Нова генерација Македонци: Многудетните семејства во Битолско

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Локација
Скопје
Христијанките од Албанија се омажија со домаќините од Битолско. Во село Рапеш после 25 години прв пат се случија нови рожби. Сторијата на Канал 5 раскажува дека десетина деца го заживуваат мариовското село Рапеш.

deca.jpg-500.jpg

Денес веќе има 10-тина дечиња за кои треба повторно да се отвори училиштето што беше затворено пред 20 години. Невестите од Албанија се покажаа како прекрасни жени, добри мајки и одлични домаќинки кои ги почитуваат црковните обичаи.
Децата го заживеаја селото. Некогаш пусти и празни сокаци, денес среќа исполнета со детска смеа.

deca2.jpg-500.jpg

Во изјавите за Канал 5, невестите од Албанија раскажуваат дека се среќни. Си живеат во селска идила, имаат добиток, прават сирење. Го научиле и го зборуваат македонскиот јазик.
За своите деца посакуваат подобар живот, велат сакаат децата да им живеат во град.

deca3.jpg-500.jpg

Сторијата на телевизијата, остава моќна порака и буди убави чувства. Децата се навистина најголемото богатство што човек може да го има, а насмевките на децата од Мариово ги стоплуваат срцата.

deca4.jpg-500.jpg

Извор.
 
Презадоволен сум мислам работи, сирење прави, овци чува :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

А богами за 8 години не научиле македонски како што треба
 
Презадоволен сум мислам работи, сирење прави, овци чува :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

А богами за 8 години не научиле македонски како што треба
ако можеш да си дозволиш 50 евра минимум по вечер вакво нешто не ти треба.........

да се смееш на туѓата среќа......не баш паметно........
 
ако можеш да си дозволиш 50 евра минимум по вечер вакво нешто не ти треба.........

да се смееш на туѓата среќа......не баш паметно........
dafuq? што сакаш да кажеш?
 
Презадоволен сум мислам работи, сирење прави, овци чува :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

А богами за 8 години не научиле македонски како што треба

Што значи тоа “како што треба“? Како треба да научат македонски? Јас верувам дека учеле сами, не посетувале курсеви по македонски јазик, никој не организирал такви курсеви во битолско (вечерни школи, евенти за забрзана интеграција итн). Мислиш дека после 8 години треба да зборуваат македонски како тебе односно како да им е мајчин јазик без соодветна едукација? Кои јазици ти ги зборуваш освен македонски?
Јас мислам дека е убаво што некој нашол среќа во Македонија.... не е убаво што никој не се потрудил да им го олесне животот на овие нови граѓани, сепак и тие плаќаат данок...
 
Можеби грешам ама ова не е случај само во селото Рапеш туку имво сите преостанати села. Деца се прават на велико посебно заради примањата кои ги има семејството после третото дете мислам.. Надоместокот колку што имам слушано е 8 500 денари што воопшто не е лошо затоа што повеќето луѓе се скапуваат од работа за 6000 денари а вака ем дома ќе си седи домачицата, ем пари ќе си зема за сите три дечиња да можи да си ги изгледа убаво, ем дома ќе си седи и ќе му помага на домаќинот.
 
Нова генерација скопјани - Скопје ве чека
Следете ги чекорите на вашите претци - сите во Скопје
Во Скопје имате Рамстор и Веро и Мекдоналс на секој семафор
ама тоа го нема во Мариово - дојде те си тука
Во Скопје имате и болница за: крави,телиња,говеда,овци и кози
се наоѓа и тоа во центарот на ул 16 мак, ударна бригада.
Затоа дојдете во Скопје, таму не ја бива, каде ќе го однесе те телето
за вакцина,или петелот ако нејќе да се качува на кокошките, а овде може дури и на некое „ Метрополско“- куче или маче,да му го смените полот.
Се си имаме ние во Скопје. Ве очекуваме.
35 основни училишта ги викаат и чекаат вашите „скопски“деца
Мислите ли на нив - направе те го тоа добро - со добро ќе ви се врати
 
како го поврза ова со темава?
 
Претопување на Албанците во Македонци :LOL: убава работа ....

Тоа се Албанци-Христијани(Православни/Католици) .......... не се Муслимани како мнозинството Албанци на овие простори ........ Албанците Муслимани се доминантни повеќе во сев.Албанија, Косово и зап.Македонија, во тој дел од Албанија(центар кон југ) нема многу Албанци-Муслимани, повеќето се Албанци-Христијани, а има и Македонци, Грци и други помали малцинства, кои се Христијани секако !
--- надополнето: 7 јули 2012 во 17:16 ---
Децава ќе се ем антички, ем рамковни...милина:D

New Illyrian-Macedonian nation ! :D
т.е. Shqiponja-Maqedonisht ! :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom