- Член од
- 18 јуни 2012
- Мислења
- 477
- Поени од реакции
- 612
Христијанките од Албанија се омажија со домаќините од Битолско. Во село Рапеш после 25 години прв пат се случија нови рожби. Сторијата на Канал 5 раскажува дека десетина деца го заживуваат мариовското село Рапеш.
Денес веќе има 10-тина дечиња за кои треба повторно да се отвори училиштето што беше затворено пред 20 години. Невестите од Албанија се покажаа како прекрасни жени, добри мајки и одлични домаќинки кои ги почитуваат црковните обичаи.
Децата го заживеаја селото. Некогаш пусти и празни сокаци, денес среќа исполнета со детска смеа.
Во изјавите за Канал 5, невестите од Албанија раскажуваат дека се среќни. Си живеат во селска идила, имаат добиток, прават сирење. Го научиле и го зборуваат македонскиот јазик.
За своите деца посакуваат подобар живот, велат сакаат децата да им живеат во град.
Сторијата на телевизијата, остава моќна порака и буди убави чувства. Децата се навистина најголемото богатство што човек може да го има, а насмевките на децата од Мариово ги стоплуваат срцата.
Извор.