Нов амбициозен тим во здравството, ќе донесе ли промени?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Очекувате ли новиот тим во Министерство за здравство да воведе ред во здравството?

  • Да

    Гласови: 30 24,6%
  • Не

    Гласови: 92 75,4%

  • Вкупно гласачи
    122
Не сум јас против штрајкот, напротив ги бодрам докторите мада останаа многу малку врвни професионални доктори кај нас и нека си го добијат она што им следува, а за Тодоров :facepalm:
 
Штотуку пред зграда кај мене поминаа штрајкувачите. За околу 150-200 луѓе имаше повеќе полиција отколку за ордите кога одеа во во Борис Трајковски со дерење и возење на хауба. Па вие видете како и колку ги ценат нашите интелектуалци. Зарем очекуваат да почнат да се тепаат и да фрлаат камења? :unsure:
 
Јас навистина не сум претерано упатен за севкупните состојби во здравството. Од одредени причини не сум бил во можност детално да се информиран, па нема да навлегувам во полемики. Само ќе ги наведам општите впечатоци. Каква држава - такво здравство, образование, култура и економија. Јасна поделба на привилегирани пациенти и останати кои вака или онака секако го јадат стапот. Може најпрвин тоа да се забележи по оние фамозни редови кај матичниот, кои важат за едни, а никако за други. Или низа случаи кога од банални причини, од невнимателност, од мрзливост, па и од незнаење се губат животи на непривилегирани пациенти, кои од што и да се болни, секогаш можат да причекаат. А некој од чекање, види богати, умрел.
Партизирано здравство, независно од тоа која партија не лечи во моментов. Познавам лично извесен број доктори кои по неколку годишно стажирање/волонтирање/привремен работен однос за мизерни или пак никакви пари, по стекнатото искуство, неретко во стресни и ризични ситуации оставани сами на себе од веќе вработените и со тоа осигурани колеги, не поминуваат на конкурси за вработување поради тоа што нечиј штотуку дипломиран син или ќерка без нивното искуство и знаење веднаш е вработен. Поголемиот дел од нив си ги спакуваа работите, поднаучија јазици и експресно се вработија во западно-европските држави со сосем пристојни плати за тамошните услови. Овде не биле доволно добри, ама за таму, види чудо, не било проблем во релативно краток рок да се снајдат со својата професија. Ама овде и по неколку години потење по болнициве не ги бивало. Се разбира, не сите се на престижни работни места, во најголемите градови и болници, но си го работат она за што се образовани и задоволни се.
Од друга страна, се соочуваме со недостиг на современи апарати и техника кои би требало да ги заменат отарените и нефункционални апарати стари неколку децении. Еден апарат за дијализа, така сум чул, за државата е релативно евтин (15.000-20.000 евра) па сепак имаме редици со болни бубрези на стари и малубројни апарати, од кои некои пренесуваат и одреден тип на хепатит.
Понатаму лекарите се луѓе, со свои потреби, со свои можности. Не би било во ред да плукаме илјадници од нив за корумпираност која ја има насекаде, во сите професии. Некои едноставно се чесни, човечни, работливи и совесни. Некои едноставно не се. Повеќето сепак го пополнуваат просторот меѓу двете крајности. И за плаќањето по учинок може сенешто да се каже. Разни кланови по болниците можат да заведат роднинско-пријателско-партиски монопол, оти секако ќе се најде некоја можност за злоупотреба. Потребни се постепени, но постојани и коренити реформи, а не инстант шок терапии со неизвесен резултат.
 
http://www.libertas.mk/%D0%BF%D0%BE-25-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0-%D1%88%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D1%80/

Па бааѓи време ви требаше да ви ебам матер. И јас се изненадив каде беа до сега контрашите. Епа еве ги
Настрана политики - Факт е дека ситуацијата мора да се реши.
За да се создаде само еден квалитетен специјалист потребно е :
1. 6 години студирање ( сега се 5 ама имаат 1 година стаж)
2. 1 година стаж со учење за државен испит за стекнување основна лиценца за работа ОПШТ ЛЕКАР
3. 1 година работење со ментор (ако работиш негде :) ) за да се стекнеш со работна лиценца ( за да можеш сам да бидеш носител на дејноста)
4. 2 години да работиш за да стекнеш право за да специјализираш (вака беше порано ко што знам)
5. 4 - 6 години специјализација (зависи од која гранка - кожно е 3 години а хирургија 6 )
6. 5 години работно искуство како специјалист минимум за да можеш да важиш како стручен и квалитетен.
7. Безбројни обуки, посетување на предавања (тоа дебело кошта )
И да сумираме :
6 + 1 + 1 +2 + 4 + 5 = 19 години МИНИМУМ!
- А за Хирург 21 - И тоа само ОПШТ ХИРУРГ
- А за субспецијалист ( Пример - Кардио Хирург или Абдоминалец ) потребно е уште ПЛУС 2 години.. Значи = 23 :D :D
И сега ако си отидат овие што штрајкуваат а тие се веќе висока старосна структура специјалисти што ќе биде?
Јас мислам дека се ќе излезе добро, се надевам..
 
