Homer MakeDonski напиша:
1. дека идеологијата на македонизмот не е прифатена(како што би требало) кај Македонците се гледа и по трчањето за бг паспортите.Порано истиот овој народ трчаше во егзархијата за да биди поблиску до Бога и беше изигран.Денес трча да бидит поблиску до Европа и пак ќе биде изигран.
2. Ќе има Референдум,не за промена на симболите,го немавме ниту кога за прв пат ни менија знамето, но за обединение со бг државата.Во тој контекст го споменав она ``обединението прави силата``
3. Би те прашал зошто,веројатно имаш приметено се додаде црната боја на грбот со лав кај партиите со предзнакот Вмро во Републикава
1. Е ова што го зборуваш, веќе е тешка и по малку филозофска тема. Тука би прашале: Дали треба некој да седи дома и да чека некои изветреани политичари да му подарат подобро утре, или сами да си ја земат судбината во свои раце и да бегаат подалеку од тука. Има една латинска поговорка која вели: Ubi bene, ibi patria. Кај ти е убаво, таму ти е татковината. Ги разбирам јас и нив, но не ги оправдувам. Тие си го поставуваат прашањето: Дали треба мојот живот да го поминам тука како добар патриот и да страдам за леб, или животот, еден и единствен, да го проживеам како човек. Тоа е сепак тешка филосовска тема. Јас, ете, одамна го имам прифатено она првото, и потешко во секој случај. Но, со чиста совест.:wink:
2. Ова нешто, нема да се случи. Не оти ние ќе го спречиме тоа, туку јас верувам во пацифистичките идеологии на ЕУ, чија цел е обединување, а не поделби. Всушност, во скора иднина, Македонија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска... Се тоа ќе е една држава- ЕУ... и ќе нема потреба од никакви поделби.
3.
[URL="http://images.google.com/images?q=tbn:28NgCzrxposkkM:http://www.kanal5.com.mk/imgVesti/VMRO_NARODNA1.jpg"]http://images.google.com/images?q=tbn:28NgCzrxposkkM:http://www.kanal5.com.mk/imgVesti/VMRO_NARODNA1.jpg[/URL]
Овој симбол, инаку, и сите модификации слични на нив, се грбови на одредени политички партии, кои играјќи си со националните чувства на нас, Македоците, сакаат да придобијат што повеќе гласачи и да ја освојат власта. Тоа е причина зошто поинаку определените гласачи развиваат негативни чувства кон овој македонски симбол, мислејќи дека ако се идентификуваат со него, симпатизери се на некоја од ВМРО. Ме чуди само, како на времето, некој дозволил партија да се нарекува според една Македонска револуционерна организација? Па тоа е чиста измама и исмевање на делото на ВМРО-историската. Срамота.
P.S. Везилка, Блаже Конески:
Везилке, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
- Два конца парај од срцето,
драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.
Па со нив вези еднолична низа...