ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Она што мене ме плаши е што опозицијата после големиот митинг во недела остануваат да кампуваат пред влада до оставка на Груевски. Значи дека околу 5.000 демонстранти и активисти на СДСМ ќе останат и 18-ти (понеделник) кога е големиот митинг на ВМРО во центарот на Скопје. Тука неминовно се поставува прашањето дали на 18-ти може да се случи да дојде до судир на двете групи кои ќе бидат присутни на исто место, и да падне крв. Македонецот да удри на македонец што де факто ќе значи можеби и граѓанска војна.

Не знам за вас луѓе ама мене оваа помисла многу ме плаши, ги гледам видеата од украина , исто вака почна и ужасно беше. :(
партиска определба vs национализам
Што мислиш дека ке победи?
 
Во Украина имаше платено снајперисти да пукаат со што ќе се создаде паника и општ хаос по што следуваше тоа што следуваше. Се надевам тука нема такво нешто да се деси,а ако има се надевам некој од амбасадориве ќе биде застреланиот.
 
сум заборавил или си ме потсетил е едно...прво работата е да нема такви случки,второ сега сме 2015 и треба да гледаме напред и да ја кроиме иднината наша и на нашите идни генерации на подобро...
Да, но демократијата не може никој да ја присвои и монополизира, а постои и право на избор, право на глас.. ако земеме најдобро е комунизам и комуни, ( има во Израел се уште кибуци ), ама не успеа тоа, го укинаа дамно и во СССР...
 
дали ако одам на двата протести ке ме направи неопределен или..........?
 
Заев - Нападот во Куманово е дело на власта за да предизвика воена психоза а со тоа и да ги минираат најавените митинзи против власта кои што треба да предизвикаат паѓање на ВМРО.
Заев никогаш после средбата со амбасадорите не изјави дека е Куманово дело на Грујо. Дури и извади податоци дека он лично имал информација дека имало групи кои припремале дестабилизација, не 8 месеци, туку 1 година и 8 месеци.

Тогаш пак ќе го поставам прашањето, зошто тогаш ги маткаше пред све своите истомисленици кога се случи упадот во караулата и тврдеше дека е тоа дело на Грујо. Тоа мене ми личи на намерно рошкање во безбедноста на Македонија.

После две противречни изјави за многу кратко време, човеков е фатен во лага, и никој тука на форумов не се запраша зошто Заев лаже и продолжуваат да го следат како слепи. А јас прашањето го поставувам од 21 Април до сега и немам сеуште одговор.
 
партиска определба vs национализам
Што мислиш дека ке победи?
Повеќе би рекол дека е партиска определба вс друга партиска определба. Конфликт меѓу два мафијашки клана во Македонија, едните под маска на левица другите под маска на десница. Играта е многу поголема . Ќе не втурнат во војна од која сите ќе патиме
 
Неќам да ширам параноја, ама мислам дека после сите овие случувања шо ни се десија, една работа сфативме.
А тоа е дека секоја шпекулација треба да се земе во предвид, со резерва, но да се земе во предвид.
Коа ќе видиш, 90% од работите шо ни беа смешни, на крај испаднаа точни.

Кој го сфатил тоа? Не го разбирам множеството од помали заклучоци кои не довеле до оној конечниот. Еве нека ми го објасни некој. Кои се и какви се тие 90% од работите што испаднале точни? Лесно е да истресеме бројка. Што конкретно во однос на акцијава, од ала-Геро спиновите е точно? Аљи комуницирал. Тоа е точно. Имало веројатно уфрлен човек од служба внатре во групата и тој човек е оној што "избегал". И тоа е веројатно точно. Тој човек, исто така, најверојатно спаси многу животи и Аљи вчера го пушти низ вода на Алсат, за најверојатно да биде ликвидиран. И тоа нека е точно. Ама тоа не се ни 10%, ни 5% од планината шпекулации. Останатите, ако не те мрзи, наброи ми ги. Ако те мрзи, тие 90% ти се во рангот на Геро спиновите и Алсат шпекулациите.

Знаеш што друго е точно? Дека денес Заев со дело го докажа тоа што Мијалков, човекот за кој имам само "убави зборови" го кажа во снимките од бомбата. Дека нема национален консензус за можеби најбитните работи. Сети се на Јаким. Сети се на Смилковско. Сети се на Бродец, на Гостивар '97. На една цела 2001ва, цел рамковен. Гледај пред очи сега, во моментов, што полека ти се сервира, ти се пика под кожа и ти се сугерира дека е најнормално нешто. Помисли на што се однесува кога се кажува "национален консензус" и стави го тоа под непобитноста на фактите од примерите што ти ги набројав погоре. Ако не можеш да се сетиш, прочитај. Во секој од тие имаш еден морбиден национален консензус кај албанците. Јаким онака убил двајца пред ќерка му вели тој национален консензус. Во Бродец тоа биле мирни селани вели тој национален консензус. Зошто уапсиле жена и како смееле да влегуваат во албански куќи додека четири каурчиња и еден возрасен каур лежат на обдукција...вели тој национален консензус. Денес знаеш што полека почнува да излегува на површина? Дека тие копилиња што ни утепаа 8 бранители се, прво ќе биде жртви на политички интриги на власта, па ќе биде борци за права и слободи, на крај народни херои спремни за учебници по историја, со пропратни споменици низ Чаир и западна Македонија. Знаеш зошто? Затоа што на едната страна имаш силен, а на другата никаков "национален консензус". Затоа што веќе почнаа да ни ја продаваат, а за брзо и целосно ќе ни ја продадат таа верзија. Затоа што денес едно магаре наместо да се задржи на конструктивниот дискурс, тргна со снимки, кои, еве ја да шпекулирам малку, можеби биле снимени веднаш по Смилковско, кога сите бевме скршени и малку...реторички....непресметливи, за да руши образ и лице на институциите. За гола власт. За личен профит.
 
Последно уредено:
Заев никогаш после средбата со амбасадорите не изјави дека е Куманово дело на Грујо. Дури и извади податоци дека он лично имал информација дека имало групи кои припремале дестабилизација, не 8 месеци, туку 1 година и 8 месеци.

Тогаш пак ќе го поставам прашањето, зошто тогаш ги маткаше пред све своите истомисленици кога се случи упадот во караулата и тврдеше дека е тоа дело на Грујо. Тоа мене ми личи на намерно рошкање во безбедноста на Македонија.

После две противречни изјави за многу кратко време, човеков е фатен во лага, и никој тука на форумов не се запраша зошто Заев лаже и продолжуваат да го следат како слепи. А јас прашањето го поставувам од 21 Април до сега и немам сеуште одговор.
Ова може да се сублимира во изјавите на нивните приврзаници, аналитичари, новинари итн. Постојат главно тие две линии кои што се присутни во јавноста во зависност од тоа кој портал се чита и чиви аналитичари настапуваат.
Не претендирам на ничива вистина, ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
За групата во Куманово има изјави дека биле потплатени од власта, можеби Заев не дал таква изјава но некој од неговите новинари, аналитичари сигурно..
 
Повеќе би рекол дека е партиска определба вс друга партиска определба. Конфликт меѓу два мафијашки клана во Македонија, едните под маска на левица другите под маска на десница. Играта е многу поголема . Ќе не втурнат во војна од која сите ќе патиме
другарче партија против партија ок затоа напишав партиста определба, но очигледно имаме и закана од браќава, местено иле не местено, платеници или терористи, нас на сите ни се деси Куманово, ме можеме тоа да го негираме и заборавиме. Што ни гарантира дека нема да има пак вакви напади, њто ако стварно ни Мерцедесов ни Корнишонов немаат везе со ова?
Јас мислам после кулминацијава во нареднава недела, ќе ни биде малце појасно дали тоа беа терористички напади
Еве на пример, ако си терорист и сакаш да има цивилни жртви, кој дадум у Македонија е најпогоден за тоа? ;)[DOUBLEPOST=1431719114][/DOUBLEPOST]
pametno e da ne odiš na nieden protest, a neopredelen si ako ne izlezeš na glasanje...
грешка треба да излезеш и да го пречкрташ ливчето, зашто некој друг може да гласа за тебе
пс....само онака го поставив...саркастично
 
Во Украина имаше платено снајперисти да пукаат со што ќе се создаде паника и општ хаос по што следуваше тоа што следуваше. Се надевам тука нема такво нешто да се деси,а ако има се надевам некој од амбасадориве ќе биде застреланиот.
За еден протест да премине во револуција потребен е ДЕТОНАТОР, во Украина таков детонатор беа снајперистите што пукаа во демонстрантите. Во други земји се уфрлале вооружени групи меѓу протестантите кои отвараа оган врз полицијата,а во трети земји полицијата отвараше оган врз демонстрантите. Како и да е прашањето не е дали ќе има снајперисти кои ќе пукаат како во Украина, туку дали ќе има ДЕТОНАТОР на протестите во недела и понеделник што протестите ќе ги претвори во револуција. Како таков детонатор за револуција може да се искористи крвав судир меѓу две групи.
 
другарче партија против партија ок затоа напишав партиста определба, но очигледно имаме и закана од браќава, местено иле не местено, платеници или терористи, нас на сите ни се деси Куманово, ме можеме тоа да го негираме и заборавиме. Што ни гарантира дека нема да има пак вакви напади, њто ако стварно ни Мерцедесов ни Корнишонов немаат везе со ова?
Јас мислам после кулминацијава во нареднава недела, ќе ни биде малце појасно дали тоа беа терористички напади
Еве на пример, ако си терорист и сакаш да има цивилни жртви, кој дадум у Македонија е најпогоден за тоа? ;)
17-ти и 18-ти мај , нормално. Сите капацитети и ресурси на МВР ќе бидат насочени кон Скопје и протестите, што останатите институции во државата ќе ги остави потенцијално незаштитени и ранливи.;)
 
За еден протест да премине во револуција потребен е ДЕТОНАТОР, во Украина таков детонатор беа снајперистите што пукаа во демонстрантите. Во други земји се уфрлале вооружени групи меѓу протестантите кои отвараа оган врз полицијата,а во трети земји полицијата отвараше оган врз демонстрантите. Како и да е прашањето не е дали ќе има снајперисти кои ќе пукаат како во Украина, туку дали ќе има ДЕТОНАТОР на протестите во недела и понеделник што протестите ќе ги претвори во револуција. Како таков детонатор за револуција може да се искористи крвав судир меѓу две групи.

Нема револуција кај анс зашто не споредувате со народи кои имаат такви гени? Немаме ние сеуште таков менталитет, да бевме поголема држава можеби ќе имаше таков моемнт, но ние сме мала земја каде секој со секого се знае. Гледаш да не беа амбасадорите немаше ниту оставки да се поднесат. Едино што може е да има некој инцидент пошто има будали со испрани мозоци, е сега не знам дали тоа може да прерасне во нешто поголемо но секако нема да биде добро и ќе остави траен белег.
 
Се сеќавате сите на сцената од Крушевската република и одлуката на Никола Карев да се повлечат пред големата сила, да наведнат глава и неговото образложение во врска со тоа, наспроти одлуката на Питу Гули да остане да ја брани републиката...

Колку е паметно да се оди контра против една голема сила и дали тоа може многу, премногу да ја чини државата...

Состојбата е алармантна во Македонија и се заострува, затоа обележената страна како непожелна во оваа ситуација мора да наведне глава инаку ќе биде полошо ....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom