ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

M

mar30

Гостин
Српски “Блиц”: Самиот врв на власта им платил на Албанците за напад



ŠPIJUNSKA AFERA Sam vrh vlasti platio Albancima za napad

T M. Subota, M. Pejić, I. Hadžiomerović | 24. 04. 2015. - 19:38h | Foto: AP, Reuters | Komentara: 12
Napad na policiju u makedonskom selu Gošince je insceniran da bi se skrenula pažnja sa špijunske afere u čijem je središtu premijer Nikola Gruevski, tvrde bezbednosne službe.


I bivši pripadnik OVK Abedin Zimberi kaže da ceo slučaj liči na vladin scenario
Za napad je, prema nezvaničnim saznanjima nekoliko službi okolnih zemalja, izdvojeno dva miliona evra, a organizovali su ga dvojica vođa kriminalno-terorističke organizacije: Sami Ukšini, zvani Sokolj, iz Đakovice i Rize Bega iz okoline Peći.


Njih dvojica su samo dan ranije imali sastanak sa predstavnicima Demokratske unije za integraciju (DUI), albanske stranke koja sa VMRO-DPMNE čini vladajuću većinu u Makedoniji.





- Saznanja ukazuju da im je novac dat kako bi namerno napali stanicu. Predstavnici DUI bili protiv tog scenarija i na sastanku sa Ukšinijem i Rizom tražili su da se akcija ne izvede. Očigledno je da su njih dvojica postupili po instrukcijama nekog mnogo uticajnijeg - kaže za „Blic“ izvor upoznat sa saznanjima bezbednosnih službi.


Pivovarov: „Konvoj je krenuo u Gošince kao da ide na svadbu“
Prema tim izvorima, cilj insceniranog napada bio je da se skrene pažnja sa afere koju je početkom godine protiv Gruevskog pokrenuo lider opozicionog SDSM Zoran Zaev.




Osumnjičen: Sami Ukšini (desno)
Slično misli i profesor Vladimir Pivovarov, bivši šef makedonske Vojne obaveštajne i kontraobaveštajne službe.


- Već dva meseca Zaev objavljuje telefonske razgovore između predstavnika vlasti iz kojih se saznaje na koji kriminalan način su sprovođeni izbori, kao i o velikim korupcijskim skandalima. I na protestima generala Stojančeta Angelova, koji traži ostavku javnog tužioca, još pre dve nedelje je najavljeno da se sprema nešto ovakvo - kaže Pivovarov.


On dalje navodi naznake zbog čega ceo slučaj deluje kao nameštaljka.


- Napad se desio oko dva sata noću bez ijednog ispaljenog metka. Napadači su zarobili tri policajca, a četvrtog ostavili da oslobodi ostale. MUP je tek nakon 10 sati o incidentu informisao javnost, a 12 sati kasnije policija se u konvojima uputila u Gošince kao da idu na svadbu - dodaje Pivovarov.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не, муабетов е онтопик. Од мои и твои пари се прават овие сценарија. Со наши пари се тера циркузов, се праќаат војници и цајкани на џогинг околу караула, се пуштаат хеликоптери да летаат и да ги снима Сител....како летаат. Сега може и ќе бидеме казнети оти ем фрлија 2+ милиони, ем не се одзвавме сите во ехо со "Ви веруваме, о господари на нашата судбина."

Овој мајндсет мислам дека е класично кондиционирање од браќата Срби. Едно големо историско кастрирање. Оти, знаеш, кога ќе погледнеш наназад, факт е дека западната демократија е изградена врз гилотисани глави на цареви и војсководци. На душмани и мегаломани. Цела француска револуција, сосе бонапартистичкиот кабает, е едно монументално историско четиво кое вика дека врз главата на царот и лажните пророци се оформени модерните демократски принципи, каде што следниот владетел во секое негово делување ќе ги има гилотината и кастрацијата на ум, ќе биде доволно исплашен, па како Јован Без Земја векови пред нив, ќе мора да попушти пред желбата за поголеми права и слободи на народот.
Некој сега вика дека ние сме поинаков народ. Послушен, мирен, верен на пастирот. Народ од овци. И да, ако гледаш од формирање на Југославија после втора светска, осамостојување, па до ден денес, таа дефиниција за овци држи вода. Срамот од Срем, пигмејчето Колишевски, срамот од плашливото осамостојување...цела планина општонародно блеење.
Никој, никој не сака да се врати доволно наназад и да се сети на еден Караѓорѓевиќ, на фактот дека дел од овој народ, под силна тортура на великоспрската политика, се одмаздил со тоа што стркалал глава на српски цар. Годините после тоа, фамозната српска милиција, која знаела наместа да брои по еден милиционер на секои 20 жители, до почетокот на војната кршела 'рбет и гордост на луѓето овде. Другарот ја одиграл улогата на добриот цајкан поствоено, со повремени ситни и незабележливи испади и екскурзии до голи оток, исчезнување на дисиденти од лицето на земјата, убивање на некој ситен криминалец што си играл АСНОМ и барал автономија, убивање на некои таму небитни студенти од Струмица...
Ситници.

Тој е тој мајндсет, Брату. Таа великосрпска пропаганда до денес обвисната врз народов како сениште. Никако да не пушти. Иако овие имитаториве не можат да му се фатат на Другарот, добро го разработиле политичкиот континуитет. Знаат и да се продадат како незаменливи и неповторливи, знаат и како да влеат доволно страв и терор за потсвесно во секој од нас да се појави пендракот на српската милиција. Не знам дали коските на Черноземски се мирни, ама знам дека имаме сега нови цареви и позлатени идоли, може редно е да се одважиме и ако не се, да ги смириме.

Премногу голема улога им придаваш на Србите, тој мајндсет не е присутен само кај нас ќе се сложиш.

Еволуциски изведено, механизмите врз кои треба да функционира политиката се инспирирани од кабалистичкото знаење кодирано во Caduceus на Хермес, т.е. дека само со одржување рамнотежа помеѓу создавањето на доброто и злото, е гаранција за напредок. Односно мора да се создава одредено зло, покрај доброто.
Ако погледнеш 50-100 год. наназад, според верувањата на тогашните владејачки елити, на пр. Потребата за постоење на болшевизмот, било исклучиво добро дело, исто како потребата за постоење на фашизмот била добротворна и возвишена цел.
Но вишокот на “добра“ :) ја нарушува рамнотежата меѓу спротивставените сили - не' тера во регресија. Затоа е неопходно да се ослободи злото за повторно да се случи еволуција и привремено враќање на рамнотежата. Злото е самоуништување на “добра“-та (во овој пример, војна меѓу болшевиците и фашистите), меѓутоа благодарение на ослободувањето на злото, "човештвото" ќе направи огромен чекор напред и доаѓа до моментално враќање на рамнотежата меѓу силите.

Е сега ти останува да ги замениш болшевизмот и фашизмот со СДСМ и ВМРО :)

Секое добро.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Мислам дека е три пати (а може и два не знам). Не можам да ти дадам дефинитивен одговор затоа што не работам во МВР но сепак може да шпекулираме нели? Гранатирање може да се иврши од оддалеченост од 500 - 1000 метри може и повеќе не знам. Значи напаѓачот има време да си оди и никој да не го види. Во вториот случај имаш директен контакт меѓу полицајците и напаѓачите. И зошто мислиш дека е можно за една работа да имаат разузнавачки информации за друга да немаат.
И клучното прашање, ако е се местено, тогаш зошто и Гошинце не го остават без објавени имиња на напаѓачи? Зошто се замарале да измислуваат? Нешто ќе сменеше тоа?
P.S. Дали се чувствуваш загрозен (после 3-4 дена поминати од инцидентов) и дали познаваш некој што се чувствува така. Што се смени после тие гранатирања на владата? Дали имаше барем било какво поместување на политичката сцена?
Епа тогаш не ме убедувај ни за Гошинце, зошто сигурно не работиш и во Агенција за разузнавање ;) таму каде што сега треба да фрштат оставки, а сегашната владеачка гарнитура го десеткуваше буџетот на Агенцијава.

Не заташкувај со директен или индиректен контакт... знаеме дека сегде во Центар има камери кои снимаат 24/7 (како што тврди МВР). Е сега ако неможат да ги фатат како со RBG-6 ја гаѓаат владата на одалеченост од 500 метри од владата, фрлаат сомнеж дека до крај е расчистен секој друг случај кој се десил надвор од урбана средина каде што нема камери (пр. Монструм).
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.414
Поени од реакции
36.348
Колку не се интересни со хелихоптериве по 24 часа само прелетуваат безвезе. До пред случајот во Гошинце скоро и да незнаев дека сме имале хелихоптери, а сега одеднаш многу се загрижени за безбедноста. Мислам дека ова е само еден од многуте подметнати случаи од страна на оваа наша власт да внесе страв во граѓаните со цел да се отргне вниманието од големиот број криминали на нејзините членови.
Треба да внимаваат со хелихоптерите. Колку што имам разбрано, не се баш сервисирани редовно и од стручни лица. Нека ги остават на земја да не се случи некоја непосакувана трагедија.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Епа тогаш не ме убедувај ни за Гошинце, зошто сигурно не работиш и во Агенција за разузнавање ;) таму каде што сега треба да фрштат оставки, а сегашната владеачка гарнитура го десеткуваше буџетот на Агенцијава.

Не заташкувај со директен или индиректен контакт... знаеме дека сегде во Центар има камери кои снимаат 24/7 (како што тврди МВР). Е сега ако неможат да ги фатат како со RBG-6 ја гаѓаат владата на одалеченост од 500 метри од владата, фрлаат сомнеж дека до крај е расчистен секој друг случај кој се десил надвор од урбана средина каде што нема камери (пр. Монструм).
Кој те убедува? Јас сигурно не.
Другото се шпекулации.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.222
Поени од реакции
16.742
Премногу голема улога им придаваш на Србите, тој мајндсет не е присутен само кај нас ќе се сложиш.

Еволуциски изведено, механизмите врз кои треба да функционира политиката се инспирирани од кабалистичкото знаење кодирано во Caduceus на Хермес, т.е. дека само со одржување рамнотежа помеѓу создавањето на доброто и злото, е гаранција за напредок. Односно мора да се создава одредено зло, покрај доброто.
Ако погледнеш 50-100 год. наназад, според верувањата на тогашните владејачки елити, на пр. Потребата за постоење на болшевизмот, било исклучиво добро дело, исто како потребата за постоење на фашизмот била добротворна и возвишена цел.
Но вишокот на “добра“ :) ја нарушува рамнотежата меѓу спротивставените сили - не' тера во регресија. Затоа е неопходно да се ослободи злото за повторно да се случи еволуција и привремено враќање на рамнотежата. Злото е самоуништување на “добра“-та (во овој пример, војна меѓу болшевиците и фашистите), меѓутоа благодарение на ослободувањето на злото, "човештвото" ќе направи огромен чекор напред и доаѓа до моментално враќање на рамнотежата меѓу силите.

Е сега ти останува да ги замениш болшевизмот и фашизмот со СДСМ и ВМРО :)