Ја видовте мозокоперачкана реклама на Канал 5 за докториве што им ја направиле?:pos:

Не не, порано ако беше срам бугарски пасош, сега срам е да живееш во државава.
 
Срамота, мизерија и беда. На оваа фела контрапротест да организираш, алоо свестете се во тоа лејките празни. Немам коментар за греови сме, ова секоја граница на нормално ја помина, ова е веќе лудило.
 
Ја видовте мозокоперачкана реклама на Канал 5 за докториве што им ја направиле?:pos:

Не не, порано ако беше срам бугарски пасош, сега срам е да живееш во државава.

Е не сум ја видел, има реклама на национална ТВ против штрајкот, е стварно ги преминуваат сите граници, ама ако, со ваквото понашање ќе паднат многу побрзо од што мислат. Ќе му ја дадат власта, на според нив, а и спред многу други политички мртвиог БЦ само заради сите овие срања што ги прават.
 
Абе ненормални ... без доктори ќе ни умре нацијата умноболни ни едни!
Има митаџии и нерадници ама нив не можеш да ги отстраниш ни со шпакла тие се нужно зло, општествен талог... вака со сувото и здравото страда.
едитирано
 
Ја видовте мозокоперачкана реклама на Канал 5 за докториве што им ја направиле?:pos:

Не не, порано ако беше срам бугарски пасош, сега срам е да живееш во државава.

Не сум ја видел таа реклама ............... којзнае што глупост е ......... :tapp:
Па и се што произлегува од тие телевизии(да не ги набројувам) е тежок бучкуруш ............. :sleep:
 
Дека здравството треба да биде подобро и дека треба да се изменат некои работи,треба.Околу планот на Тодоров за плаќање по учинок немам некој став,сите знаеме дека има доктор и доктор.Недај боже да имаш некоја мака,за саат време ќе се информираш кој е добар,кој е најдобар и кај кого ни под разно не треба да одиш.
Генерално немам против обидите да се сменат некои работи ако тоа донесе подобрување.И обидот за подобрување,ако е со таква намера е за поздравување.


Арно ама имам против начинот на кој се обидува власта да се справи со незадоволните лекари.
Пазете тоа не се општи лекари,специјалисти и субспецијалисти се.Таков кадар многу тешко се ствара а лесно се губи.Тие луѓе се потребни не само како стручњаци туку и како пренесувачи на знаење.Специјалист,а посебно субспецијалист не се станува само со теорија,мора да најдеш и мајстор од кој ќе го научиш занаетот.
Тоа власта мора да го има на ум,исто така мора да има на ум и дека тие кадри се дефицитарни не само кај нас туку и во цел свет,што значи дека најголемиот дел од нив не само што лесно можат да најдат работа во странство и да се иселат,туку можат и да бираат во која држава ќе го направат тоа.

Земете го Косово за пример.Веќе 13-14 години се независни и се уште идат по нашите болници.Пред 1999 најголемиот дел од докторите таму а посебно специјал. и субспец. беа Срби кои после 1999 го напуштија/беа протерани од Косово така да денес таму кадарот што ќе излезе од медицинските факултети нема од кого да учи и да се надградува.
Од тие што ќе успеат да отидат во странство на специјализација на прсти се бројат оние што се враќаат.Тука не помагаат ни договори,ни ништо.Ако реши да не се врати ќе најде начин да го изигра договорот.
Да можеа да створат и задржат кадар досега ќе имаа болници спрема кои нашава Систина ќе изгледаше како детска градинка,ама никако не им успева.

Така да,Грујо,Тодоров и компанија,памет у глава,заебите тоа селските финти и не покажујте мускули таму каде што најмалку треба.
 
Министерството нека проба да го следи системот на функционирање и плати на приватните здравствени установи. Таму нели докторите и сестрите се задоволни, од државно бегаат приватно. Мора нешто да е подобро ако бегаат. Ама змија имаат у џеб. Ако е некој успешен или работи добро и совесно, не го наградуваат. Затоа џабе муабети за систем за учинок (како што воведоа пред 2-3 години систем за оценување и награда врз основа на оценувањето, што не фуницонира). Тој подразбира и награди, а такво нешто кај буџетари тешко, само казни.

Меѓувреме во Шпанија, здравствените работници...ама нели овде нема криза

Doctors protest in Madrid as unions call for new strike
05/12/2012

Thousands of Spanish doctors and healthcare workers took to the streets of Madrid late Wednesday to protest plans to cut medical spending and privatise hospital services.
The protest came the same day as six unions representing doctors, nurses and other hospital staff said they planned to again go on strike on December 19 and 20. This would follow two 48-hour stoppages in the capital region this week and last.
The Madrid regional government plans to privatise six hospitals and 27 health centres of the 270 in the region.
Specialist doctors in Madrid are also on an open-ended strike four days a week to protest the cost-cutting plan.
"As well as a loss of quality of care if this plan goes ahead, there will be the loss of up to 8,000 jobs," said Jose Manuel Freire, leader of the nurses' union SATSE, in a statement announcing the new strike for later this month.
Thousands of doctors and nurses gathered outside the regional parliament building Wednesday evening, yelling "Shame!" and other chants.
 
Зошто не го спроведат тој систем по другите министерства, како транспорт, локална самоуправа и слично...
Кога сме веќе на темата

Наместо нов објект, охридскиот здравствен дом ќе биде само закрпен
DSC04253-600x272.jpg
Наместо нов , охридскиот здравствен дом ќе биде само закрпен. Иако пред секој избори се ветуваше дека објектот познат како Маларична каде се сместени брзата помош, матичните лекари, стоматолози и неколку други одделенија ќе биде минато, а за потребите на Здраствениот дом ќе биде изградена нова зграда од тоа барем засега нема ништо.
Неофицијално пари за нов објект нема, па министерот за здравство Никола Тодоров при последната посета на Охрид побарал од раководството на Здравствен дом да ја започне процедурата за реконструкција на покривот и негово проширување со неколку нови простории. Објектот на Маларична стар повеќе од 40 години е во катастрофална состојба и прашање на време е кога покривот ќе се урне.
„Во два наврати дојдоа и стручни екипи кај нас. Дури да изградиме нов објект ќе го оспособиме стариов бидејки многу пари се трошат за изградба на болницата која се уште не е завршена. Започна постапка за реконструирање на покривот на објектот и на итната медицинска помош да го реконструираме и да го прошириме за две три ординации. Министерот откако беше овде, по една недела дојде негов тим овде. Проектот е веќе во министерството, но како се ќе се одвива зависи од нив“, вели Митко Дабески директор на Здраствен дом Охрид.
Инаку во изминативе години локалната и централната власт се препукуваа околу проектот за изградба на нов здравствен дом во Охрид. Од Здравствениот дом велеа дека локалната власт со години не им издавала одобрение за градба, додека пак од од локалната дека здравствен ги нема расчистено имотно-правните односи. Според проектот новиот здравствен дом требаше да се гради во кругот на Општата болница на површина од 3.000 метри квадратни и беше предвидено беше да се одвојат 2 милиони и 230 илјади евра.
„Според планираното во делот на Болничкиот комплекс ќе се изгради многу современ Здравствен дом. Во новата зграда, покрај амбулантите и диспанзерите од примарната здравствена заштита, ќе биде отворен и Ургентен Центар, кој е повеќе од потребен на Охрид. Тука ќе се згрижуваат сите итни случеви од охридскиот регион. Според условите кои ќе ги нуди новата зграда, таа ќе биде една од најсовремените Здравствени установи од примарното здравство во Македонија -изјави директорто Митко Дабески пред три години, во декември 2009 година.
Мики Трајковски



А и овие од А1 не се добро информирани.Објектот Амбуланта Маларична или по ново Здравствен дом - Охрид не е граден пред 40 години, туку граден во крајот на 30-те и почеток на 40-те од минатиот век (можда пермутација имале А1) кога маларијата била добро раширена по брегот на езерото.Од таму е и името Маларична.
Медицински Центар или по ново деградирано звање Општа Болница немаме веќе 3 години...за обичен преглед ако си малер ќе цапаш до Струга.
 
Медицински Центар или по ново деградирано звање Општа Болница немаме веќе 3 години...за обичен преглед ако си малер ќе цапаш до Струга.

И не само тоа, туку сите бебиња се раѓаат во Струга!.... Срамота е!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom