- Член од
- 13 јули 2010
- Мислења
- 2.795
- Поени од реакции
- 6.209
Работата е во тоа што карбонот сака и бара редовно одржување и хигиена, а нашите ловци и месари не се баш по хигиена. Карбонот бара после секоја употреба темелно чистење и сушење. Нормално е ако со ист нож сечеш се и сешто и притоа само го забришуваш (или воопшто не го бришеш) да стане извор и преносител на зараза. СС од друга страна се практични и за мрзливи и не бараат скоро никакво одржување, но неможат да ги постигнат перформансите на карбонот. И едните и другите ножеви си имаат свои предности и недостатоци и тоа што во една ситуација е предност во друга е недостаток. Но не е во ред да се каже дека карбон ножевите се небезбедни за храна само затоа што нивните корисници се мрзливи и неодговорни.