ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
25 март 2012
Мислења
8.449
Поени од реакции
4.937
mojot vujko so trite negovi rodnini usushte se vo policija
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Еве ти потврда на тоа што го зборам, со успешен спин на големите медиуми се форсира тема дека сето ова е за некој глуп гасовод и дека можеби тоа го оправдува прислушкувањето назад 6-7 години.
Кој медиум? И овие провладиниве не сум ги слушнал гасоводот да го замешаат. Од друга страна имаше јаки спинови од двете страни вчера на нет. Факт е дека влијанието е еднакво кога ќе видиш кои луѓе кој медиум го користат. Постарите ТВ помладите интернет.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
mojot vujko so trite negovi rodnini usushte se vo policija
обемно испрашување им прават,сериозна е ситуација.за вакви работи не земаат само име и презиме и мобилен.
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
79
Поени од реакции
30
Еве ти потврда на тоа што го зборам, со успешен спин на големите медиуми се форсира тема дека сето ова е за некој глуп гасовод и дека можеби тоа го оправдува прислушкувањето назад 6-7 години.
друже кога сме во тотален медиумски мрак сите опции се во игра, се треба да биде запрашано
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.622
Поени од реакции
43.469
Луѓе, ве молам, значи од се срце ве замолувам да не го политизирате ова што се случува моментално. Јанкуловска, која изузетно ја презирам и не можам да ја поднесам, вчера даде доста добар одговор на прашањето дали стои СДСМ зад ова или дали овој настан има било каква политичка позадина. Рече дека премногу е сериозна ситуацијава за да може да се кажат такви работи и да може некој да исценира таква ствар.

Затоа од се срце ве замолувам, уште еднаш, не мешајте баби и жаби, веќе загубивме седум наши драги пријатели/роднини/познаници, и тоа во еден ден, што е преголема бројка. Тажен ден за Македонија, не додавајте сол на раната...
Логиката дека зад ова стои опозицијата само човек со саката амеба во глава наместо мозок може да ја турка, дури ни Латас не верува во ова сценарио, Јанко разочарано го гледаше кога ја тргна вината од опозицијата очекувајќи дека на нив ќе удри, а не удри ...
Зашто би стоеле сдсм, би платиле на криминална организација, би ги ставиле во Куманово и пази, би ризикувале дел од нив да бидат фатени, а можноста за тоа е голема, и после они да пеат, значи нема теорија и никаква логика они да се впуштат во таков ризик и да го јадат еднаш засекогаш, поготово не во ситуација кога за прв пат во раце поседуваат материјал кој може и те како да и наштети на моменталната власт. Па сдсм не се од вчера опозиција, сдсм се 9 години опозиција, во тој период дури и Бранко им се врати во партија, значи 9 години не исценирале буквално ништо, кога биле и во фул состав, и сега кога конечно им се отвори простор за контра напад, они се дрзнале вакво нешто да прават.

Колку човек само треба да е наивен и ограничен за да верува во едно вакво сценарио ...
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Јас разбирам осетливост на ситуација и се ама МВР мора да изглегуваат со детали за тоа што се случува. Вчера до 22.30 немаше потврда за загинати кога веќе цела Макдонија знаеше дека има. Срамота е да повеќе информации да добиваме од твитер и фб наместо од медиуми. Не се разбирам од стратегии и тактики ама не можам да разберам како во ек на целите збиднувања кога од секаде слушаш повредени и загинати на нашите телевизии да даваат турски серии и ѕвезде гранда. Се уби народот од шпекулирање и креирање теории и со право зашто никој не излезе да брифира официјално.
Дополнително, каков црн прес одржа оној монструмот наречен министерка вчера. Во ек на вонредна состојба она излегува со очи на пола копје или издрогирана од лекови за смирување или лоша глума и едвај збори. Каква сигурност ми дава она на мене како граѓанин кога ја гледам таква посерена. Во неа ли да верувам дека е способна да разбие терористичка група.
Пак ќе кажам не сум експерт, ама не можам да разбрам како толку многу жртви (загинати и повредени), кој ја кординирал акцијата и како можеле да си дозволат толкави штети. И како и после 24 саати со сите тие ресурси теренот сеуште не е расчистен. Каква слика остава тоа за нашите институции? Дека може секој од секаде да не нападне и да ни ебе матер?
Не сакам да прејудицирам ама мислам дека овде некој ги згрешил математиките. Сакајќи да излезат херои со што ќе ја повратат наклонетоста на народот организираат акција против група за која и предходно имале сознанија дека е присутна мислејќи дека за еден саат ќе расчистат се неочекувано наидуваат на поголем отпор и фатени неспремни испраќаат во смрт едно чудо полицајци.
Кој стои позади ова нема да коментирам. Само сакам да кажам дека е срамно што цел политички врв заедно со своите медиуми шири политичка пропаганда и пробува да поентира. Наместо да се организираат да најдат начин како да помогнат цело време се препукуваат овој бил крив, оној бил крив. Провидни се и одвратни.
И да, секоја чест на премиер и претседател и цела власт што имаа доблест да излезат да дадат соочувство за на фамилиите на загинатите кои беа искористени како топовско месо за да нивните газови сè уште ги грејат фотељлите. Проклети да сте бездушници!

Вечна им слава на загинатите и сочувство до нивните фамилии...
 
Последно уредено:

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Логиката дека зад ова стои опозицијата само човек со саката амеба во глава наместо мозок може да ја турка, дури ни Латас не верува во ова сценарио, Јанко разочарано го гледаше кога ја тргна вината од опозицијата очекувајќи дека на нив ќе удри, а не удри ...
Зашто би стоеле сдсм, би платиле на криминална организација, би ги ставиле во Куманово и пази, би ризикувале дел од нив да бидат фатени, а можноста за тоа е голема, и после они да пеат, значи нема теорија и никаква логика они да се впуштат во таков ризик и да го јадат еднаш засекогаш, поготово не во ситуација кога за прв пат во раце поседуваат материјал кој може и те како да и наштети на моменталната власт. Па сдсм не се од вчера опозиција, сдсм се 9 години опозиција, во тој период дури и Бранко им се врати во партија, значи 9 години не исценирале буквално ништо, кога биле и во фул состав, и сега кога конечно им се отвори простор за контра напад, они се дрзнале вакво нешто да прават.

Колку човек само треба да е наивен и ограничен за да верува во едно вакво сценарио ...
Вмро е тогаш?
Дпа,Дуи?
 
Па не мора да е свесно влезена во таа игра опозицијата. Они одработуваат политички (снимки) друг на терен - резултат ослабната сјебана држава. Само поентата е да не се развиваат било какви теории барем не овие два дена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom