Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.182
- Поени од реакции
- 34.398
Велат дека добриот глас надалеку се слуша.
Темава ја отворам со цел да ги споделиме сите нови прехрамбени и гурмански производи кои ни дошле до рака, или уста, а притоа ни оставиле позитивен впечаток.
Од се срце ви препорачувам:
- Шарска плескавица во Старо Буре (Лептокарија).
Цена: 120 денари. Подобра плескавица немам пробано. Нормално, доаѓа со помфритче припремено на доста оригинален начин, зачинето со вегета. Врз плескавицата има и една лажица крем (или густа павлака) кој пополека се топи додека јадете и и дава посебен шмек. Мераци!
- Ајвар "Баш Ајвер" од ДИЕМ-ГП Гевгелија.
Цена: 140 денари. Го има во Рамстор, ама пратките инстантно се трошат. Сметајте се за среќници доколку упеете да го начекате на полиците. Сигурно и по други маалски продавнички може да се најде. Подобар ајвар немам пробано. Ептен префинет вкус, а што е уште поважно - со стандарден квалитет. Не се случило до сега во една тегла да биде по печен, а во друга по жив. Вкусот никогаш не се разликувал.
Бонус: Нема да згрешите доколку ја пробате и Лутеницата од ДИЕМ
Споделете и вие...