Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Кога не си се возел не треси без врска,вози се во 57мица па ке правиме муабет..
убаво му кажа... Грегор ти препорачувам да се возиш у последна 57ца поготово петок или сабота.. самата глетка уште на рекорд мислам ке ти ја разјасни ситуацијата.

Абе ако гледаме на такви работи не треба воопшто автобуси да пуштаат па сите пеш да си одиме.Секаде има глуп народ ама неможеме заради нив да не им овозможиме на културните луѓе од таму да си патуваат како луѓе до град.Си се возел во 63ка некогаш или 66ка?Кози внесуваат таму...пипер, патлиџан носат и расади секакви за на пазар да продаваат.Пишав погоре и маси расклопени си носат (еден пристар човек пред една-две години го видов и носеше една и позади си ја качи на задна и нема гајле(малецка беше).Вреќи компири од пазар купуваат и носат во автобусите, бала сено едно циганче носеше онојпат, носат триста глупости и автобусине корнат.И тоа во старите автобуси каде има и повеќе простор и фура ваздух од секаде и нон стоп се прочистува воздухот во автобусот и некако се дише:pos2:, замисли во новите автобуси што ке настане.Во нашава земја нормално е да има такви работи.Ама има и културен народ и за нив мора да се пушти автобус нели.
автобусите се за да им служат на луѓето односно за луѓе да се возат во нив. од таква проста маса шо внесуваат кокочки компири и слични работи за жал страдаат и другите. не е никој должен да го мириза празот шо некоја баба го носи или кокошката шо некој чичко си ја купил од битпазат. за таква работа постојат коли - на крај краева ТАКСИ.. ваљда не купуваат секој ден кокошки или маси или шо и да е. али види. подобро е да мириса во автобусот отколу да биде цел ишкртан, да биде некое столче така подапалено малце (пошо некој немал попаметна работа па си играл) или па да го демолираат цел автобус...
 
С

сашенко

Гостин
Аце и ја викам така ама ете не плаќаат такси а и зашто да плаќаат кога петок им е бесплатно на пензионерите?Пипер, патлиџан и такви работи ке си изнакупат у петок од битпазар и со торби и вреќи у автобус:toe:
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Јас колку шо знам сите автобуси се слободни за пензионерите во петок, и тоа не ви е оправдување.
И пак никој не ми разјасни... Што се дешава? Се колат, бесат? Што?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јас колку шо знам сите автобуси се слободни за пензионерите во петок, и тоа не ви е оправдување.
И пак никој не ми разјасни... Што се дешава? Се колат, бесат? Што?
Се однесуваат како квотер-бекови во НФЛ лига, у превод, се буткаат и тоа пресилно буткање :)
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Јас колку шо знам сите автобуси се слободни за пензионерите во петок, и тоа не ви е оправдување.
И пак никој не ми разјасни... Што се дешава? Се колат, бесат? Што?
Ке се колат и ке се бесат тие што ке пробаат да ги казнат “резбарите“ на седишта и држачи,посебно оние уметници од карши Вардар :icon_bigg
Во тој “приватен резерват“ сите животни се заштитени со европски закон....нашите ,пу-пу не важат
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ево ск овие наши 25%... океј познато ми е за комшиите од карши Вардар, ама де не се сите такви.
Ретко патувам со автобус, но верувајте од нашите има побетер.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Абе ако гледаме на такви работи не треба воопшто автобуси да пуштаат па сите пеш да си одиме.Секаде има глуп народ ама неможеме заради нив да не им овозможиме на културните луѓе од таму да си патуваат како луѓе до град.Си се возел во 63ка некогаш или 66ка?Кози внесуваат таму...пипер, патлиџан носат и расади секакви за на пазар да продаваат.Пишав погоре и маси расклопени си носат (еден пристар човек пред една-две години го видов и носеше една и позади си ја качи на задна и нема гајле(малецка беше).Вреќи компири од пазар купуваат и носат во автобусите, бала сено едно циганче носеше онојпат, носат триста глупости и автобусине корнат.И тоа во старите автобуси каде има и повеќе простор и фура ваздух од секаде и нон стоп се прочистува воздухот во автобусот и некако се дише:pos2:, замисли во новите автобуси што ке настане.Во нашава земја нормално е да има такви работи.Ама има и културен народ и за нив мора да се пушти автобус нели.
Старите автобуси ќе се возат на тие линии на кои се случуваат овие дешавки, нема смисла новите да се валкаат. И сум се возел со 63 или 66, многу брзи се и главна тема на муабет е што моточултиватор имаш по дома, и гледаш дека сите посабајле земале од 'лекот'(кромид и лук) против настинки и грип. За тие линии ќе се задржат старите автобуси бидејќи како возат шоферите таму после две крукчиња треба на механичар да се носат.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Се нервирам што не ми доликува како Македонски граѓанин да ако сакам да одам да гледам убава градба а не старуѓие морам во Скопје а не во родениот град.

Зошто да му љубоморам? Неморам да љубоморам на Скопје ниту пак ќе љубоморам, моето не е љубомора туку само факт зошто не се вложува во Тетово незнам колку само пари и луѓе овде има никој не е ни свесен а да, да претрчаш оти за да прејдам јас тука 5км до факултет морам пешки а некој да оди со градски автобус.
И не е крив градоначалникот и општината туку оној што дава пари од буџетот, и не зборам против влада, било која и да е ќе го продолжи проектот за 2014та.

Сево ова инвестирање потенцирам само во Скопје е невербално омаловажување на граѓаните од останатите градови.
А можеби и така треба да биде, само во Скопје постои закон за било што.

Кон темата :

Секој кога ќе се префрли од Фиќо во Мерцедес нема да знае нешто како работи, така не е крив ниту шоферот а нема ни дефект автобусот, само оние се криви кои требале да ја обезбедат потребната обука на шоферот.
Скај дог ај не ги лажи скопјаниве, си требал пешки да идеш до факултет у Тетоо. Па ако нема превоз во Тетово до Штулов или тетовски, незнам каде има некоја дестениција покриена повеќе. А инаку и у Тетово има градски превоз (барем ги глеав до некое време) а за приватњациве да не зборам(повеќе има комбиња отколку жители Тетоо), ама пустината ние тетовци ако треба и пешки ќе идемо 5 км до факултет, отколку да даемо 20-30 денари за превоз :toe:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Скај дог ај не ги лажи скопјаниве, си требал печки да идеш до факултет у Тетоо. Па ако нема превоз во Тетово до Штулов или тетовски, незнам каде има некоја дестениција покриена повеќе. А инаку и у Тетово има градски превоз да си знаеш, ама пустината ние тетовчани ако треба и пешки ќе идемо 5 км до факултет, отколку да даемо 20-30 денари за превоз :toe:
Не е до парите друже не ме ваѓај од контекс, туку давам аргумент кога некој од скопјанец ќе ми збори дека сме немале проблем мал бил градов, кој ипак не е мајкуму.

Моето лутење е како не се инвестира надвор од Скопје се таму бе мајката.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Е па, мајката му е - сите во Скопје (како што гледам натаму тргнала работата), иначе ова не личи на ништо.
Зошто само скопските пензионери да можат да се возат бесплатно? Другите се помалку важни пензионери?

Да не добие некој погрешна претстава дека сум против нови автобуси во Скопје, напротив, јас само го барам мојот дел.
 
П

Пепси_

Гостин
Не е до парите друже не ме ваѓај од контекс, туку давам аргумент кога некој од скопјанец ќе ми збори дека сме немале проблем мал бил градов, кој ипак не е мајкуму.

Моето лутење е како не се инвестира надвор од Скопје се таму бе мајката.
У право си и ја се лутам на тоа ср%“ оти само скопје се развива а другите градови т.е. села немат никакво напредување и после сакаме да биде државата е не може таа држава да функционира само со 1 град.

Со здравје да ги кршите автобусите иначе
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Де де, еден не тргнал и одма кревате галам :)

Иначе, што знам, не сум се возел сеуште во новиве, но со оглед на тоа што се како новите приватни автобуси што ги увезуваат, не се радувам многу на нив. Помалку простор имаат и седењето е некомотно доколку е полн автобусот.

Сепак, ова е за поздравување.

Само некој да не видел нешто да не пишува како Донатор бла бла бла... Мислам дека прочитав што пишува, но да не зборам пред време, нека каже некој што сигурно знае што пишува.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Не се жалете за тесни, ќе дојдат кинеските ќе седите ко вакумирани кикирики.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Lurtz ако зборимем реално. дали мислиш дека новиве автобуси треба да ги пуштат на релација 57ца? ајде искрено да збориме. кои автобуси највеќе се демолираат? многу очекувано беше дека ке ги пуштат првиве на малце покултурни линии зашо коа ке се качат дечкиве од моша и од цветан у новите автобуси може ке им се засвиѓаат ептен столовите па ке си ги откорнат за по дома.. РЕАЛНО да збориме...
Абе и ја учев у Цветан, зависи како гледаш на поделбите. Од кое школо не резбале нека дигнат рака
За мене се тие снобовски, вештачки поделби. Иселените чаирчани и бутелчани се населија Аеродром, Карпош, Центар...сигурно не испариле :) Културата не зависи од населбата.
Не дека ми е стало да мора у старт да има и кај нас...и старите возат добро и за исти пари, а битно е да стигнам од А до Б. Арно ама има разлика во хигиената, парното па и није свеједно дал уште цела година ќе ти прокиснува кров...до крај на година, не умри магаре :)
Ма и така сме ние таму багра од тие населби учени ништо да не се вложува, одржува и средува. Да не спомињам за игнорантноста кон другите градови, сами дечките си спомнаа.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Баш вчера се качив во нова 5-ка, да не бидеме цепидлаки супер се во споредба со стариве :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom