eMilanist
Ursus domesticus
- Член од
- 27 септември 2007
- Мислења
- 2.401
- Поени од реакции
- 1.832
Значи пак, збориме за outdoors нож, не за алатка во кујна. Разликата е во тоа што со едниот ќе исечеш (исецкаш, издробиш или што и да е) храна за еден евентуално двајца луѓе, а со другиов треба да стаиш куварска капа и да работиш со него 8 саата минимум, да направиш јадења за којснае каолку луѓе за да извадиш плата. Со првиот ќе сечеш (потенцирам ќе СЕЧЕШ, не ќе цепиш или ќе праиш колови за 10 ари патлиџани да сееш) и дрва пошто во природа освен дрва не знам дали би нашол друг материјал за сечење (гума, пластика, бетонски плочи и такви работи има на џубриште, не во природа) за евентуално да ти притреба да направиш нешто од дрвото (пак ќе напоменам друг материјал во природа што може да се употреби освен дрво нема). И пак со ножот (макар и Швајцарски преклопен да е) ако толку имаш фобија од кучиња ќе наостриш еден стап од 1.8 метри кој ќе го користиш и како стап за одење и ете ти копје, кое е во секој случај подолго од секој нож. А не знам колку е разликата во самоодбрана ако имаш сечиво од 12 цм кое може да го користиш и за пофини работи, и од друга страна да имаш сечиво од да речеме 16 цм кое може да го користиш за многу погруби работи, да ти смета на појас, да ти смета во рака кога работиш и да мора да се одмараш после 15 минути работа со ножот.
И нели е малку глупо кога во друшто ( на риболов или на пикник нека е) кога од 6-ина само ти имаш ножиште од 16 цм, еден има швајраско ноже - кое ќе го искористите да отворите и некоја флаша и некоја конзерва и да исечете леб, па и да испилате некоја гранка ако треба со пилата, а другите да те гледаат како да си зомби килер или психо со ножот).
Ножот секогаш го користам како алатка за сечење и како ништо друго, за пилање имам бахчо преклопна пила која тежи многу малку, и минимум швајцарец со отварачи на него.
Немам коментар за секирата.....исто како да се жалам дека ножот од пазар што сум го купил 100 денари ми се искривил при работа. Секирите се друга категорија, нашите што имаат г форма се за цепење, а и должината на рачката има многу улога и секако, многу е битно како е главата на секирата стегната на рачката.....тоа е веќе друг муабет.
Serreted сечивата се измислени за во кујна (сечење зеленчук и такви работи), на терен не е можно да се наоштрат....и да, со нив не е можно да се сече дрво, што пак ќе кажам во природа е најчест материјал што го користиме.
Дечки, не ми е намера да ви наметнувам мое мислење, само се обидувам да напишам за ножевите некои основни работи, колку да излеземе од онаа Рамбо ера на ножевите што Холивуд ни ја наметна (дека што е подолг ножот-толку подобро, уште да има и пила на него).
п.с. пак имам осет дека сум досаден.