век и почеток на 20 век ги поставиле основите на сите покрупни светски политички движења кои се појавиле од тогаш па се' ... до денес.. и кои ќе владеат уште долго во иднина.Интересна теза за функционирањето и механизмите на кои се заснова светот на политиката. Првенствено и пред се, западната, би рекол. Пресликувањето и експлоатацијата на природните законитости на кои учи Кабалата, длабоко вткаени во социјалните интеракции вклучително и политичките системи и односи со цел-напредок на човештвото. Можеби на овој начин одредени современи и популарни теории, па и текови, колку и да го носат епитетот на "глупави" и навидум оставаат впечаток дека се вон здраворазумното размислување, добиваат смисла.
Кај е ова село?Албанските медиуми известуваат дека рано наутро имало полициска акција во село Малинa.
Селаните велат дека немало пукање, но селото е опколено а хеликоптерите летаат непрекинато.
http://lajmpress.com/lajme/maqedoni/55263-banoret-e-malines-kush-na-e-dergoi-policine-jankullovska-apo-ahmeti.html
Мислам негде меѓу Гошинце и Брест.[DOUBLEPOST=1430046653][/DOUBLEPOST]Според претседателот на месната заедница на селото Малино, акцијата на полицијата трае од 3 часот наутро и сеуште е во тек. Според него во селото има 500 специјалци, во секоја куќа има по 10-15 специјалци со маскирни униформи, а веројатно има и надвор од селото.Кај е ова село?
америка нема 500 специјалциМислам негде меѓу Гошинце и Брест.[DOUBLEPOST=1430046653][/DOUBLEPOST]Според претседателот на месната заедница на селото Малино, акцијата на полицијата трае од 3 часот наутро и сеуште е во тек. Според него во селото има 500 специјалци, во секоја куќа има по 10-15 специјалци со маскирни униформи, а веројатно има и надвор од селото.
http://koha.mk/aktuale/36149-aksion-i-madh-policor-ne-maline-fshati-mbetet-i-bllokuar.html
Не знам за тебе, ама јас слабо им верувам.http://telma.com.mk/vesti/pronadejneno-odzemenoto-oruzhje-vo-akcija-okolu-goshince
Кај се сега овие што пишуваа дека е сценарио на Груевски?Доста мешате во секаква работа политика Груевски бил крив, Заев бил крив, очигледно е дека е работава сериозна.Се работи за безбедноста на државава и доста со шпекулации остајте ја полицијава работи.