Неќам да ширам параноја, ама мислам дека после сите овие случувања шо ни се десија, една работа сфативме.
А тоа е дека секоја шпекулација треба да се земе во предвид, со резерва, но да се земе во предвид.
Коа ќе видиш, 90% од работите шо ни беа смешни, на крај испаднаа точни.
Кој го сфатил тоа? Не го разбирам множеството од помали заклучоци кои не довеле до оној конечниот. Еве нека ми го објасни некој. Кои се и какви се тие 90% од работите што испаднале точни? Лесно е да истресеме бројка. Што конкретно во однос на акцијава, од ала-Геро спиновите е точно? Аљи комуницирал. Тоа е точно. Имало веројатно уфрлен човек од служба внатре во групата и тој човек е оној што "избегал". И тоа е веројатно точно. Тој човек, исто така, најверојатно спаси многу животи и Аљи вчера го пушти низ вода на Алсат, за најверојатно да биде ликвидиран. И тоа нека е точно. Ама тоа не се ни 10%, ни 5% од планината шпекулации. Останатите, ако не те мрзи, наброи ми ги. Ако те мрзи, тие 90% ти се во рангот на Геро спиновите и Алсат шпекулациите.
Знаеш што друго е точно? Дека денес Заев со дело го докажа тоа што Мијалков, човекот за кој имам само "убави зборови" го кажа во снимките од бомбата. Дека нема национален консензус за можеби најбитните работи. Сети се на Јаким. Сети се на Смилковско. Сети се на Бродец, на Гостивар '97. На една цела 2001ва, цел рамковен. Гледај пред очи сега, во моментов, што полека ти се сервира, ти се пика под кожа и ти се сугерира дека е најнормално нешто. Помисли на што се однесува кога се кажува "национален консензус" и стави го тоа под непобитноста на фактите од примерите што ти ги набројав погоре. Ако не можеш да се сетиш, прочитај. Во секој од тие имаш еден морбиден национален консензус кај албанците. Јаким онака убил двајца пред ќерка му вели тој национален консензус. Во Бродец тоа биле мирни селани вели тој национален консензус. Зошто уапсиле жена и како смееле да влегуваат во албански куќи додека четири каурчиња и еден возрасен каур лежат на обдукција...вели тој национален консензус. Денес знаеш што полека почнува да излегува на површина? Дека тие копилиња што ни утепаа 8 бранители се, прво ќе биде жртви на политички интриги на власта, па ќе биде борци за права и слободи, на крај народни херои спремни за учебници по историја, со пропратни споменици низ Чаир и западна Македонија. Знаеш зошто? Затоа што на едната страна имаш силен, а на другата никаков "национален консензус". Затоа што веќе почнаа да ни ја продаваат, а за брзо и целосно ќе ни ја продадат таа верзија. Затоа што денес едно магаре наместо да се задржи на конструктивниот дискурс, тргна со снимки, кои, еве ја да шпекулирам малку, можеби биле снимени веднаш по Смилковско, кога сите бевме скршени и малку...реторички....непресметливи, за да руши образ и лице на институциите. За гола власт. За личен профит.