Нов и надополнет Правопис на македонскиот јазик

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Друштво, дали дознавте дека добивме нов правопис? :)

Минатата недела беше промовирано новото издание на Правописот на македонскиот јазик, поддржанo од Министерството за култура на РМ. Бидејќи од последното поминаа речиси 20 години, новото издание предизвика големо интересирање, имајќи ја предвид динамиката со која се развива светот, а со тоа и јазикот. Редакцијата ја сочинуваат проф. Живко Цветковски (претседател), Елка Јачева-Улчар, Снежана Веновска-Антевска и Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и проф. Симон Саздов од Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вкупниот број на автори и соработници е 48.

Сите поглавја на Правописот на македонскиот јазик претрпеле измени, дополнувања и објаснувања.

Во поглавјето За пишувањето на гласовите, на пример, се дозволува двојна форма кај филозофија/философија, нема едначење по звучност кај зборови со префиксите пост-, транс-, дис- (дисбаланс, постдипломски), потоа себство, а не сепство.

Има многу дополнувања кај употребата на голема буква, дадени се примери и решенија за некои дилеми. Со голема буква се пишуваат сите составни делови на имињата на небесните тела (Бодеева Галаксија, Мал Магеланов Облак, Сончев Систем), официјални и неофицијални имиња на држави: Југословенска Федерација, Турско (Османлиско) Царство, како е Европска Унија. Со сите големи букви се пишуваат и региони, котлини, долини (Битолски Регион, Скопска Котлина, Вардарска Долина), имиња на пештери, кањони, клисури (Дуова Пештера, Гранд Кањон, Демиркаписка Клисура), неофицијални имиња на градови: Градот на Светлината, Големото Јаболко и сл. Социјалните мрежи и компјутерските програми се пишуваат со голема почетна буква: Фејсбук (нема дилема веќе помеѓу Фејзбук и Фејсбук), но фејсбук-статус, Мајкрософт ворд итн.

Сложените хемиски соединенија досега се пишуваа слеано (метилалкохол, сулфурводород), а отсега оние на кои составните компоненти не им се поврзани со составна самогласка -о (хлороводород), ќе се пишуваат одвоено: сулфур диоксид, калиум цијанид.

Кај употребата на цртичка правилото е дека со цртичка се поврзуваат две именки тогаш кога членот се јавува кај втората (спомен-плоча), во спротивно не се поврзуваат со цртичка - земја членка (што многупати во практиката се среќаваше како земја-членка). Кај сложените именски споеви е забележливо дека се допушта и латинична скратеница (USB-приклучок), иако се дава предност на УСБ-приклучок. Се допушта и контакт-лице, контакт-телефон (освен телефон/лице за контакт), како и Би-би-си програма (освен програма на Би-би-си), НАТО-мисија (Мисијата на НАТО), што досега не беше најдобар избор.

Во делот кај правописните правила се внесе „белината“ како новост (односно празно место) и нејзините позиции кај интерпункциските и правописните знаци.

Има значителни дополнувања кај скратениците и скратувањата (проследено со многу примери). Во делот за транскрипција и транслитерација има збогатување со јазиците: босански, црногорски, старословенски, шведски, санскрит, каталонски и др.

Во делот за географските имиња исто така има значително збогатување со имињата на држави, нивните главни градови и жители, придавки и др. Новина е образувањето на женските форми со наставката – инка (Кинезинка, Иркинка, Данкинка, како и белкинка и црнкинка).

Последното поглавје наречено Додатоци е збогатено со поглавјето Оформување текст, а прикажани се и практични примери како се пишува молба или жалба. Тука се и поглавјата Арапски и римски знаци за бележење броеви, Мерни единици, потоа како се пишуваат хемиски елементи и соединенија. На крајот се прикажани и универзалните коректурни знаци.

Новиот Правопис на македонскиот јазик е чекор напред во заложбите за зачувување на нашиот јазик. Секако се очекува новиот правопис да поттикне многу дебати, ќе има „за“ и „против“ некои решенија, што е и очекувано, а и потребно бидејќи за јазикот секогаш има многу да се зборува. Но имајќи ја предвид потребата од едно вакво четиво во секој дом, во секое училиште и во најоддалечената библиотека во земјава, негативните реакции се однесуваат на неговата цена – 1.500 денари, како и на достапноста (засега може да се купи само во Институтот за македонски јазик). Ако сакаме писмена нација, тогаш барем една ваква алатка би требало да биде подостапна до обичниот граѓанин и за секој џеб, а не да претставува ексклузивност.

Дека интересот за Правописот е голем, покажуваат и коментарите на групата на Фејсбук „Пуздер правам... од македонскиот јазик“, со повеќе од 14.700 членови (во моментов), кои многу активно учествуваат во дискусиите за јазикот. Несомнено голема е желбата кај сите да го поседуваат ова скапоцено четиво, но цената ги спречува. Ова се некои од коментарите во групата: „Изгледа новиов македонски јазик е многу скап. Уште да го чувавме колку што е цената“, „Па нели е од национален интерес? Националниот интерес ќе го браниме со само 500 примероци, со цена од дури 1.500 денари?“, „Сметам дека Правописот треба да е бесплатно достапен на интернет (во јавен домен) и поддржан со современи информатички алатки“, „Правописот треба масовно да биде раширен - школи, книжарници, а не вака... 1.500 и само во Институтот“, а има и поблаги реакции: „Не навлегувам во однос на финансиите кој ги дава и кој ги зема, цената од 1.500 денари ја коментирам и ја оправдувам само од аспект на научниот труд и значајноста на делото. Ако може да се намали, јас немам ништо против“.

Ние за „филозофија“ и „философија“ дебатиравме уште многу одамна, па го сменивме името на подфорумот во „ФИЛОСОФИЈА“ уште пред да ги направат промените. Ама Кинезинка и Иркинка, белкинка и црнкинка? Ваше мислење за останатите промени? :)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Долнодупенка :)

Читав некаде дека во истиот: Жителка на БСК (Брег на Слоновата Коска) се викала Брежанка.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
1500 денари и само 500 примероци - дали стандардниот јазик станува елитен јазик? Нема што повеќе да се дискутира тука.
Мала дигресија - археолошката „карта“ е исто толку па се кладам секој студент, професор, див копач ја има во своја лична библиотека. А тоа е сигурно повеќе од 500 примероци.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
@Acid имаш сознанија како е решена транскрипцијата т.е латиничното писмо? За тоа имаше многу дебати
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Мала дигресија - археолошката „карта“ е исто толку па се кладам секој студент, професор, див копач ја има во своја лична библиотека. А тоа е сигурно повеќе од 500 примероци.
Не сакам да звучи како да деградирам професии, трудови и „звања“, но сепак ќе кажам: според мене ова е поважно да го има во повеќе примероци и да е БЕСПЛАТНО, за да го има секој човек, без оглед на неговата вокација.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
1500 денари и само 500 примероци - дали стандардниот јазик станува елитен јазик? Нема што повеќе да се дискутира тука.
А демек го заболе некого за нормата...Таман си е тиражот, цената е превисока...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Не сакам да звучи како да деградирам професии, трудови и „звања“, но сепак ќе кажам: според мене ова е поважно да го има во повеќе примероци и да е БЕСПЛАТНО, за да го има секој човек, без оглед на неговата вокација.
Тоа е и суштината на мојот пост погоре. Правописот е „задолжителен“ за секој дом, па сепак работите се далеку од оноа на што самиот тој почива.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
А демек го заболе некого за нормата...Таман си е тиражот, цената е превисока...
500 примероци не се доволни ни за по еден примерок да добијат сите библиотеки во земјава, основни и средни училишта, високообразовни и научни институции. Па само на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ има повеќе од 10 библиотеки (по катедри).
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ќе се најде некој од тие 500 што го купиле (тиражот е распродаден/поделен инаку нема на залиха) со скенер дома, ќе плачат после за права на авторите и такви глупости...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Ќе се најде некој од тие 500 што го купиле (тиражот е распродаден/поделен инаку нема на залиха) со скенер дома, ќе плачат после за права на авторите и такви глупости...
Дај боже...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
500 примероци не се доволни ни за по еден примерок да добијат сите библиотеки во земјава, основни и средни училишта, високообразовни и научни институции. Па само на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ има повеќе од 10 библиотеки (по катедри).
За средните и основните училишта се согласувам, малку се, ама сигурно ќе се менуваат работите. Поентата ми беше за муабетов од погоре дека Правописот бил „задолжителен за секој дом“.

Инаку, проф. Саздов е споменат во воведниот текст, од Филозофски полагале кај него СМЈ 1 и на испит некои таленти му напишале драматичките категории кај именките и минато-итно. Кога го кажа ова, се помочав од смеење. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
За средните и основните училишта се согласувам, малку се, ама сигурно ќе се менуваат работите. Поентата ми беше за муабетов од погоре дека Правописот бил „задолжителен за секој дом“.

Инаку, проф. Саздов е споменат во воведниот текст, од Филозофски полагале кај него СМЈ 1 и на испит некои таленти му напишале драматичките категории кај именките и минато-итно. Кога го кажа ова, се помочав од смеење. :D
Хахахаха, ова некој препишувал, 100%, ама погрешно прочитал од кај тој кој полагал зад него. Минато-итно бе, ахахахахаха :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom