eMilanist
со што ги обработуваш сечивата, дали имаш belt grinder, веќе подолго време следам по интернет изработка на ножеви но никако да се решам да пробам да направам, најактуелно моментално ми е изработка на нож од стара турпија, од алат имам брусалица,за сечење, менгеле,стеги,еден стар (ке заврши работа) bench grinder, којшто планирам да го користам за грубо обликување на сечивото, и после стругање со турпија/гланц папир.
е сега како искусен да ми кажеш дали може да се направи нож со оваа мала опрема или залудно ни да не пробувам, знам дека ке ми треба многу време за рачното шмирглање ама друг начин не гледам.