Секое добро.
Интересна теза за функционирањето и механизмите на кои се заснова светот на политиката. Првенствено и пред се, западната, би рекол. Пресликувањето и експлоатацијата на природните законитости на кои учи Кабалата, длабоко вткаени во социјалните интеракции вклучително и политичките системи и односи со цел-напредок на човештвото. Можеби на овој начин одредени современи и популарни теории, па и текови, колку и да го носат епитетот на "глупави" и навидум оставаат впечаток дека се вон здраворазумното размислување, добиваат смисла.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Интересна теза за функционирањето и механизмите на кои се заснова светот на политиката. Првенствено и пред се, западната, би рекол. Пресликувањето и експлоатацијата на природните законитости на кои учи Кабалата, длабоко вткаени во социјалните интеракции вклучително и политичките системи и односи со цел-напредок на човештвото. Можеби на овој начин одредени современи и популарни теории, па и текови, колку и да го носат епитетот на "глупави" и навидум оставаат впечаток дека се вон здраворазумното размислување, добиваат смисла.
Некои сметаат дека современата политичка доктрина има попримено најмногу од влијателните идеолози на “слободните ѕидари“ или масони, кому како, кои во 19 век и почеток на 20 век ги поставиле основите на сите покрупни светски политички движења кои се појавиле од тогаш па се' ... до денес.. и кои ќе владеат уште долго во иднина.

Нашата политичка сцена е само нуспроизвод на светската политика, па затоа направив таква асоцијација претходно со СДСМ и ВМРО, кои реално мора да се самоуништат меѓусебно за да дојде до исчекор во политичката зрелост на овој народ. Цената за тоа да се случи ќе ја платиме (веќе ја плаќаме долго време) сите ние, но тоа е неизбежен дел од еволуцијата :) која на крајот ќе ни овозможи да се искупиме и можеби да почнеме да живееме во некаква “хармонија“ - како што е потребна ноќта за да настане денот, и животот и смртта..и доброто и злото :) сега ова многу филозофски звучи, ама да не ја внесуваме темава во толку напредна фаза, ако сакаш побарај ја книгата Морали и Догма од Алберт Пике...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.339
Поени од реакции
5.475
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Албанските медиуми известуваат дека рано наутро имало полициска акција во село Малинa.
Селаните велат дека немало пукање, но селото е опколено а хеликоптерите летаат непрекинато.

http://lajmpress.com/lajme/maqedoni/55263-banoret-e-malines-kush-na-e-dergoi-policine-jankullovska-apo-ahmeti.html
Кај е ова село?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.339
Поени од реакции
5.475
Кај е ова село?
Мислам негде меѓу Гошинце и Брест.[DOUBLEPOST=1430046653][/DOUBLEPOST]Според претседателот на месната заедница на селото Малино, акцијата на полицијата трае од 3 часот наутро и сеуште е во тек. Според него во селото има 500 специјалци, во секоја куќа има по 10-15 специјалци со маскирни униформи, а веројатно има и надвор од селото.

http://koha.mk/aktuale/36149-aksion-i-madh-policor-ne-maline-fshati-mbetet-i-bllokuar.html
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Мислам негде меѓу Гошинце и Брест.[DOUBLEPOST=1430046653][/DOUBLEPOST]Според претседателот на месната заедница на селото Малино, акцијата на полицијата трае од 3 часот наутро и сеуште е во тек. Според него во селото има 500 специјалци, во секоја куќа има по 10-15 специјалци со маскирни униформи, а веројатно има и надвор од селото.

http://koha.mk/aktuale/36149-aksion-i-madh-policor-ne-maline-fshati-mbetet-i-bllokuar.html
америка нема 500 специјалци
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
http://telma.com.mk/vesti/pronadejneno-odzemenoto-oruzhje-vo-akcija-okolu-goshince
Кај се сега овие што пишуваа дека е сценарио на Груевски?Доста мешате во секаква работа политика Груевски бил крив, Заев бил крив, очигледно е дека е работава сериозна.Се работи за безбедноста на државава и доста со шпекулации остајте ја полицијава да работи.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.339
Поени од реакции
5.475
http://telma.com.mk/vesti/pronadejneno-odzemenoto-oruzhje-vo-akcija-okolu-goshince
Кај се сега овие што пишуваа дека е сценарио на Груевски?Доста мешате во секаква работа политика Груевски бил крив, Заев бил крив, очигледно е дека е работава сериозна.Се работи за безбедноста на државава и доста со шпекулации остајте ја полицијава работи.
Не знам за тебе, ама јас слабо им верувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom