Ќе заборавев која ми беше втора точка, одамна неам пишано.
Како втор виновник за "ненапредокот" на игрите ги обвинувам корпорациите - ако морам баш да издвојам некои, тоа се EA Games и Microsoft.
Навистина не би можел да ви кажам со сигурност што се случува позади затворени врати, какви се договори паѓаат, но ќе пробам да доловам од моја точка.
Во 2005та година, се беше NEXT GEN, NEXT GEN, NEXT GEN. Немавме бродбенд интернет за да гледаме гејмплеј видеа толку, но сите се палевме на графиката која ќе ја донесе следната генерација. Имаше некои слики од Black Monday (серијал на Sony кој требаше да биде во GTA стил, ама не бидна ништо), тие слики беа од London и изгледаа навистина феноменално. Нашите компјутери?
Пффф, немаше шанса да ги пуштат тие игри.
Излегоа и слики од Most Wanted, каква феноменална графика, па тоа на PC никад бе, никад нема да го има ало!
Прогнозите беа дека откако ќе излезат Xbox360 и PS3, тек за 2-3 години најмалце PC графиката ќе ги стигне. Но, знаете што се случи?
Излезе Need for Speed: Most Wanted. Играта која беше една од launch насловите на Xbox 360, излезе во исто време и за PC. Бидејќи тогаш не шетав многу по нет за рецензии, ја прочитав рецензијата од PCPlay, хрватското списание. Таму насловот беше нешто како "Next-gen?!"
И небитно, целата рецензија беше бла бла приказна, бла бла гејмплеј...и тогаш дојдов до делот за графиката. И хрвативе викаат, онака поштено:
"Денеска (2005та), све е нешто next-gen ова, next-gen она. Но, што е next-gen? Всушност, тоа е конзолашки израз, бидејќи ние на PC уште со Far Cry одамна имаме next-gen; во таква смисла. А еве и Most Wanted, таа е next-gen, ама уствари current-gen. Зашто? Бидејќи на PC има иста графика како и на Xbox360. Џабе креваа hype дека PC-то е даааалеку назад."
И колку што јас памтам, ова беше една од единствените игри кои беа оптимизирани за PC. После тоа, EA се фокусираше на намерно неоптимизирање и кочење на PC игрите (како на пример FIFA серијалот, кој до 2010 не беше конвертиран од PS3, него од PS2 - демек компјутерите не биле доволно јаки

, како и Saboteur која маме ебаваше на ATI графички).
Навистина, мислам дека Microsoft и EA мора да имаат зборено позади затворени врати, каде што огромна сума паднала на сметката на EA, само за да не вадат повеќе игри како Most Wanted. Барем во брзо време, околу 2005-6-7ма.
Тоа им одговараше на EA, бидејќи scumbag PC players пак купуваа FIFA, им одговараше на Microsoft...а тука улета и Nvidia; па потоа и ATI, според мене.
Nvidia почна да ги "ебе" намерно игрите, чист случај е Saboteur, која на луѓе со 8800GT не им работеше како што треба, па се спремаа за нови графички. ATI премина исто на темната страна, само малце покасно.
Но, нив ги оправдувам, бидејќи они беа "заебани" на некој начин. Бидејќи графиката, физиката и се друго не напредуваше - немаше потреба од нови графички. Најнова игра? Ми шиба на графичкава, па што ќе ми е нова?
Затоа, "кврц" на оптимизацијата и ете профит.
Но, можеби јас зборам глупости и си правам филмови. Сепак, јапонските компании се тука за да ме поддржат. KONAMI ја конвертираа PES уште веднаш на "next-gen" графика на PC, а Capcom ги издаде LOST PLANET и Devil May Cry 4 кои беа ултра оптимизирани за PC.
Да ви кажам дека DMC 4 ја играв на FullHD (1920*1080) резолуција на HD3850 со 256 VRam?
Ама па, јапонците им е гајле што се случува на запад...
Е сега, некој ќе праша "што е битна графиката со развојот на игрите?"
Има голема улога, видете една игра како Uncharted или Alan Wake, не е само графиката - сите елементи одат на ново ниво за да создадат едно сосема феноменално искуство. Замислете си GTA V со графика како Uncharted 3? Или Uncharted 4 со графика како CGI сцените од Transformers?
Сакале или не, графиката си игра голема улога.
